Морам да одговорам на оваа тема....Гледам одамна е почната, уште од времето кога јас бев бруцош....
Работите некогаш и сега не се ни приближно исти, всушност, работите од моето време кога бев бруцош и сега не се исти, а од тогаш поминаа само 4 години. Морам да ви одговорам најискрено на оваа тема и затоа ќе започнам од самиот почеток.
Прво и основно, приемен, не е ни приближно сличен на оној од времето кога е отворена темава. Имало математика, сега нема математика, имаше само цртање и психо тест сега има нацртна. Се на се приемниот е плати па клати, односно оди на часови кај Бети, која и покрај се е една од најдобрите на факултетот, помини го Демо тестирањето и ке влезеш на факултет, ако не ке си седиш дома или ќе одиш на приватен, што и не е некоја лоша идеа со оглед на програмата за која подолу ќе ви раскажам.
Второ и многу важно за идните млади архитекти, почетокот. Ако не сте спремни за вистинско откажување од слободно време, ако немате исклучително добар дечко/девојка кои ќе ве разберат, како што имав јас, ако сакате да си ја жртвувате кичмата, очите и надворешниот изглед, ако не сте љубител на спиење ит.н. вие сте на вистинското место. Тоа е тоа што ќе го изгубите и добиете во жолтата зграда на Партизанска.
Трето и неизбежно кога сте веќе во играта, пари. Бидете спремни да си ги дадете сите ваши, или на вашите родители, тешко заработени парички токму на и за факултетот. Нема повеќе скапа козметика, нови патики, одмор од милион долари и слично, сега ќе ви биде нормално да купите скап тенкоминец, разни и безобразни гуми за бришење, мини во сите дебелини, германски хамер, дебеломинец што чини колку нови патики, па картони во сите бои, лепаци за да ги залепите, гипс и секакви дребулии од кои ќе направаите макета, па принтер А3 или подгответе си да им купите на Зоки и Наде од чорапара уште едно кученце за фармата самоједи кои што ја поседуваат, затоа што секој студент на Архитектура во своите студии троши пари за принтање отприлика колку што кошта еден самојед со педигре....сума сумарум околу 500 денари на ден, вклучувајќи ги и кафињата од афтомат и кифлите од верона, а ако некогаш ептен ве пукне глад преку пат ви е и Вили, е тогаш денот ќе ве чини малку повеќе. Така е тоа, наместо со мала убава чантичка имитација на Луи Витон ќе одите на факултет со куфер за прекуокеански лет или со количка за мешање малтер....
Четврто и многу тажно гледајќи ги своите другарчиња од останатите факултети, колоквиуми, испити и програма. Бидејќи вие за пет години ќе бидете магистри морате да си седите на факултет од - до. Благо речено од 8 до 8. Морате на сите предавања и вежби за да добиете потпис, морате на сите колквиуми исто за да добиете потпис, морате и да ги сработите сите програми, пак за да добиете потпис, а за оценка ќе си одите на испит ако не сте освоиле доволно бодови за оценка. Така да очекувајте да се убиете од работа и учење и пак да си останете со 6ка. Програмата е хорор, за три години треба да поминеш се што порано се разредувало во пет години. Јас не бев доволно храбра и по три години прекинав, од блиски извори дознав дека останатите две биле најголем хорор.
Тоа е тоа, ви се допаѓало или не. Може некој нема да се согласи со мене. Не е сега дека се каам, ама очекував повеќе и поинаку.