Дуелот вчера го гледав до моментот кога АВБ одлучи на местото на Стуриџ во игра да го уфрли Иванович. Абе ај?! 1-0 бранеше, на гол-разлика ќе се бориме со манчестерите? Преку таквово имал мадина овај лешперов, па шо да очекувам од играчите тогаш кога нивниот претпоставен е глушец?
Па да кажам за то шо беше дотогаш, пеналот беше чист, Луиз невнимателно стартуваше, ама не го кривам него, Луиз е изгубен на терен од ко е почната сезонава, има кој треба да знај зошто и како то да се поправи - луѓе се дебело платени за тоа, секако почнувајќи со АБВ. И не е проблем неговата агресивност, кој само ретардиран можи да кажи такво нешто, проблем е како неговата агресивност се користи или насочува.
Црвениот на Босингва, вероватно престрого, ама најболната работа за нас е шо Крис Фој во онаква ситуација можи да се повика на правилото за последен играч во одбраната како аргумент на своја страна - и истовремено да биди во право.
Друго? Немаше ништо друго, Челзи беше изеден, во секој смисол. Дали до Дрогба било, или не знам до кој, ама ми се слоши едно време мене.
--- надополнето: Oct 24, 2011 6:49 PM ---
Ти така мислиш.Секогаш ЛШ освојувале екипи со таков играч во редовите ...
Кога секогаш? Од Кралот Франко па наваму, или и од пред него?
--- надополнето: Oct 24, 2011 6:52 PM ---
Ако не биде таков тогаш нема да игра за челзи, т.е. тури му к*рот нека се калеми во брага...ама ете го прв состав, страва играч, риспект! Башка и коментарот е од некое лигле челзијашко што везе нема од животот, ко кај нас во фан клуб што се пола дечишта...позз
Ко ќе видиш кој се игра за Челзи моментално, како она одвртантото џогирање по терен, лежерно како да си во виенски Шенбрун, е една од одликите на играта на Челзи, тогаш не знам како можиш да го пишиш ова болдираново.
--- надополнето: Oct 24, 2011 7:03 PM ---
В среда на Скај ќе оди дербито Алдершот - Манчестер Јунајтед, така да нема никаков пренос од Евертон - Челзи.