А што знаеш ти за кабалата? Што знаеш за Бафомет? Што знаеш за Сатанизмот?
Најискрено ме интересира, што знаеш за горе споменативе?
Што е кабалата? Од каде потекнува поимот "Бафомет", Колку видови Сатанизам има? Кој се нивните основоположници?
Кога јас нешто критикувам, првин проучувам и се запознавам со темата или областа.
А за тоа кој и што е зло, еве ти еден цитат за твојот "Праведен и добар" бог:
Левит:
21 ‘Ако се противите уште и натаму,
ако не сакате да Ме послушате седумкратно ќе ги зголемам врз вас раните за вашите гревови.
22 Ќе ги пуштам горските ѕверови на вас за да ве лишат од децата, за да ви го издават добитокот и ќе ве намалат, така што патиштата ќе ви запустат.’
23 ‘Ако и тоа не ве поправи, па ако продолжите со живеењето што Ми се противи,
24 тогаш и Јас ќе ви се спротивам вам и
Самиот ќе ве удрам седумкратно за вашите гревови.
25 Ќе доведам меч на вас, нека се искали со одмазда за Заветот. А кога ќе се соберете во вашите градови,
ќе испратам помор на вас, и ќе бидете предадени во рацете на непријателот.
26 А кога ќе ви го прекратам снабдувањето со леб; десет жени ќе ви печат леб во една печка; ќе ви дадам леб со мерка. Ќе јадете, но нема да бидете сити.’
27 ‘Ако и после тоа не Ме послушате, туку Ми се спротивставувате и натаму,
28 и Јас ќе ви се спротивставувам - ќе ве казнам седумкратно за вашите гревови.
29 Ќе јадете месо од вашите синови, ќе јадете месо од вашите ќерки.