Ги гледам сега паровите за викенд и за разлика од минатото коло, сега може да паднат доста голови.
Милан и Интер до трите бода ќе дојдат без многу проблеми. Тоа се најсигурни натправари, би можел да се додаде и Удинезе, но Новара се покажа дека не е наивна екипа.
Јувентус ќе се мачи против Џенова. Џенова не е екипа која може да се затвори во шеснаесетник, секогаш бркаат гол. Сега, од Јувентус малку ќе се исплашат, но им даваат гол. Ако излезе Конте со 4-2-4 (со неупотребливиот Красиќ) постојат големи шанси да наебе.
И големо изненадување ќе биде ако Наполи ги земе третие бода на гостување кај Каљари.
Ме интересира Рома како ќе реагира после поразот. Уште не знам што да мислам за таа екипа. Им доаѓа Палермо кој што не би требало да им претставува проблем.
Доста голови очекувам на Парма-Аталанта, а Сиена-Чезена без голови.
П.С. Во недела ќе се смеам на ова што сум го напишал...