Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
епа зашто тогаш секоја страна и тема ова истото го тврдиш? Бараш одговори, а одговараш на овој начин? Нефер.
Нефер?
Ај докажи ти да видам, како е дозволено. Или тоа не можеш да го докажеш?
--- надополнето: Oct 26, 2011 12:53 PM ---
Не подразбира: исповеданиот грев не смее да се повтори, а „правам што сакам и ќе ми биде простено„ е залажување на самиот себе.
--- надополнето: Oct 26, 2011 12:43 PM ---

???
Ништо не Те разбирам, разбираш...
--- надополнето: Oct 26, 2011 12:43 PM ---

Ајде де...Ангелче, а? :rolleyes:
--- надополнето: Oct 26, 2011 12:44 PM ---

Од кај Ти е оваа идеја, дека нешто сум наметнувал? :confused:
Не сум ниту ангелче, тоа нешто не постои, а јас постојам, знаеш.
Дали е или не е забранет сексуален однос пред брак, ако не те мрзи одговори му на Луртз.
За мене е доволно тоа што знам дека е забранет, ама сите се ,,покајуваат,,.......
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Нефер?
Ај докажи ти да видам, како е дозволено. Или тоа не можеш да го докажеш?
Јас не определувам кој смее кој не смее и дали треба или не треба да има такво нешто и дали ќе горат или не...тоа ти го тврдиш низ повеќе теми и мислења...затоа те замолив да цитираш од каде тоа си прочитала дека Бог забранил предбрачен секс. Всашност дали воопшто постои и каде поимот брак во Библијата...можеби има, можеби не, добо е ако постираш овде поготово што многупати напиша дека ја знаеш Библијата подобро од многумина.
Дали е или не е забранет сексуален однос пред брак, ако не те мрзи одговори му на Луртз.
Не ги прашувам другите...тие знаат и ќе најдат...те замолив тебе. Ако не, ок...нека е така како што е.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не сум ниту ангелче, тоа нешто не постои, а јас постојам, знаеш.
.
Полека мор, полека, не си ласкај...
--- надополнето: Oct 26, 2011 1:13 PM ---
Дали е или не е забранет сексуален однос пред брак, ако не те мрзи одговори му на Луртз.
Да, сексот пред брак е забранет. Пред да отпаднат од Бога, Адам и Ева беа непорочни и девствени.
--- надополнето: Oct 26, 2011 1:15 PM ---
За мене е доволно тоа што знам дека е забранет, ама сите се ,,покајуваат,,.......
Покајанието е неизбежен дел од живеењето од верните.
„Ќе грешиме дури сме живи„, рече еден од нашите владици, а чаре за гревот е само исповеста/покајанието.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Koja voobrazija lugeto si mislat deka Bog si sozdal po negov lik
a ustvari oni go sozdale po sopstven pa luge videte kolku religii ima, baska tie od minatoto veke izumreni, zar ne vi e jasno deka za zal nema Bog!
--- надополнето: Oct 26, 2011 1:17 PM ---
Koja voobrazija lugeto si mislat deka Bog si sozdal po negov lik
a ustvari oni go sozdale po sopstven pa luge videte kolku religii ima, baska tie od minatoto veke izumreni, zar ne vi e jasno deka za zal nema Bog!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Да, сексот пред брак е забранет. Пред да отпаднат од Бога, Адам и Ева беа непорочни и девствени.
Абе Мики бе, зш вака... ама пак нема реченица каде Бог забранил луѓето да ги задоволуваат основните потреби пред да стапат во некојси брак.

Покајанието е неизбежен дел од живеењето од верните.
„Ќе грешиме дури сме живи„, рече еден од нашите владици, а чаре за гревот е само исповеста/покајанието.
дали ова значи ако правиш нешто што не е ок, како што велите секс пред "брак" или кражба...дали ако се покајам (искрено, разбира се), тоа се брише? Што ако ова се случува постојано, ако се покајам, но нешто ме натера повторно да го сторам тоа?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Bog nisto ne zabranuva oti se sto lugeto pravat zatoa sto Bog im dopustil i bukvalno so negova volja se slucuva se pa i sekoja postapka na site zivi stvorovi taka da bog em demek zabranil nesto a od druga strana ti dal pojaki motivi za da go pravis bas ona sto bog demek go zabranil znaci jasno e na onoj koj mu e jasno vo glavata!
 
Мислиш она што е забранети е попримамливо, така нешто?
Мене ме интересира забраната за воопшто било какво задоволување (според стариот завет каде е спомената невиноста во Второзаконие 22) на природните човекови потреби.
На страна пекол, горење, покајание...пошто во тие времиња во повеќе цивилизации и религии воглавно постоеле вакви забрани, можеби за тоа време било неопходно (практично) да се намалат сексуалните односи. Венерични болести во време на целосно незнаење и немање лекови, буљук деца (заради немање заштита и образование) од непознат татко, ...но тогаш ваквите забрани најверојатно имале некоја практична основа, но мислам дека сега нема некоја причина. Али не знам зашто забранувале и мастурбација :confused: мада такво нешто немам најдено низ библиските текстови.

Ако не држи уопште ова погоре, зошто тогаш во оваа и други религии и цивилизации биле забранети телесните задоволства? Зошто ако јас сум задоволен, не е задоволен и Бог и државата?
Мики, не мислиш дека можеби му е потребен апгрејд на учењето и забраните на барем дел од текстовите?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Мислиш она што е забранети е попримамливо, така нешто?
Мене ме интересира забраната за воопшто било какво задоволување (според стариот завет каде е спомената невиноста во Второзаконие 22) на природните човекови потреби.
Ако тргнеш на страна пекол, горење, покајание...можеби за тоа време било неопходно (практично) да се намалат сексуалните односи? Замисли венерични болести во тоа време на незнаење и немање лекови, буљук деца (заради немање заштита и знаење) за кои немало татко, ...мислам дека сега нема некоја причина, но тогаш ваквите забрани имале некоја практична основа. Само ако држи барем 1% од оваа теорија, не знам зашто забраниле и мастурбација :confused:

Ако не држи уопште ова погоре, зошто тогаш во оваа и други религии и цивилизации биле забранети телесните задоволства? Зошто ако јас сум задоволен, не е задоволен и Бог и државата?
Коринтјаните 1-7

5 Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.
8 На неженетите и на вдовиците им велам дека е добро за нив, да останат исто како и јас.
9 Но, ако не можат да се воздржуваат, нека се женат и мажат, зашто е подобро да влегуваат во брак отколку да се распалуваат.
10 А на сопружниците не им наредувам јас, туку Господ: жената да не го напушта мажот;

Коринтјаните 1-6

9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци),
10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.

Второзаконие 22

20 „Но ако обвинението - дека не се најде девственоста во младата жена - биде вистина,
21 нека ја изведат девојката при куќната врата на нејзиниот татко, па луѓето на нејзиниот град нека ја засипуваат со камења, додека не умре, зашто направила срам во Израел, предавајќи му се на блудот во татковиот дом. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.
22 Ако некој маж биде најден како лежи со жена мажена за друг, двата - и мажот кој лежеше со жената и самата жена - нека бидат погубени. Така ќе го откорнеш злото од Израел.
23 Ако млада девица, верена за некого во градот, ја сретне друг човек и легне со неа,
24 доведете ги двата при вратата на тој град па ги опсипувајте со камења додека не умрат: девојката зашто не викаше помош од градот, а мажот дека ја оскверни жената на својот ближен. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.
25 Ако маж наиде во полето на свршена девојка и легне насила со неа, тогаш нека биде погубен само тој што легнал со неа;
26 а на девојката не и прави ништо: нема на неа вина со која би заслужувала смрт. Зашто тоа е како кога некој ќе се нафрли врз својот ближен и ќе го убие.
27 Тој ја затекна во полето; и ако свршената девојка викаше, немало никој да и прискокне на помош.
28 Ако маж наиде на млада девица, која не е верена, па ја грабне и легне со неа, та биде фатен на дело,
29 тогаш мажот кој лежеше со неа нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.
30 Нека никој не се жени со жената на својот татко и нека не ја открива татковата покривка.”

Предбрачните односи се ставени во категорија блуд.
А оние кои блудничат се фатени во канџите на лукавиот.
И ако не се покајат, им следи пат кон огнените езера и вечните маки...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Абе Мики бе, зш вака... ама пак нема реченица каде Бог забранил луѓето да ги задоволуваат основните потреби пред да стапат во некојси брак.
Lurtz,

вероучението содржи многу нешта, кои се изведени а не нормативно одредени преку Светото Писмо. Така, како што Адам и Ева беа непорочни и девствени пред да оптаднат од Божјата близина, така и Црквата го одредува идеалот за непорочно предбрачно живеење. Адам не ја „позна„ Ева во Рајот, туку откако беше изгонет од Рајот и откако Бог одново ги благослови да се „плодат и множат„ за да го продолжат родот човечки (пошто прародителите станаа смртни...) па аналогно на нивната отпадната состојба, Црквата благословува брачни односи ради раѓање деца, а не само ради чисто и просто телесно уживање.

Гледам дека Toеcutter веќе го посочил стихот каде Св. Ап. Павле одредува дека неженетите и сходно на тоа и немажените, треба бидеме како него, т.е. да бидеме како монаси, без потреба од телесно спојување во неблагословена заедница.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Коринтјаните 1-7...
Сум го читал Св. Апостол Павле о врска со жената, бракот, предбрачниот статус... она што го дообјаснува текстот е

6 Ова ви го велам како дозвола, а не како заповед.
7 Јас би сакал сите луѓе да бидат исто како и јас; но секој има од Бога свој дар, еден ваков друг онаков.

Не постои класична заповед, ниту забрана од Бога туку желба на Св. Апостол Павле...за на крај да заврши со заклучок дека секој е скроен поинаков.

Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци),
10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.

Ако ги изоставиш дел од овие категории (идолопоклоници), остатокот не е поштеден од нашите сегашни правни регулативи или од моралната осуда на јавноста денеска. Блудница (ваљда проститутка), прељубник, крадец, пијаница, разбојник, клеветник...тие сами себеси се казниле.

Неис, нема негде да се споменува конкретно мастурбација и ако има, зошто е забранета. Ниту прељубуваш, ниту повредуваш некој друг. Затоа и ме интересира зошто (ако не е од практични причини) сите телесни задоволства по дифолт се забранети.
--- надополнето: Oct 26, 2011 2:27 PM ---
Гледам дека Toеcutter веќе го посочил стихот каде Св. Ап. Павле одредува дека неженетите и сходно на тоа и немажените, треба бидеме како него, т.е. да бидеме како монаси, без потреба од телесно спојување во неблагословена заедница.
Тоа и ме интересира. Зошто да го живеам животот (ако по некоја случајност не се оженам) како монах, без задоволство во телото...зошто ми е тогаш дадено телото од Бога? Дали тогаш е подобро да сме составени само од души на кои не им е потребно телесно задоволување? Посебно што, ако гледаме според природата на човекот, потребите во пубертетот (паи и многу порано), која природа ја создал Бог...истата ни пркоси во смиреноста со постојан телесен немир.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
дали ова значи ако правиш нешто што не е ок, како што велите секс пред "брак" или кражба...дали ако се покајам (искрено, разбира се), тоа се брише? Што ако ова се случува постојано, ако се покајам, но нешто ме натера повторно да го сторам тоа?
Да, секој грев кој е посочен при исповеста/покајание се простува, дури и ако гревот одново сторен, иако ниеден свештеник нема да „препорача„ повторување на гревот. Но, ако гревот е повторен, тогаш покај се одново и одново и одново, а во „меѓувреме„, поработи на елиминирање на причините за неговата повторливост. Верните, искуствено знаат дали исповеданиот грев е простен или не е простен, иако е исповедан. На пример, ако гревот е исповедан а повторен, тоа е знак за мое недоволно покајание или недоволно „работење„ за елиминирање на гревот. Ако гревот е сторен и исповедан а истиот (грев) ми останал во сеќавање, и тоа (сеќавањето...) е знак Божји дека гревот „недоволно„ сум го исповедал или дека Бог намерно ме потсетува на гревот, за да ме опомене на мојата огревовена природа, за да не паднам во гордост ради колку-толку постигната непорочност.
--- надополнето: Oct 26, 2011 2:32 PM ---
Тоа и ме интересира. Зошто да го живеам животот (ако по некоја случајност не се оженам) како монах, без задоволство во телото...зошто ми е тогаш дадено телото од Бога?
Адам, а после него и Ева, се створени како компактни битија, без строга поделба на дух-душа-тело. Телото стана порочно, ради непослушноста Адамова и Евина, кои повеќе сакаа световни задоволства отколку исполнување на волјата Божја. Телото е неразделив дел од човеквото битие или како велиме во Црквата: телото е сад на Светиот Дух, а Он не се вселува во валкани нешта-ете зашто ни‘ е потрена и телесната чистота, во секоја смисла.
--- надополнето: Oct 26, 2011 2:35 PM ---
Дали тогаш е подобро да сме составени само од души на кои не им е потребно телесно задоволување?
Само ангелите и демноите се створени духови, без материјално тело, а оние поединци, кои решиле да живеат монашки живот, ги нарекуваме и „ангели во тело„, оти решиле да ги имитираат ангелите, сведувајќи ги телесните потреби на минимум а трошејќи ја својата енергија на духовно издигнување.

По воскресението, сите поединци, кои ќе заработат место во Рајот, ќе имаат фино материјално и продуховено тело, без овоезмните потреби.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Сум го читал Св. Апостол Павле о врска со жената, бракот, предбрачниот статус... она што го дообјаснува текстот е

6 Ова ви го велам како дозвола, а не како заповед.
7 Јас би сакал сите луѓе да бидат исто како и јас; но секој има од Бога свој дар, еден ваков друг онаков.

Не постои класична заповед, ниту забрана од Бога туку желба на Св. Апостол Павле...за на крај да заврши со заклучок дека секој е скроен поинаков.

Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци),
10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.

Ако ги изоставиш дел од овие категории (идолопоклоници), остатокот не е поштеден од нашите сегашни правни регулативи или од моралната осуда на јавноста денеска. Блудница (ваљда проститутка), прељубник, крадец, пијаница, разбојник, клеветник...тие сами себеси се казниле.

Неис, нема негде да се споменува конкретно мастурбација и ако има, зошто е забранета. Ниту прељубуваш, ниту повредуваш некој друг. Затоа и ме интересира зошто (ако не е од практични причини) сите телесни задоволства по дифолт се забранети.
Павле не е Бог за да заповеда, тој само дава дозвола...

10 А на сопружниците не им наредувам јас, туку Господ: жената да не го напушта мажот;

Блудница не е само проститутка, тоа е жена која направила блуд, а блудот не е благословен...

Битие 38

9 Но Онан, знаејќи дека семето нема да се смета за негово, го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си.
10 Тоа што го правеше Го навреди Господа, па го погуби и него.

Второзаконие 20-17
Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.’”

Матеј 5

27 ”Сте чуле дека им било речено на старите: ‘Не прави прељуба!’
28 А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце.
29 Ако твоето десно око те соблазнува, извади го и фрли го од себе; зашто е подобро да ти пропадне еден од членовите, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
30 И ако твојата десна рака те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; зашто ти е подобро да пропадне еден од твоите членови, отколку целото твое тело да отиде во пеколот.

И така...Десанка е карта за пеколот и подобро да се отсече отколку да се подлегне на соблазнението...:)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Посебно што, ако гледаме според природата на човекот, потребите во пубертетот (паи и многу порано), која природа ја создал Бог...истата ни пркоси во смиреноста со постојан телесен немир.
Да, пубертетскиот период е прилично незгоден, но тој период е својствен само за нас, смртните луѓе, кои се раѓаме, растеме и умираме, а не за првиот Адам, кој бил створен а не роден.

Затоа, луѓето кои се раѓаат и растат покрај побожни родители, имаат сосема поинаков живот, дури и наспроти пубертетската распаленост.
 
Cataclysm

Член од
2 февруари 2009
Мислења
223
Поени од реакции
647
Дали некој атеист ќе оди во рај ако правел добри работи?ако на пр давал храна и лекови за луѓето во африка на кои им е потребно тоа.
 
K

kalimer0

Гостин
Прашањево сигурен сум е веќе одговорено но сепак да прашам:
Според првата и втората Божја заповед:
1. "Јас сум Господ Бог твој, немаш други богови освен Мене"
2. "Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи."

Еве на пример денес е празник Петковден во чест на Света Петка. Нели Бог рекол да не им се поклонуваме и да не славиме никого освен Него?
Друг пример, во црква - полно икони од разни светци. Дали ова е правење идол и дали се коси со Божјите заповеди?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom