Емирот од Катар ќе инвестира половина милијарда евра во Македонија?

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Јагниња :icon_lol:
И тој просторот карши Холидеј Ин е одличен проект ако се реализира.. Инаку не верувам дека ќе градат рафинерија баш во Македонија..
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Продавање на природни ресурси,културно наследство и останати работи од национален интерес,НИКАКО. А градење на хотели,мотели,фабрики и рафинерии,инвестирање во инфраструктура,образование се добредојдени за секоја земја, а не пак за Македонија.Самата посета на емирот е добар знак и реклама за нас, а доколку и се инвестира, па макар и половина од тоа што го објавиле сител тв е супер.Сега мислам дека е шансата да ја искористиме неговата заинтересираност за Македонија.Со среќа нека е,и да изиграме паметно во случајов.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Ова со рафинеријава би било добро.Ама пошто нашиве политичари се алчни и неписмени, мислам дека ОКТА имаше некаков ексклузивитет до 2016-та или грешка сум, да не се работеше само за дизел со послаб квалитет?Некој поупатен?
Моја грешка, сум помешал нешто со 2016-та.Е сега нека ја попрат грешката со ОКТА и нека донесат нова рафинерија.Ама негде настрана од големо населено место.
А можат и нешто за легендарниот автопат до Гевгелија да фрлат и К8, не само за хотели :D И наши градежни фирми нека одат таму, работници на нафтени полиња итн.Многу опции.Само да се озбилни.
--- надополнето: Oct 24, 2011 2:55 PM ---
Јагниња :icon_lol:
И тој просторот карши Холидеј Ин е одличен проект ако се реализира.. Инаку не верувам дека ќе градат рафинерија баш во Македонија..
Шо ќе ни е хотел, ако не добиеме рафинерија?!Сигурно е подобра инвестиција отколку хотел.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Али најинтересното е што има луѓе кои се радуваат на вакви информации.
Дури и да е се ова вистина, смешно ми е како некој се радува, ко божем он ќе лапне од парите на Емирот :pos:

Доаѓањето на Емирот не е ништо повеќе од собирање поени... Може и некој златник, кој сигурно нема да падне кај нас.
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Знаеш колку се половина милијарда евра?
Третина од годишниот трговски дефицит на Република Македонија.
Не сме до толку очајни, ни требаат странски инвестиции, но паметни инвестиции, не дај што даш.
--- надополнето: Oct 24, 2011 2:24 PM ---

Во Македонија нема голем потенцијал за странски туризам, немаме нит море, нит некое светско или географско чудо.
Треба да се концентрираме на домашниот и селскиот туризам кој се премногу запоставени.

Хотел со 5 ѕвезди нема никако да и помогне на македонската економија или на туризмот.
Емирот сака да си напраи викендица во Македонија која ќе му биде прикладна за неговите потреби нели сваќате :D
Каква и да е инвестиција за нас е добредојдена...водата да не се чепка многу многу...се останато ќе ни донесе взаемен профит.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Не дигајте паники, арапов не е дојден по вода, пошо кај нас ја нема т.е. Македонија е средно-богата држава со вода.
Дека сме богати со вода е само еден добар виц од некои минати времиња.
Чисто за илустрација Дунав и слични реки имаат 3 пати поголем волумен на вода од сите водни ресурси во МК.

Најверојатно пари ќе се фрлаат по рафиниерии, хотели, земјоделство.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Рафинерија да, ама ОКТА има дил со владата иначе одма ќе ја активира тужбата од 100тина миљони евра во Стразбур или каде ли беше по некој европски суд. Нашиве да не им платат им го испушија, им го продолжија рокот на н-години да не стават десулфуратори, и да останат МОНОПОЛ уште 100тина години. Дил
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Али најинтересното е што има луѓе кои се радуваат на вакви информации.
Дури и да е се ова вистина, смешно ми е како некој се радува, ко божем он ќе лапне од парите на Емирот :pos:

Доаѓањето на Емирот не е ништо повеќе од собирање поени... Може и некој златник, кој сигурно нема да падне кај нас.
види може тебе ти е смешно ако имаш сигурен бизнис и работно место..али многу граѓани гледаат спас во отварање на работни места од овие инвестиции.Не ,емирот нема да фрли пола милијарда од авиони ко летки,парите ке ги инвестира и ке добие уште пари..а дел од нас се надеваме дека ке се вработат во тие фирми.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Али најинтересното е што има луѓе кои се радуваат на вакви информации.
Дури и да е се ова вистина, смешно ми е како некој се радува, ко божем он ќе лапне од парите на Емирот :pos:
Доаѓањето на Емирот не е ништо повеќе од собирање поени... Може и некој златник, кој сигурно нема да падне кај нас.
Можда тебе ти е смешно.Можда одредени луѓе навистина им е надеж.Можда јас и ти сме вработени, ама не е на зијан и други да се вработат.Не да лапнат милиони од емирот, туку да добијат пристојна работа.Нормално дека тие големите ако навистина дојдат тие инвестиции ќе (пробаат) да лапнат дел.Ама ако имат и за обичните луѓе, нека им се.Тркалото е округло.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Значи колкави безкичмењаци ги имаме за политичари, тоа е чудо невидено.

Ќе им ги продаваат македонската храна и вода на странци, па овие не се со сите.

Не ме интересира дали станува збор за арапи, за западњаци или не знам кои други, плодната почва, водата и стоката се реткости кои ги уживаме ние, не залудно велат нашинците:

Банката дава и зема пари, но плугот носи леб.

Џабе ќе ни е и сето богатство на светот да ни го донесат, ако им ги продадеме храната и водата на странци, со тек на време ќе станеме колонија, а можеби дури и пустина, бидејќи ако останеме без вода, летните горештини ќе си го направат своето, уште летово забележав што направија кога по планините лисја паѓаа во август, среде пеколни летни горештини, бидејќи воопшто не врнеше дожд, завладеа суша, почвата стана сува и тврда, а лисјата почнаа да пожолтуваат и да паѓаат, па уште и водата да им ја продадеме на странци, па тоа е лудило невидено.

Повелете, за сите кои не знаете што не чека доколку вака им се продадеме на странците, погледнете го бесплатно (оти немет платно :D) документарниот филм The Corporation од 2003 година:

http://on.net.mk/kinoklik/dokumentarci/corporation

Па видете што трпеле Боливијците и како се спротивставиле кога американски профитери сакале да им ја приватизираат водата, па дури и водата од дождовите им било забрането да ја користат.

Сакате диктатура ?

Сакате експлоатација ?

Сакате колонизација ?

Слободно повелете, молчете си и дозволете странски профитери да не ограбат, во спротивно, ова мора од корен да се спречи, треба да им испратиме јасна порака на нашите безкичмењаци од политичари:

МАКЕДОНСКАТА ПОЧВА,
МАКЕДОНСКАТА ХРАНА
И
МАКЕДОНСКАТА ВОДА

НЕ БИЛЕ,
НЕ СЕ,
И
НЕМА ДА БИДАТ ПРЕДМЕТИ НА ПРОДАЖБА !!!
 
A

Auditore

Гостин
Читам коментари и што да пишам бе, типичен македонски менталитет, кога не се инвестира - зошто не се инвестира, а кога пак се инвестира - се инвестирало во непотребни работи.
Навистина некои ликови неможам да ги сфатам, битно е да се инвестира, во што не е битно, најважното е дека од некаде се почнало, за разлика од порано кога воопшто не се инвестираше, а кога требаше да се инвестира се бараа пари од инвеститори за да тие добијат дозвола и место да инвестираат, типичен пример за тоа ти е фабриката на Ауди што требаше да се изгради за која Бранче наш голем маж бараше 20м евра.
Сега молиме да фрлат некое евро.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Значи колкави безкичмењаци ги имаме за политичари, тоа е чудо невидено.

Ќе им ги продаваат македонската храна и вода на странци, па овие не се со сите.

Не ме интересира дали станува збор за арапи, за западњаци или не знам кои други, плодната почва, водата и стоката се реткости кои ги уживаме ние, не залудно велат нашинците:
Банката дава и зема пари, но плугот носи леб.
Џабе ќе ни е и сето богатство на светот да ни го донесат, ако им ги продадеме храната и водата на странци, со тек на време ќе станеме колонија, а можеби дури и пустина, бидејќи ако останеме без вода, летните горештини ќе си го направат своето, уште летово забележав што направија кога по планините лисја паѓаа во август, среде пеколни летни горештини, бидејќи воопшто не врнеше дожд, завладеа суша, почвата стана сува и тврда, а лисјата почнаа да пожолтуваат и да паѓаат, па уште и водата да им ја продадеме на странци, па тоа е лудило невидено.

МАКЕДОНСКАТА ПОЧВА,
МАКЕДОНСКАТА ХРАНА
И
МАКЕДОНСКАТА ВОДА
НЕ БИЛЕ,
НЕ СЕ,
И
НЕМА ДА БИДАТ ПРЕДМЕТИ НА ПРОДАЖБА !!!
Makeдонската храна (и други производи) и досега беше продавана во странство.Таквите активности се викаа извоз.
И од таквите активности имаме бенефит, имаш можност да продаваш и надвор од своја земја т.е. проширување на пазарот.
За водата си целосно во право.Не е за извоз и продажба!
 
H

HITCH

Гостин
Пола милијарда?! :mad: Од Катар дојде само за толку? Џабе го влечеше и кинеше мебелот до тука. Па ние го бараме за многу, не за ситно! ц ц ц...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Читам коментари и што да пишам бе, типичен македонски менталитет, кога не се инвестира - зошто не се инвестира, а кога пак се инвестира - се инвестирало во непотребни работи.
Навистина некои ликови неможам да ги сфатам, битно е да се инвестира, во што не е битно, најважното е дека од некаде се почнало, за разлика од порано кога воопшто не се инвестираше, а кога требаше да се инвестира се бараа пари од инвеститори за да тие добијат пари да инвестираат, типичен пример за тоа ти е фабриката на Ауди што требаше да се изгради за која Бранче наш голем маж бараше 20м евра.
Сега молиме да фрлат некое евро.
Сакаш да кажеш дека парите се поважни од храната и водата ?

Немој погрешно да ме разбереш, јас немам ништо против странските инвестиции, иако сепак зависноста од странски капитал е сечило со две острици, доколку странскиот инвеститор одлучи да си замине од Македонија, преку ноќ сите луѓе кои работеле во фирмата/фирмите на тој инвеститор во Македонија, ќе останат без работа.

Но инвестирање во прехранбени капацитети и во експлоатација на вода е надвор од здравиот ум и разум.

Makeдонската храна (и други производи) и досега беше продавана во странство.Таквите активности се викаа извоз.
И од таквите активности имаме бенефит, имаш можност да продаваш и надвор од своја земја т.е. проширување на пазарот.
За водата си целосно во право.Не е за извоз и продажба!
Едно е хрватски Агрокор, кој се занимава со овошје и зеленчук, кои благодарејќи на плодната македонска почва ги имаме во изобилие, но сосема друго е извозот на македонската стока, за волја на вистината, речиси секоја година за Велигден сточарите продаваат буквално се што имаат од јагнешко за италијанскиот пазар, но тоа се случува еднаш годишно, додека продавање на македонска стока на странци, а истовремено народот нека лови врапци за да се нахрани е пример за сталинистичко и маоистичко лудило.

За време на владеењето на Јосиф Висарионович Сталин во 1932 и 1933, во Советскиот Сојуз се случил најмасовниот и најсмртоносниот глад предизвикан не од суша, чума или било каква природна катастрофа, туку предизвикан вештачки од човечкиот фактор по пат на колективизација, односно конфискација на храната од советските селани и фармери и продавање на истата на странските пазари, а како резултат на тоа, животите ги изгубиле 6 до 8 милиони луѓе.

Истото се случило и во Кина за време на владеењето на Мао Це Тунг, во периодот од 1958 до 1961 се случува големиот кинески глад, а како резултат на истиот, животите ги изгубиле над 15 милиони луѓе, поточно, бројката варира од 15 милиони до неверојатни 45 милиони луѓе.

И додека невините луѓе гладувале и умирале, диктаторите ги продавале пченицата, овошјето, зеленчукот и стоката на соседите за да заработат пари за електрификација и индустријализација на своите држави.

Македонија е од поодамна целосно електрифицирана, а за индустријализација веќе ги имаме резултатите, Џонсон Контролс веќе има инвестирано во една фабрика, планира да инвестира и во втора фабрика во Македонија, Џонсон Мети веќе има инвестирано во една фабрика, можеби ќе инвестира и во иднина во проширување на истата таа фабрика или градење на втора фабрика во Македонија, Технохозе има најавено отворање на фабрика во Бунарџик, скопско, Кромберг и Шуберт има најавено отворање на фабрика во Жабени, битолско, со тек на време ќе дочекаме и други инвестиции, не треба да брзаме и да очекуваме златници да почнат да врнат од небото, на крајот на краиштата, целата северна полутопка на планетава е опфатена од економска криза, баш сега воопшто не им се брза на инвеститорите.

Да ги продаваме македонската храна и македонската вода, реткости во кои имаме среќа да уживаме, за разлика од северноафриканците и арапите, е лудило кое ги надминува сите граници над нормалата.

Убаво вели Елф, за вода, нека го експлоатираат Дунав, една од најголемите реки во цела Европа, па и за храна нека ги експлоатираат Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија и Србија, а Македонија нека ја остават на мира.

За се останато, слободно нека инвестираат, да додадам уште еден исклучок, нека не инвестираа во религиски објекти, без разлика дали се христијански, муслимански или било какви, религиските објекти треба да бидат градени од самите верници кои ќе ги користат истите тие религиски објекти, а не од странци кои кој знае дали воопшто ќе влезат во некој од тие религиски објекти повеќе од 2 или 3 пати во животот.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Пола милијарда?! :mad: Од Катар дојде само за толку? Џабе го влечеше и кинеше мебелот до тука. Па ние го бараме за многу, не за ситно! ц ц ц...
малку да не ти се ? o_O кажи ми кој друг инвестирал пола милијарда ЕВРА во македонија ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom