Почна создавањето на голема Албанија!?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
По одлуката на Тирана и Приштина за заеднички конзулати

Почна создавањето на голема Албанија!?

"...Ова е само една етапа кон целта да се признае независноста на Косово кое потоа би се споило со Албанија, а во перспектива и спојување на ентитетите во Црна Гора, Македонија и Грција..." - наведува поранешниот амбасадор на СРЈ во ОН, Владисла Јовановиќ

9B52C20C0CF0ED44B7F80CA5A222A8E1.jpg
Одлуката на Тирана да ја одобри спогодбата потпишана на 20 октомври, за заедничко конзуларно претставување на Албанија и Косово во странство, е прв чекор кон остварувањето на проектот "голема Албанија", предупредуваат соговорниците на весникот "Прес". Според нивното мислење, Србија треба да и укаже на меѓународната заедница за оваа опасност, од која пак се очекува итна реакција за овој незабележан дипломатски потег.
"Албанците треба да се чувствуваат исто и во Тирана и во Приштина" - рекол Бериша по ратификацијата на спогодбата, додавајќи дека истата практика треба да се спроведува и во другите области, како што се: царината, културата и образованието, а се со цел да се намали бирократијата и "уште повеќе да се доближат двете сестрински држави"!
"Потребно е зацврстување на соработката меѓу Тирана и Приштина со заеднички правни рамки и заедничка правна практика, што ќе ги намали бирократските проблеми на граѓаните на Албанија и Косово" - изјавил премиерот Бериша.
"Албанија беше покровител на сепаратизмот и сецесионизмот на косовските Албанци уште од 1912 година, па наваму, под сите режими... Ова е само една етапа кон целта да се признае независноста на Косово кое потоа би се споило со Албанија, а во перспектива и спојување на ентитетите во Црна Гора, Македонија и Грција..." - наведува поранешниот амбасадор на СРЈ во ОН, Владисла Јовановиќ. Слично мислење има и професорот на ФПН, Предраг Симиќ.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=60ECE6072BF3794BB71A34042F920AE7
 
Косово нема да се припои кон Албанија поради тоа што:
1. Албанија е во НАТО (НАТО членките имаат загарантирани територии и не смее да се чепка во териториите*) *само во случај Косово да се согласи за припојување кон Албанија. тогаш можеби ќе се најде некое решение.
2. Србија и Русија тоа нема да го дозволат па би настанала Балканска (Светска) војна.
3. Косово на Албанија не и е потребно, Албанија е земја која се стреми да биде член на ЕУ и има високи приоритети, гради патишта, развива економија и сл додека Косово е земја со огромна невработеност (40-50%) и таа би ја закочила реформата на Албанија за мин. 20 години.
Останува можноста овие две земји да функционираат по принципот на Грција и Кипар; Германија и Австрија итн.
 
Чим пописот во Македонија не се одржи фер и демократски тука нешто смрди, а и уште нешто,Албанците во никој случај не се 25%...
 
Един многу фин начин да се постигне заедничка надворешна политика на двете држави и да се намалат трошоците на Косово за дипломатски представничества во странство + Косово ке използва создадените врзки на албанското надворешно.
 
Един многу фин начин да се постигне заедничка надворешна политика на двете држави и да се намалат трошоците на Косово за дипломатски представничества во странство + Косово ке използва создадените врзки на албанското надворешно.

Ти пич оди со Монголија да си отворите заедничко преставништво за да си намалите трошоците. Аман више!
 
Процесите се убрзуваат, после блискиот исток, машинеријата се префрла малку на Балканот, пред големото финале, НАТО - Русија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom