Атеистите и бракот

P

Princ

Гостин
Значи имам една нелогичност која со години ме копка но никако да најдам интерес/време да го расчистам муабетов.
Прашањето ми е: зошто атеистите сакаат да стапат во брак?
Бракот нели е религиозна работа, нешто на кое сме обврзани поради религијата, и не разбирам зошто луѓето кои не веруваат на ниту една религија сакаат да стапат во брак.
Јас сум грешка во моето сфаќање или атеистите навистина имаат проблем?

Значи, на брак не обврзува религијата, и не разбирам како тоа двајца атеисти, луѓе со ВСС, сакаат да стапат во брак иако не се религиозни. Зарем едното со другото не се коси?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Зошто генерализираш ? Од каде знаеш дека сите атеисти сакаат да стапат во брак или пак дека сите религиозни сакаат да стапат во брак? Се е индивидуално. Јас како атеист не сакам да стапам во брак
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Бракот постои уште од античко време. Причини за стапување во брак не се секогаш религиозни, тоа би го поткрепил со цитат од Wikipedia:
People marry for many reasons, including one or more of the following: legal, social, libidinal, emotional, economic, spiritual, and religious.

Бракот, оригинално, бил користен во клановите (племињата итн) поради потребата за напредок на тие форми на уредувања.

Сите размисли во библијата и книгите на останатите религии се од многу порано. На "метафоричен" начин е објаснет начинот на човековото функционирање, и со користење на разумот можеме да видиме многу вистини. Слепо верување на површната прикаска е тоа што неможам да го разберам.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Леле браво за темава, и јас тоа се прашувам и баш ме интересира како тие луѓе се однесуваат во брак?
Дали ги почитуваат Божјите заповеди како на пример:
1.Не лажи
2.Не врши прељуба
И биди со партнерот во болест и здравје, во сиромаштија и богаство...
Сега повеќето ќе речат дека ги почитуваат, и дека во брак се влегува од љубов блабла, ама јас лично верувам дека тие луѓе немаат скрупули и ги изневеруваат партнерите кај стигнат не ме напаѓајте ама тоа е мое лично убедување и размислување, па дури и ги оставаат во најтешките животни ситуации сами да се справуваат со тоа....сум видела примери не зборам од памет
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Постои разлика меѓу граѓански и црковен брак.
Јас сум атеист и не планирам се венчам во црква, туку едноставно да се потпишам во матично, т.е да стапам во граѓански брак.

И не ми е јасно како го поврза бракот со религијата, брачната заедница настанала многу пред појавата на монотеистичките религии.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Бракот е општествен договор дефиниран долго пред религиите да го прифатат и озаконат во своите свети книги.
Вака би ти одговорил атеист.

Инаку бракот е првата институција која е формирана веднаш после создавањето на првиот маж и на првата жена.

Атеизмот е оверрејтед многу луѓе тврдат дека се атеисти, а не го знаат значењето на овој збор.
Јас знам да жонглирам до 200 со топка тоа не ме прави фудбалер или јас стојам во гаража но тоа сигурно не ме прави кола.
Стварно не знам која им е потребата на луѓето да припаѓаат на некоја група, јас сум атеист посебен сум сочуствувајте со мене О вие сличните на мене, биг диал...

Колективтетите во принцип треба да настанат како резултат на соработка на освестени индивидуи.

Не на:
јас го мразам јудејскиот бог затоа што утепал 10 милиони луѓе во Стариот Завет без притоа да знам дека тие народи денеска би се сметале за врх дна во морален аспект, ти сакаш Хеви Метал ај да си бидеме колективитет ќе си се викаме атеисти и ќе ги мразиме забеганиве.

Пошто атеизмот нема некоја цврста дефиниција ние треба да збориме за безбожништво, а денес тоа го има многу, во изобилие.

Баба ми била купена од дедо ми за 2000 тогашни евра а го вишла само еднаш во животот претходно и тоа од далеу, нејзините и кажале дека е "купена" па тоа не било пречка да доживеат +50 години брак се до смртта на дедо ми.

Денешниве генерации се комплетна спротивност на тоа,тие се ужас, не почитуваат ништо.
Тие се мразат.
Мразат ајвар,мразат математика,мразат родители,мразат наставници,мразат авторитети,мразат физичка работа,мразат глупи луѓе(изгледа не се виделе во огледало),мразат школо,мразат држава,го мразат досадниот водител,мразат кога паѓа снег,мразат кога врне,мрзат кога грее сонце,мразат пиперот што лути,мразат да мијат заби,мразат да купат нешто за пиење кога ќе им дојдат гости, се мразат...

Исфрустрирани и нерализирани индивидуи, безбожници во вистинска смисла на зборот.

Немој некој да се осудел да ме цитира и со болдирани ставки да ми кажува тука и тука си погрешил бла бла бла...
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Атеистот може да стапи во брак само од користољубиви причини: -наследување пензија, наследување имот по смртта на брачниот партнер, и
хеј не ме напаѓајте атеисти!

пошто сите останати причини како што се љубов, моногамија(верност во бракот и слично се религиозно индицирани) така да едино остануваат овие материјалистичкиве причини како најверодостојни за влегување на атеистот во брак(света заедница според црквата) што не смее да се растура, но за атеистот смее кога ќе прекинат користољубивите причини поради кој што го склучил бракот(партнерот се разболел, или осиромашел).....................
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.740
Поени од реакции
8.757
Леле браво за темава, и јас тоа се прашувам и баш ме интересира како тие луѓе се однесуваат во брак?
Дали ги почитуваат Божјите заповеди како на пример:
1.Не лажи
2.Не врши прељуба
И биди со партнерот во болест и здравје, во сиромаштија и богаство...
Сега повеќето ќе речат дека ги почитуваат, и дека во брак се влегува од љубов блабла, ама јас лично верувам дека тие луѓе немаат скрупули и ги изневеруваат партнерите кај стигнат не ме напаѓајте ама тоа е мое лично убедување и размислување, па дури и ги оставаат во најтешките животни ситуации сами да се справуваат со тоа....сум видела примери не зборам од памет
Епа зборуваш на памет.
Атеизмот значи неверување во Бог. И само толку. И нема никаква врска со хуманите или нехуманите, моралните или аморалните страни на човекот.
Не може да не те напаѓам, кога ти ги нападна сите атеисти, а со тоа и мене.
Не го изневерувам партнерот кај ќе стигнам, и не само што не сум го оставила во најтешките ситуации, туку сум била единствената што останала покрај него.

Бракот не е само религиозна категорија, напротив, и правна е. Постои граѓански брак, и црковен брак. Да беше исклучиво право на религиозните, немаше да постои како облигационен договор.
И најмалку се стапува во брак од љубов. Љубовта не е материјално нешто. Се стапува од рационални причини, најчесто потомството кое по дифолт добива најмногу ако е ,,брачно,,.
Јас би стапила во брак, иако не гледам ништо посебно во тоа. Би стапила во тој момент кога ќе сакам на сите да им кажам ,,е, баш со овој, ќе правам деца, одлучив,,.
 
P

Princ

Гостин
Одлично, веќе имаме прилично здрава дискусија и ми се допаѓа тоа.

Од каде знаеш дека сите атеисти сакаат да стапат во брак или пак дека сите религиозни сакаат да стапат во брак?
Не го реков тоа/не генерализирав. Ако го запазиш мојот болд, точно значи "зошто атеистите сакаат да стапат во брак?" без разлика дали како целина или еден пар.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Бракот е општествен договор дефиниран долго пред религиите да го прифатат и озаконат во своите свети книги.
Вака би ти одговорил атеист.

Инаку бракот е првата институција која е формирана веднаш после создавањето на првиот маж и на првата жена.

Атеизмот е оверрејтед многу луѓе тврдат дека се атеисти, а не го знаат значењето на овој збор.
Јас знам да жонглирам до 200 со топка тоа не ме прави фудбалер или јас стојам во гаража но тоа сигурно не ме прави кола.
Стварно не знам која им е потребата на луѓето да припаѓаат на некоја група, јас сум атеист посебен сум сочуствувајте со мене О вие сличните на мене, биг диал...
Токму атеистите се тие што одбиваат да делат по групи.
Токму атеистите се тие што не им е гајле дали нивниот пријател/брачен партнер е христијан/муслиман итн итн.
Токму атеистите ги гледаат луѓето како луѓе, не како подвижни етикети.

Леле браво за темава, и јас тоа се прашувам и баш ме интересира како тие луѓе се однесуваат во брак?
Дали ги почитуваат Божјите заповеди како на пример:
1.Не лажи
2.Не врши прељуба
И биди со партнерот во болест и здравје, во сиромаштија и богаство...
Сега повеќето ќе речат дека ги почитуваат, и дека во брак се влегува од љубов блабла, ама јас лично верувам дека тие луѓе немаат скрупули и ги изневеруваат партнерите кај стигнат не ме напаѓајте ама тоа е мое лично убедување и размислување, па дури и ги оставаат во најтешките животни ситуации сами да се справуваат со тоа....сум видела примери не зборам од памет
Девојче/Жено, свесна ли си какви глупости изнатропа?
Значи имам една нелогичност која со години ме копка но никако да најдам интерес/време да го расчистам муабетов.
Прашањето ми е: зошто атеистите сакаат да стапат во брак?
Бракот нели е религиозна работа, нешто на кое сме обврзани поради религијата, и не разбирам зошто луѓето кои не веруваат на ниту една религија сакаат да стапат во брак.
Јас сум грешка во моето сфаќање или атеистите навистина имаат проблем?

Значи, на брак не обврзува религијата, и не разбирам како тоа двајца атеисти, луѓе со ВСС, сакаат да стапат во брак иако не се религиозни. Зарем едното со другото не се коси?
Бракот не е врзан со религиите, simple as that.
Има многу даночни, социјални, општествени, финансиски итн. итн. причини зошто да се стапи во брак, а не верувам ни дека религиозните стапуваат во брак затоа што религијата им го налага тоа, туку затоа што општеството и државата индиректно им го налагаат тоа.
 
P

Princ

Гостин
Според тебе во која категорија спаѓам?
Ваквите постови во иднина ќе ги бришам, не правам топ листа и не генерализирам (да повторам). Чисто ме интересира двајца атеисти зошто би стапиле/сакаат/планираат да стапат во БРАК. Зошто брак. Зошто не некаква унија? Зошто не живеат едноставно заедно, па ако се роди дете - се роди, ако не здравје?

Едит: наместо поединечно да ве "обработам" оние што ми ги објаснуваат корените на бракот, ќе се обидам овде групно.
Значи религијата е онаа што го оформила бракот со кодекс и правила. Она што било (според мене) пред религијата била денешна цивилна/граѓанска/какоидасевикаше унија.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.740
Поени од реакции
8.757
Атеистот може да стапи во брак само од користољубиви причини: -наследување пензија, наследување имот по смртта на брачниот партнер, и
хеј не ме напаѓајте атеисти!

пошто сите останати причини како што се љубов, моногамија(верност во бракот и слично се религиозно индицирани) така да едино остануваат овие материјалистичкиве причини како најверодостојни за влегување на атеистот во брак(света заедница според црквата) што не смее да се растура, но за атеистот смее кога ќе прекинат користољубивите причини поради кој што го склучил бракот(партнерот се разболел, или осиромашел).....................
Додека напаѓаш, ќе бидеш напаѓана.
Жал ми е.

Моногамијата не се припишува само на религозните, од каде ти е овој податок? Јас познавам барем 10 моногамни атеисти, кои се во брак со личност која ја љубат, и кои се во брак зошто ја љубат личноста.
Исто како што познавам венчани во црква, кои изневеруваат.
И што, сите верници според тоа се промискуитетни?

Ги категоризираш атеистите како луѓе кои немаат ништо допирно со чувствата, со љубовта, со потребата од припадност. Не верувам во бог, но верувам во љубовта.

Твоите шпекулации се крајно навредливи.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Ваквите постови во иднина ќе ги бришам, не правам топ листа и не генерализирам (да повторам). Чисто ме интересира двајца атеисти зошто би стапиле/сакаат/планираат да стапат во БРАК. Зошто брак. Зошто не некаква унија? Зошто не живеат едноставно заедно, па ако се роди дете - се роди, ако не здравје?
Е зошто де :) Се е право на избор на поединецот. Затоа што не размислуваме сите исто и затоа што ако јас како атеист не сакам брак тогаш некој друг атеист сака брак (што не значи дека треба во црква да се венча - бракот не е подкатегорија на религијата)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
И не ми е јасно како го поврза бракот со религијата, брачната заедница настанала многу пред појавата на монотеистичките религии.
А политеизмот бил... што?
Монотеистичките религии само попримиле елементи од политеизмот кои им оделе во полза за да го држат народот сервилен.
Бракот е еден од тие преживеани мамути меѓу општествените норми. Тој дел со црквата најчесто атеисти го применуваат поради мама и тато или за да ги замолчат злобниците. И деца крштеваат за туѓ атер. :)
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Атеистот може да стапи во брак само од користољубиви причини: -наследување пензија, наследување имот по смртта на брачниот партнер, и
хеј не ме напаѓајте атеисти!

пошто сите останати причини како што се љубов, моногамија(верност во бракот и слично се религиозно индицирани) така да едино остануваат овие материјалистичкиве причини како најверодостојни за влегување на атеистот во брак(света заедница според црквата) што не смее да се растура, но за атеистот смее кога ќе прекинат користољубивите причини поради кој што го склучил бракот(партнерот се разболел, или осиромашел).....................
Љубовта е религиозно индицирана???
Сакаш да кажеш дека луѓето кои не веруваат во некакви измислени божества не можат да сакаат?
Ова е дефинитивно влегува во топ 3 најглупави работи што сум ги прочитала, не само на форумов, туку во животот.
Што се однесува до верноста, нема да ти се верува, ама постојат луѓе кои можат да бидат верни и без закани дека ќе горат во пеколот.
И гледам колку е бракот света заедница за тебе, голема верничке, затоа на темата Брак без секс го советуваше човекот да има брак на хартија, а да има секс на страна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom