Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не не, не мериме колку знаеме, туку јас покажувам колку ти не знаеш и како само дофрлуваш криви топки во муабетот... има разлика...

Да ти дефинирам n што... дефинирај косинус што е ќе знаеш и n што е... ти нафрлаш именки од кај што стигнеш, и кога се најде некој што знае, ти го напаѓаш демек не е скромен и се џитка со знаење... :)
Поимите се дефинирани, само ти не ги знаеш дефинициите, само некои перспективи си запознал и ништо повеќе...
Ти велам намали со наркоманските изрази, и сецкање на мислата и ќе се разбериме подобро!
Или смени дрогата... а ако некој те плаќа вака да забегуваш, да ти јади ушите :)
Кој би ме плаќал? :)
Нема никаква агенда позади ова што го пишувам.
За разлика од тебе да речеме......каде фураш некое
"учење".

Како дојдовте вие и Алистер до "вистината" да те прашам?
Не беа дроги, или јас се лажам? :)
Поправи ме ако грешам ама сетики не ќе да е така.

Сакајки да ме нападнеш мене сам се заеба.
Верувај му на наркосот и даље ти. ;)
Ама немој да плачеш ако си бил заебан.

Сецкање на мислата!?
Мислата си има квантни својства, сакал ти или не.
Поточно како електроните кога преминуваат од една
орбитала во друга.
Дефинирај ми што е тоа сецкање на мислата. ;)

Извини, ете се погодило да знам
Хахахах не не не не ги мериме.
Ама зборот извини што си го употребил те заебал.
На лагата и се куси нозете, не џабе рекле старите.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Како дојдовте вие и Алистер до "вистината" да те прашам?
Не беа дроги, или јас се лажам? :)
Поправи ме ако грешам ама сетики не ќе да е така.
Не знам зошто „вистина“ го стави во наводници... твојата вистина е ок, нечија друга е лага? :) Цело време тоа ти укажувам дека ти си бедник и дека бесцелно ги навредуваш искуствата на другите пласирајќи го твоето постоење како многу повалидно од нечие друго...

Инаку, не се лажеш, само не си разбрал за дрогите... како што кажав нафрлаш инфо пребарувајќи по нет! Наркоман секогаш ќе си најде оправдување во врска со дрогите, исто како и хипиците во тие времиња... Си читнал и слушнал, но слабо си разбрал... ќе мора да побараш повеќе по нет за да ми кажеш каде јас тоа грешам и лажам со презентирање на мојата школа :)

“22. Јас сум Змија што дава Знаење и Восхит и блескава слава, и ги поттикнувам срцата на луѓето со пијанство. За да ме обожувате земете вино и чудни дроги за кои ќе му кажам на мојот пророк, и бидете опиени од нив! Тие воопшто нема да ви наштетат. Тоа е лага, таа лудост против јаството. Истакнувањето на невиност е лага. Биди силен, о човеку! страстен, уживај во сите сетилни и насладни нешта: не плаши се дека кој било Бог ќе се откаже од тебе заради тоа.“ - Книга на Законот
Прочитај, разбери, пресуди момче! :)
Кои се тие чудни дроги? Мислиш твоите супстанции, трева, лсд, кокаин? Тоа е против законски... има дроги и дроги... Бирај мудро... има голуб но има и змија! Така вели Законот! Дрогите од надвор се отров за внатрешниот храм...

И немој те молам да ми влегуваш во објаснување на квантна физика и електрони... Од косинуси до квантна физика ми замина. Форумли момче формули... не само именки да ми даваш!
Пак се обидуваш твоите исецкани мисли кои не се надополнуваат да ми ги споредуваш со наука :) Кој како чини, дури и да блада, оди со квантна физика... Ќе треба и тоа да научиш пред да те сфаќам сериозно... вака си само уште еден wanna be квази научник кој што бара неуки за да си набилда его..

Такви знам премногу :)

П.С. Седни, книги в раце, и заборави дека нешто знаеш... подобро ќе ти биде... посебно наука гледам со неа ќе сакаш да објасниш, како што прават и атеистите :)

Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму.“ - Liber LXI
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не не, не мериме колку знаеме, туку јас покажувам колку ти не знаеш и како само дофрлуваш криви топки во муабетот... има разлика...

Да ти дефинирам n што... дефинирај косинус што е ќе знаеш и n што е... ти нафрлаш именки од кај што стигнеш, и кога се најде некој што знае, ти го напаѓаш демек не е скромен и се џитка со знаење... Извини, ете се погодило да знам :)
Поимите се дефинирани, само ти не ги знаеш дефинициите, само некои перспективи си запознал и ништо повеќе...
Ти велам намали со наркоманските изрази, и сецкање на мислата и ќе се разбериме подобро!
Или смени дрогата... а ако некој те плаќа вака да забегуваш, да ти јади ушите :)
Цело време тоа ти укажувам дека ти си бедник и дека бесцелно ги навредуваш искуствата на другите пласирајќи го твоето постоење како многу повалидно од нечие друго...
Инаку, не се лажеш, само не си разбрал за дрогите... како што кажав нафрлаш инфо пребарувајќи по нет! Наркоман секогаш ќе си најде оправдување во врска со дрогите, исто како и хипиците во тие времиња... Си читнал и слушнал, но слабо си разбрал... ќе мора да побараш повеќе по нет за да ми кажеш каде јас тоа грешам и лажам со презентирање на мојата школа :)

Пак се обидуваш твоите исецкани мисли кои не се надополнуваат да ми ги споредуваш со наука :) Кој како чини, дури и да блада, оди со квантна физика... Ќе треба и тоа да научиш пред да те сфаќам сериозно... вака си само уште еден wanna be квази научник кој што бара неуки за да си набилда его..

Такви знам премногу :)

П.С. Седни, книги в раце, и заборави дека нешто знаеш... подобро ќе ти биде... посебно наука гледам со неа ќе сакаш да објасниш, како што прават и атеистите :)
:tapp:

Луѓе, бидете телемити !
На тој начин ќе може да ги навредувате оние кои имаат различно мислење.
И тоа со чувство на посветеност во древните египетски мистерии...

А кога сме веќе кај плаќањето...

http://www.oocities.org/trinu_camp/engl.html
http://www.oocities.org/trinu_camp/thelema/dues.htm

Pay you fees & dues, that shall be the whole of the Law. :vozbud:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Смени ги адресите не пребарувај по нет само за да „разоткриеш“. Прашај и ќе ти кажам! :) Аман, полека море Ајк :)
За чланарина и многу повеќе за оние што се заинтересиран да пристапат во О.Т.О. : http://www.oto-mk.org/?p=39

Собираме атеисти, сатанисти, рисјани, муслимани хиндуси, вештерки, банкари, програмери, економисти, физичари хемичари... Ајмо луѓе спознајте се и обединете се :)
За охриѓани има дополнителен тест: да издржат под вода 4 мин и 17 секунди! :)

Тоукатер, бедник требаше да биде во наводници (благодарам што ми укажа на тоа и да се појаснам), тоа е моја грешка... И не треба да биде навреден што некој го нарекува наркоман... Ако не е тоа, ќе кажеше, нели...
И мислев на друг вид навредување... не на именки додавање кон некој корисник...
Ама нормално ти имаш само едно ниво, хоринзонтално, без хиерархии :)
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Не верувам дека постои атеист кој не верува во некоја своја претстава за Бог или Сила.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
:tapp:

Луѓе, бидете телемити !
На тој начин ќе може да ги навредувате оние кои имаат различно мислење.
И тоа со чувство на посветеност во древните египетски мистерии...
Нормално!
И никој нема да биде навреден, што е побитно...
Посебно не трети лица кон кои не е упатен ни збор, а кои се ежат од телемата :)

п.с. Не кон египетски мистерии... кон рептили! Мислам да бидеме верни на Ајк :vozbud:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Хептаграм, ефтина била оваа мистиката.

Што му плаќаш, пери носи...
Па јас ви велам парата е глупост и само незапознаени со работите во светот се фаќаат за парите за вакви работи, но ете...
Тоа е тоа...
Во библиотека да се зачлениш е поскапо во светот :)
Ама на Тоукатер и на некои други ете им смета тоа...

П.С. На истата таа страна постои услов дали може или не може... не ме прашувај мене :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Не знам дали да се смеам или да тагувам на тврдењето дека во ОТО има христијани.:eek:
Мислам дека јас не можам да ти помогнам во врскат со тоа :)
Нормално никој од вас не сака да има, но како е во реалноста, тоа е друго прашање...
 

Hitchhiker

Concordia
Член од
23 октомври 2011
Мислења
96
Поени од реакции
31
Мислам дека јас не можам да ти помогнам во врскат со тоа :)
Нормално никој од вас не сака да има, но како е во реалноста, тоа е друго прашање...
Јас и не очекувам помош од тебе. Патем за која реалност зборуваш?
За твојата реалност во која еден рисјанин ќе застане да призива Марс или Аполон и после призивот ќе каже Исусе Христе итн..
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Јас и не очекувам помош од тебе. Патем за која реалност зборуваш?
За твојата реалност во која еден рисјанин ќе застане да призива Марс или Аполон и после призивот ќе каже Исусе Христе итн..
А што знаеш ти за призивање? :)
Ние(телемити) не прашуваме како другите во што веруваш и тоа верување да е препрека да бидеш инициран...
Имаме формули што работат за сите :)
Проверено е тоа... ако мислиш дека немаме, сигурно знаеш повеќе од мене за мене самиот :)

Аполон (што и да е тоа) ќе биде призиван од некој што има нишка и блискост со тие вредности, идеали, ентитети кој како верува :)
Ние не налагаме кој што да призива момче и што пракса да има :) Секој призива тоа што му е најблиско и најпривлечно! Ме разбираш нели?
Види ни ги делата, разгледај по темава, има цитати од мене овде ставено од различни наши филозофски и практични книги...
Веднаш да викаш фаул не е така, нема да постигнеш ништо така...
 

Hitchhiker

Concordia
Член од
23 октомври 2011
Мислења
96
Поени од реакции
31
Не викнав фаул, само сакав да кажам дека еден Христијанин сигурно нема да се впушти во авантура со еден куп богови. За него Исус Христос е единствен бог а за тебе тој е ем бог ем формула.:cool:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не викнав фаул, само сакав да кажам дека еден Христијанин сигурно нема да се впушти во авантура со еден куп богови. За него Исус Христос е единствен бог а за тебе тој е ем бог ем формула.:cool:
И јас не би ги сметал за христијани, но проблемот е што и тие самите неможат да се дефинираат.
Прашај православен, за него протестантите се секташи, прашај протестант, за него православните се идолопоклоници....и така се до бескрај. Кој е реперот, критериумот?
90% од "христијаните" во земјава, библија немаат отворено во рака, но на свештенството тоа не им смета, кога треба да им наплатат за некој религиозен обред.
Зошто според тебе е нелогично христијанин, да биде во О.Т.О а не е нелогично да се маскира за коледе, да собира билки.....и да прави ред други пагански практики и ритуали?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom