Џамбо Бинго

Добра продажба во првото коло, 26.382 продадени картички. Не е како во најдобрите денови на Бингото пред 10-тина години, ама е слично на она што го правеше Наше Бинго пред неколку години (па дури и малку повеќе).
 
Се чудам за што ли ќе му се црвените и жолтите картони:pos: дефинитивно делува надежно
 
Пошто Џамбазот ми е најомилениот македонски шоубиз лик, му посакувам успех со Бингово, кој знам дека ќе го постигне макар што старите добри времиња на Бингото нема да се вратат.
Патем ќе видите и дека ќе направи шоу емисија од ова, ќе вика имиња, ќе прави интервјуа, нешто што нашиве т. н водители немаат поим како да го направат. Кога ќе подразмислам не ни има водители кај нас.
 
Како се игра уствари Бингово? Ме мрзи да листам на тоа страната,знам порано комбинации се праеа нешто..
 
Патем ќе видите и дека ќе направи шоу емисија од ова, ќе вика имиња, ќе прави интервјуа, нешто што нашиве т. н водители немаат поим како да го направат. Кога ќе подразмислам не ни има водители кај нас.

Тодор Гечевски и македонскиот судија од ЛШ веќе беа гости во првата емисија. :)

Како се игра уствари Бингово? Ме мрзи да листам на тоа страната,знам порано комбинации се праеа нешто..

Имаш 6 комбинации по 15 броеви, и треба да ти се паднат 15 броеви од извлечените од иста комбинација за главната добивка. Иако помали добивки има и за 13 и 14 броеви. Исто така има и една и две линии, ама за тоа мора прв да ја добиеш добивката.
 
како профитира игорче од бингово? 1 денар од продадена картичка како порано или ?
 
купив вчера и не верувам во скоро време пак да земам. колку што видов , 2 милиони денари е џекпотот (околу 33 број!) , а обичното бинго барем вчера носеше 5 илјади евра. Too Low :) . Башка се измудриле нема веќе двата последни броеви од серискиот број на ливчето да носат ново ливче за следното коло. Перална на пари ќе биде бингово . Инаку фатив 11 погодоци вчера , а бингото падна околу 38ми број ако не се лажам.
 
Мене ми изгледаше како да сакаат да го вратат ефектот на Супер Бинго... Го седнаа Игор на голема маса со различни реквизити (буквално исто како Супер Бинго), Натали покрај него... Она што фали за атмосфера е публика во студио, ама според текстов во наредните кола ќе се оствари и тоа.

ПРВОТО КОЛО ОД ИГРАТА НА СРЕЌА ЏАМБО БИНГО СО РЕКОРДНА УПЛАТА
Скопје, 25. 10. 2011. Вчера се одржа извлекувањето од првото коло на играта на среќа Џамбо Бинго на Државна лотарија на Македонија. Уплатата на ова коло од вкупно 1.582.920,00 денари ги надмина очекувањата, а за 30% ја надмина и највисоката уплата на претходната Бинго игра на Државна лотарија. Зголемениот интерес на Бинго играчите во Македонија се должи на подобрениот концепт, поголемите можности за добивки и секако атрактивноста на водителскиот пар - шоуменот Игор Џамбазов и убавата Натали.
jpg.asp
Зголемената уплата се одрази и на висината на Џамбо Бинго добивката која од почетокот на приредувањето на игри на среќа на Државна лотарија на Македонија е најголема Бинго добивка до 90тиот број и изнесува 316.584,00 денари. Останатите парични добивки од вкупниот фонд од 791.460,00 денари се распоредени по категориите "Линија", "Две линии", "13 погодоци", и "14 погодоци". Среќната Џамбо Бинго картичка е уплатена во салонот на Никофон во ТЦ Бисер во Скопје.
Сценарист на емисиите е Игор Џамбазов и согласно концептот во секоја ТВ емисија ќе гостуваат по две познати лица – секој од нив со Џамбо достигнувања во своето поле на делување. Првите Џамбо Бинго гости беа кошаркарот Тодор Гечевски и фудбалскиот судија Александар Ставрев кои во непосреден разговор во студиото ја збогатија содржината на емисијата. Публика на првото ТВ извлекување беа вработени во Државната лотарија на чело со Генералниот директор Дане Кузмановски и тим кој работеше на реализација на играта и емисијата. По првите емисии се планира да се отвори студиото за публика од сите краишта на Македонија, откако ќе се објави механизмот за пријавување на публика.
Играта на среќа Џамбо Бинго е пласирана само еден месец по почетокот на приредување на спортската прогноза Тото плус, што е извонреден успех за малиот тим вработени во Државна лотарија на Македонија и пред се сведочи за добрата деловна стратегија. Паралелно се работи и на пласман на нов инстант лоз, како и на подготовки на дополнувања на постоечките игри на среќа. Посебен акцент во наредниот период е на продажната мрежа која до крајот на оваа година ќе има далеку поголема распространетост од моменталната што секако ќе ефектуира со зголемено учество во игрите на среќа.
Уплатата на второто коло од играта на среќа Џамбо Бинго е веќе во тек, а играчите ги очекуваат бројни добивки: Гарантираните добивки за категориите "Џек пот линија" и "Џек пот две линии" од по 600.000 денари, гарантираната добивка Супер Џамбо – автомобил Пежо 107 и дел во пари, добивката од 300.000 денари за Џамбо Џокер како и добивката МАКСИ ЏАМБО која за наредното коло изнесува 2.063.316,80 денари.
Слоганот на играта – Вежбај радување, се однесува на сите потенцијални добитници на една од бројните добивки од богатата игра на среќа Џамбо Бинго, за која на радост на приредувачот интересот е навистина голем.
 
Добра продажба во првото коло, 26.382 продадени картички. Не е како во најдобрите денови на Бингото пред 10-тина години, ама е слично на она што го правеше Наше Бинго пред неколку години (па дури и малку повеќе).

29.980 во второто коло. Добро зголемување на продажбата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom