Се согласувам за многу работи, но ќе се осврнам на друго нешто. Во делов што го цитирав да објасниме, дилерот е всушност државата, таа ги субвенционира производителите на тутун, а тутун нели за цигари се користи. Поголемо лицемерие, здравје. Проблемот не се решава од врвот, туку од коренот, доколку навистина сакаш да го решиш.- Пушењето е зависност, општествен проблем и освен личното задоволство на пушачот не носи никаква добробит на никој освен на дилерот на отровот, додека за лечење на последиците плаќаат сите.
Се согласувам со делот кој го цитирав, знаеме сите кој е дилерот.Се согласувам за многу работи, но ќе се осврнам на друго нешто. Во делов што го цитирав да објасниме, дилерот е всушност државата, таа ги субвенционира производителите на тутун, а тутун нели за цигари се користи. Поголемо лицемерие, здравје. Проблемот не се решава од врвот, туку од коренот, доколку навистина сакаш да го решиш.
...
Да не должам, зарем стварно мислиш дека државата се грижи за нашето здравје?! Камо среќа само димот од цигарите да ни го загадуваше воздухов, и пред да ми кажеш дека треба од некаде да се почне, прочитај го првиот пасус од постов .
Ептен вешто ги избегна директните одговори.Се согласувам со делот кој го цитирав, знаеме сите кој е дилерот.
Иако тука може да се каже и дека тој производ во поголем дел оди и за извоз. (колку и да тоа не е етички)
И ќе додадам само дека државата (наша) немаше никогаш да потегнува носење на ваков закон да не го побараа тоа од ЕУ. Точно е и дека селективно се применува законот. Точно е и тоа дека има и други загадувачи во државава. (иако во соба полна со пушачи нема поголем загадувач од самите пушачи).
Ама знаеш што, јас ќе кажам фала и ќе го земам тоа што го даваат. Во значително поголем дел од локалите го почитуваат законот. Порано неизбежни беа имбецилните муабети со недоквакани пушачи (не дека сите пушачи се такви туку дека поголемиот дел од популацијата е таква). Разговори од видот „јас за мене си пушам, што ти смета тебе, 3 метри си подалеку„ или „мојата баба Трпана 97години пуши и ништо не и е". Сега имам некаков раат (во однос на чадот), далеку од совршено ама проаѓа.
Тоа што предлагате дека власникот требало да одлучи дали ќе се пуши... покажува дека не ја разбирате целта на законот. Целта е намалување на пушењето а не да се потикнува. Треба да разберете дека законот нема за цел да ви обезбеди никакво олеснување или охрабрување да продолжите со пушењето.
Напротив. Мерките само може да се заоструваат а не да се олеснуваат.
Веќе ви реков погоре дека не е далеку времето кога пушењето дефакто ќе се третира како болест на зависност а цигарите ќе се добиваат на рецепт како метадонот.
Тоа што го тврдиш е впрочем последица од различно појдовно гледиште што Ти го имаш. Јас ги третирав само деловите кои се однесуваат на законот, додека Ти инсистираш во фокусот да ги донесеш (очигледните) пропусти на логиката во мерките на Владата.Ептен вешто ги избегна директните одговори.
Се ок за тоа што го зборуваш ама за ова цитираното можам само да ти кажам дека си го гледал само тоа што си сакал да го видиш....а до пред многу кратко време на никој не му пречеше никаков чад
Така е, абе зачадена просторија и нас пушачите ни пречи понекад кога е претерано без вентилација соодветна без ништо ама кафиќ или дискотека без чад од цигари не ја личиСе ок за тоа што го зборуваш ама за ова цитираното можам само да ти кажам дека си го гледал само тоа што си сакал да го видиш.
Исто како тоа што Ти го тврдиш е последица на Твоето појдовно гледиште. А јас, како што ја гледам темава, се однесува на реакции на законот, а не конкретно на пишаниот закон, инаку темава ќе имаше само 2 поста, вака е во законот и завршена работа.Тоа што го тврдиш е впрочем последица од различно појдовно гледиште што Ти го имаш. Јас ги третирав само деловите кои се однесуваат на законот, додека Ти инсистираш во фокусот да ги донесеш (очигледните) пропусти на логиката во мерките на Владата.
Јас не сум правник, државник, законодавец или политичар. Ниту пак имам и најмала желба некогаш да бидам. Затоа ти понудив моја лична перспектива каде ти објаснив дека и покрај незанемарливите пропусти, јас лично сум задоволен барем од самиот законот ако веќе не сум задоволен од делумната примена на истиот. Слични ставови верувам имаат повеќето едуцирани граѓани, барем оние од делот што се непушачи.
Еве ќе се обидам да ти одговорам на специфичните прашања иако со тоа одиме во офтопик, ако ништо друго тогаш заради едуцираниот тон на твоите постови. (иако истите ти се сеуште необјективни)
- Зошто го субвенционираат производството на тутун?
Претпоставувам заради состојбата во земјоделскиот сектор и потребата од вакво производство. Освен морално-етички причини (сосема некарактеристични особини за политиката) не гледам други причини да се запре производството ако намерата е поголемиот дел да оди за извоз. Ако не го произведуваат тутунот нашите земјоделци, дупката во светскиот пазар (би направиле некоја минијатурна дупка претпоставувам) едноставно и промптно ќе ја пополнат другите произведувачи.
Еднаш кога тутунот дефакто ќе се стави на листата на забранети култури за производство тогаш ќе го запреме и ние нашето производство.
- Редоследот на примена мерките?
Ти секако претпочитуваш суптилност, јас мислам дека ефективно е и овака... кога доследно би се применувал законот.
.
П.С. За паѓањето на оваквиот закон во Германија би сакал еден линк од веродостоен известувач, како што јас обезбедив за исландскиот закон. Не само заради веродостојност на информацијата туку и заради тоа што искрено би сакал да прочитам за тоа.
Да бев како мојата професорка по македонски од основно ќе ти ставев едница затоа што си ја промашил темата.Се допишуваме ама изгледа дека не се читаме.
Можам да продолжам овака до кога сакаш, ама нема потреба да ја гушиме дискусијата со повторување и игнорирање на фактите и нивно заменување со научените пушачки заблуди.
Без навреда ама праксата на игнорирање на здрава логика е типично пушачки синдром и одамна немам трпение да ја играм играта на укажување на очигледното на некој што има намера само да ги промовира оние исти погрешни вредности што го научиле уште од мал.
Затоа извини ме што ќе бидам брутално искрен и ќе ти укажам на следниве работи.
- Пушењето е зависност, општествен проблем и освен личното задоволство на пушачот не носи никаква добробит на никој освен на дилерот на отровот, додека за лечење на последиците плаќаат сите.
Господа, светот не се врти окулу Вас и вашата зависност.
Се прашувам дали некогаш пушачите ќе ја сфатат заблудата на нивното егоцентрично перцепирње кое вели дека сите треба да се покорат на потребата на нивната зависност.
За оние што очите сеуште им се замаглени од цигарски чад, доказ дека ова што го зборувам не е далеку од вистината се законите ширум светот а од пред некое време и кај нас.
Статусот на зависност само понатаму ќе се потврдува со законските легислативи како онаа што ја спремаат во Исланд и според која таму цигари ќе се добиваат само на рецепт од лекар. Нормално, само со влегување на регистарот на зависници од тутун што се добива ако е неуспешен задолжителниот неколкумесечен третман на лечење на зависноста од пушење. А ако мислите дека баба лаже, тогаш еве дека тефтерот не лаже. (пст, кликни на подвлечените зборови)
Нормално сето ова е субјект на различни гледишта и претпоставувам дека она што типичниот пушач сега чита е:
„Бла бла... бла.... бла бла бла... овој пак ни соли памет... бла.. бла... бла бла... бла... досаден е бла... бла... бла, бла, бла...
бла... бла... бла...
бла...
бла... бла...
Е не го читам повеќе сега ќе му објаснам на овој тука дека јас сакам да пушам и дека треба да можам да пушам каде, кога и колку сакам!„
Ова анегдота Бизмрак ја има кажано или грешка сум?Ах, заборавив една работа во врска со целта на законот, еве една, па да речеме анегдота: Што е сличноста меѓу закон и колбасици? Најдобро и за двете да не знаеш како се прават (со други зборови, целта е изгубена уште во моментот кога во политичките пазарења ќе почне да се спрема законот).