Тајван!
Шала на страна, не очекувај премногу. Овие посети се многу опасни, оти имаат други скриени планови кои сакаат да ги реализираат.
Дефинитивно, само Бог знае какви скриени планови имаат.
Јас никогаш не им верувам на странци кои дошле со ветувања без конкретен опис на таквите ветувања, која фирма ќе инвестира, каде ќе инвестира, во што ќе инвестира, колку ќе инвестира, само слушам вест од Шител во која велат дека емирот од Катар сакал да инвестира во не знам што, а меѓу тоа не знам што спаѓаат и храната и водата.
Е па, јас сум против инвестирање во тие две гранки, храната и водата нека му ја остават на народот, доволно е што рудниците и фабриките или ги уништија или ги продадоа на профитери, кои домашни, кои од странство, храната и водата нека не ја чепкаат.
Шител летово ја спомнаа лагата дека Шакира била Колумбијка "со македонска жичка" како главна вест, со сиот памет.
Ај што Шакира го има ова негирано уште пред 4 или 5 години, туку, на ваква информација не и е местото во главните вести, туку во емисии од типот на Бекстејџ.
Се надевам дека и оваа најава за инвестиции на емирот од Катар е само уште една лага на Шител, бидејќи ми се крева косата кога ќе помислам што не чека ако македонската храна и вода завршат во рацете на странци.
Види вака, те разбирам потполно, но моментално било каква инвестиција во Македонија е добредојдена, пред се заради тоа што ќе се отворат многу нови работни места, вакви инвестиции во прехранбена индустрија се најповолни за Македнонија бидејќи за тоа имаме и најдобри услови, но за експлоатацијата на вода неверувам дека е навистина тоа замислено, не е возможно тоа да биде во 21 век, а и може нешто друго се планира што ние не сме го разбрале.
Македонија има многу потенцијал во разни гранки кој може да биде искористен многу подобро, посебно со извозот, бидејќи со години многу повеќе увезуваме отколку што извезуваме а имаме дупло подобри услови од земјите од кои увезуваме.
Боље спречити него лечити !!!
Подобро нека ни ги остават храната и водата на нас, а во се останато слободно нека инвестираат колку им душа сака, со уште еден исклучок, религиските објекти, тоа треба да се остави на верниците, а не на странските инвеститори.