САД ГИ ПОДДРЖУВААТ КОПНЕНАТА ОПЕРАЦИЈА НА ТУРЦИЈА И НЕЈЗИНОТО ПРАВО НА САМООДБРАНА
Заменик портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер истакнаа дека САД ги поддржуваат копнената операција на Турција против терористичката организација и нејзиното право на самоодбрана.
Posted 21.10.2011 08:59:46 UTC
Updated 21.10.2011 08:59:46 UTC
САД истакнаа дека ги поддржуваат копнената операција на турската армија против терористичката организација и правото на Турција на самоодбрана.
Заменик портпаролот на американскиот државен секретаријат Марк Тонер на одржаната прес-конференција во Вашингтон одговараше на прашањата во врска со терористичката организација ПКК и копнената операција што ја започна Турција.
Тонер рече: „Беше извршен напад, по што турската армија стапи во акција против терористичката организација ПКК. Ние го поддржуваме правото на Турција на самоодбрана.“
Алудирајќи на тројниот механизам за солидарност меѓу Турција, САД и Ирак, Марк Тонер рече: „Овој стратешки механизам постои како механизам на солидарност на Турција со нас и со ирачката влада по прашањето на реализација на овие видови операции против терористичката организација.“
„Ние веруваме дека тоа претставува валиден и добар механизам и би можеле да упатиме повик за продолжување на употребата на истиот за во иднина.“ - рече заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Марк Тонер по што укажа и на значењето од реализација на овие видови операции во солидарност и соработка со ирачката влада.
Тонер воедно додаде дека американската државна секретарка Хилари Клинтон ќе учествува на состанокот посветен на Авганистан што ќе се одржи во почетокот на ноември во Турција.
http://www.trtmacedonian.com/trtworld/mk/newsDetail.aspx?HaberKodu=0175cb6e-84f7-41f1-a7e7-45d47c1555c4