- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.956
- Поени од реакции
- 1.194
По одлуката на Тирана и Приштина за заеднички конзулати
Почна создавањето на голема Албанија!?
"...Ова е само една етапа кон целта да се признае независноста на Косово кое потоа би се споило со Албанија, а во перспектива и спојување на ентитетите во Црна Гора, Македонија и Грција..." - наведува поранешниот амбасадор на СРЈ во ОН, Владисла Јовановиќ
Одлуката на Тирана да ја одобри спогодбата потпишана на 20 октомври, за заедничко конзуларно претставување на Албанија и Косово во странство, е прв чекор кон остварувањето на проектот "голема Албанија", предупредуваат соговорниците на весникот "Прес". Според нивното мислење, Србија треба да и укаже на меѓународната заедница за оваа опасност, од која пак се очекува итна реакција за овој незабележан дипломатски потег.
"Албанците треба да се чувствуваат исто и во Тирана и во Приштина" - рекол Бериша по ратификацијата на спогодбата, додавајќи дека истата практика треба да се спроведува и во другите области, како што се: царината, културата и образованието, а се со цел да се намали бирократијата и "уште повеќе да се доближат двете сестрински држави"!
"Потребно е зацврстување на соработката меѓу Тирана и Приштина со заеднички правни рамки и заедничка правна практика, што ќе ги намали бирократските проблеми на граѓаните на Албанија и Косово" - изјавил премиерот Бериша.
"Албанија беше покровител на сепаратизмот и сецесионизмот на косовските Албанци уште од 1912 година, па наваму, под сите режими... Ова е само една етапа кон целта да се признае независноста на Косово кое потоа би се споило со Албанија, а во перспектива и спојување на ентитетите во Црна Гора, Македонија и Грција..." - наведува поранешниот амбасадор на СРЈ во ОН, Владисла Јовановиќ. Слично мислење има и професорот на ФПН, Предраг Симиќ.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=60ECE6072BF3794BB71A34042F920AE7