Масони

N

Nessa Alcarin

Гостин
Му објасни некој на човекот дека Ѓаволот не постои или не му објасни?
Види друже, незнам што ти е филмот со „аналката“ но мислам дека постојано ти е таму умот (или па со мојот первезен ум само таму ми летаат очите :) ) Незнам дали си пратеник од „некоја црква“, за да шириш мудрост, или пак и ти сакаш да станеш Масон, незнаеш како па наместо да се „улизуваш“ ти одиш контра, за да те приметат...
Остани ми поздравен и во добро расположение....

Ме чуди тоа што праќаш ШМИЗЛИ магионичарски да ме напаѓаатдемек ЈАС сум бил вулгарен а сатанистите биле цвеќе за мирисање. Можеби тоа ти го храни ЕГОТО, а? НЕМОЌ.
??????? Од каде сега оваа идеа?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Пак сум погрешно разбран........

Пак сум погрешно разбран.......немав ништо против со постот......мислев да одговориш на прашањата кои беа поставени од Хептаграм, ова за тајноста не знам од кај испадна..........знам дека имаш пишувано за тајноста на темава, присутен сум од 36 страна од пред 2 и пол години........а дека не си бил присутен на форумов пред да станеш "мајстор" - е тоа незнам.....само знам дека кога ти го имам поставено тоа прашање одговори дека си калфа......ако сакаш можам и да го побарам одговорот, ама мислам дека нема потреба......
За тајноста не беше упатено кон тебе, а еден од претходните форумџии имаше поставено прашање...
Што се однесува до степенот - не сум дал таков одговор, затоа што во времето кога почнав воопшто да користам македонски интернет форуми, веќе одамна бев мајсторски степен. Баш сега проверувам кога сум почнал со пишување - на Кајгана е во Август 2008-ма, а на Идивиди веројатно Декември 2007-ма...
 
zok

Член од
27 октомври 2008
Мислења
36
Поени од реакции
16
Гледам некој постојано се фаќал за "мојов" на темава!
Не се сите сатанисти, немај гајле. Ти на пример и да сакаш, нема да бидеш никогаш. Многу си "грешен" затоа, не за друго.
Ние сме ѓубре светско, а ти цвеќе за мирисање, целиот во духот на христијанството - плукаш по се, лажно сведочиш и шириш омраза! Многу благородно, нема што.
Твојата цел била да укажеш на лагите! :pos:
Браво спасителу!! Да небеше ти, стотици и илјадници ќе беа ОБМАНЕТИ од нас, злите окултисти и сатанисти!
Немој да одиш, дури ни за кратко, биди присутен 24/7 и пази да не пропуштиш некој од нас!:tapp:
Не сакам да глумам модератор, ама ова не тема за сатанизам.
Разбирам дека има спротивставени мислења на темата, но би замолил од аспект на конструктивна дискусија како и можност да научиме нешто повеќе како од оние кои имаат позитивно мислење за слободното ѕидарство, така и од оние чие мислење е негативно, модераторот да не дозволува вулгарности (не се однесува на цитираниот пост) и оф-топик.
Благодарам.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Па баш затоа што не е тема за Сатанизам реагирав! Типот од уста не го вади.....сатанизмот де, и упорно плука по него, и покрај тоа што сум убеден дека ниту знае нешто, ниту прочитал, ниту пак се сретнал со сатанист во животот. Плус, навредува и омаловажува членови од форумов, и со тоа страшно ме иритира.
Почитувам аргументирани критики, но не и неосновани навреди и тролање.
 
kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Зидарски, долго се познаваме од многу многу многу форуми, насегаде само тврдиш а ништо не докажуваш, затоа сега би сакал да ми одговориш на неколку прашања, не сакам со одговори од типот, тоа е тајност, тука треба дискреција, или тоа не смеам да гго кажам.

Дали во масонеријата постојат врски со Илуминатите? (јавна тајна)
Ако не е тајно друштво, зашто не може секој да биде член??
Ако се бори за јавниот општествен развој и е хуманитарна организација, зашто никој не видел да спроведат некоја хуманитарна акција и јавно да се каже ова е организирано од големата ложа таа и тааа?
Кај што има пламен има и чад викаат старите, зашто сите секогаш настаните ги поврзуваат со масоните и со организации според нив??
Што ти мислиш за тоа дека вие, масонските ложи се само задскривање на една многу поголема и целосно таинствена организација на новиот светски поредок, која претставува сатанистичко движење??

Го чекам вашиот одговор.

Со почит.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198

На сите прашања ти е веќе одговорено во темата. Сака малку и читање...
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ставрогин - т'нко стоиме со читање на форумов некако... сите ги мрзи да читаат, а мене не треба да ме мрзи да пишувам пак...

Зидарски, долго се познаваме од многу многу многу форуми, насегаде само тврдиш а ништо не докажуваш, затоа сега би сакал да ми одговориш на неколку прашања, не сакам со одговори од типот, тоа е тајност, тука треба дискреција, или тоа не смеам да гго кажам.
За конкретнава тема - секој може да изрази мислење. Дали другите ќе веруваат на тоа или не, е нивна работа.
Дали во масонеријата постојат врски со Илуминатите? (јавна тајна)
Денес не, затоа што Илуминатите како организација не постојат. Во минатото да - затоа што таканаречените Илуминати биле масонска ложа во Баварија (во крајот на 18ти век). Не постојат многу одамна и ако не беа пишувањата на Лео Таксил, немаше никој да се сеќава на нив. Проблемот е што денешните "писатели", се повикуваат на некои цитати од Таксил како да се историски докази, иако самиот тој отворено признал дека се што пишувал се измислици. Не мора многу да се полемизира околу ова - земи и прочитај нешто пишувано од него директно, а не препишувано од други, и ќе видиш за што станува збор.
Ако не е тајно друштво, зашто не може секој да биде член??
Од истата причина што не може секој да биде фудбалер за Барселона, што не може секој да работи за Мајкрософт, што не може секој да предава на факултет... Ниедно од овие не е тајно друштво, но имаат многу ригорозни критериуми за тоа кој може да стане член. Зошто одеднаш тоа е проблем во Масонеријата?! Кога ќе станеш фудбалер на Барса, член на управен одбор на Мајкрософт и ќе предаваш на Сорбона (во исто време) - тогаш навистина ќе речам - има некаков проблем во врска со нашето примање на членови.
Ако се бори за јавниот општествен развој и е хуманитарна организација, зашто никој не видел да спроведат некоја хуманитарна акција и јавно да се каже ова е организирано од големата ложа таа и тааа?
Има и тоа многу. Иако што се однесува до донирањето се следи Библиското правило дека не треба да се зборува за тоа - заради вакви коментари и побуди, многу ложи се принудени да ги објавуваат барем најголемите донаторски акции, за да не будат сомнежи.
Еве пример: http://www.masonicfoundation.on.ca/ - ова е од мојата Голема Ложа, има листа на програми кои се финасираат... зборуваме за милиони долари кои се донирани во здравство, образование и слично. Го давам конкретниов пример, затоа што самото име на фондацијата е "masonic foundation", па е повеќе од очигледно кој стои зад неа. Разгледај го сајтот.
Еве уште еден пример: http://www.shrinershospitalsforchildren.org/ - ова е во САД, Шрајнер болниците се финансирани од масонската организација Шрајнерс. Ова се речиси единствените болници во САД кои нудат бесплатно лекување за деца со проблеми со коските. Над 80% од финансирањето доаѓа од масонски извори.
Во Северна Америка се многу послободни во јавното изразување на ваквите донации, во Европа, особено во источна - малку потешко оди тоа. Погледни го само форумов. Замисли како Големата Ложа дава донација за некое училиште и веднаш скокнуваат индивидуи, па и медиуми и обвинуваат дека сатанисти сакаат да ги врбуваат децата... не се ни шегувам, имаше пред неколку години ваков случај во друга Источно Европска земја...
Инаку - не се "бори" за јавен општествен развој, ниту пак е хуманитарна организација. Членовите се трудат да се подобри општествениот развој, и има хуманитарен елемент самата работа.
Кај што има пламен има и чад викаат старите, зашто сите секогаш настаните ги поврзуваат со масоните и со организации според нив??
Затоа што е така полесно. Полесно е да окривуваш некој друг за сопствените неспособности.
Што ти мислиш за тоа дека вие, масонските ложи се само задскривање на една многу поголема и целосно таинствена организација на новиот светски поредок, која претставува сатанистичко движење??
Ова веќе го имам кажано многу пати. Чиста глупост е и веќе премногу имам објаснувано зошто го мислам тоа. Прочитај низ форумот имам обајснето што е масонството и како функционира. Се разбира, знам дека тоа нема да го прифатиш како одговор, така што и јас и ти ќе останеме на првичните позиции, со што целиот разговор е бесмислен.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Исчистени последните 30 страници од навреди и забегувања, продолжете со дискусија, само знајте од тука натаму и мене ќе ми биде полесно да поделам банови.

Дискусијата е навистина одлична и факт е дека тема на која само некој цело време ќе пишува а сите ќе навиваат за него (било тој и навивачите да се масони или антимасони) нема да толерирам. Темава е една од најопсежните и најинтересните на интернет просторов на Македонија, бидете во склад со годините и интелегенцијата кои ги имате - дискутирајте за и против, искажете го вашиот став.

п.с религиозни забегувања едно подолу ;)
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Што мислиш ти, дали иницијанти на различни школи можат да ги разберат другите учења и иницијации?
Друго, зошто иницијацијата се предава преку ритуал?
Zidarski - Ај сега ако сакаш одговори на прашањава.......
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Aleksandar Nevski - еве ти и јавно предупредување да се собереш.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Масоните по дефиниција се религиозни луѓе. Сепак, тие (често пати со многу нервоза) негираат дека масонеријата е религија. Јас тврдам дека масонеријата, de facto, се поставува како над-религија (über religion). Еден од најчестите масонски одговори е дека масонеријата не е религија бидејќи не се раководи според некоја догма. Ова не е точно. Целејќи да ги опфати сите религии, масонеријата се јавува како како über religion со две основни догматски поставки: 1 верата во Големиот Архитект на Универзумот (универзална референца за Бог) и 2. постоење на живот после овоземниот. Понатаму, како и религиите, масонеријата пропишува и доктринарни правила за морално усовршување на човекот, за фундаментална вистина, апологија, доблесно заминување во „небесни ложи,“ итн.

Познатите масонски автори Albert Pike и Albert G. Mackey ја потврдуваат тезата дека масонеријата е и делува како религија.

"Every Masonic Lodge is a temple of religion; and its teachings are instruction in religion."
Albert Pike, Morals and Dogma, p. 213.

“From all this we see that the altar in Masonry is not merely a convenient article of furniture, intended, like a table, to hold a Bible. It is a sacred utensil of religion, intended, like the altars of the ancient temples, for religious uses, and thus identifying Masonry, by its necessary existence in our Lodges, as a religious institution. Its presence should also lead the contemplative Mason to view the ceremonies in which it is employed with solemn reverence, as being part of a really religious worship.”
Albert G. Mackey, Encyclopedia of Freemasonry p.60

Look at its ancient landmarks, its sublime ceremonies, its profound symbols and allegories -- all inculcating religious observance, and teaching religious truth, and who can deny that it is eminently a religious institution? ...Masonry, then, is indeed a religious institution; and on this ground mainly, if not alone, should the religious Mason defend it.
Albert G. Mackey, Encyclopedia of Freemasonry p.619

"The religion of Freemasonry is not sectarian. It admits men of every creed within its hospitable bosom, rejecting none and approving none for his particular faith. It is not Judaism...it is not Christianity. It does not meddle with sectarian creeds or doctrines, but teaches fundamental truth...At its altar, men of all religions may kneel; to its creed, disciples of every faith may subscribe."
Albert G. Mackey, Encyclopedia of Freemasonry p.641

"The Religious Doctrines of Freemasonry are very simple and self evident. They are darkened by no perplexities of sectarian theology but stand out in broad light, intelligible and acceptable by all minds, for they ask only for a belief in God and in the immortality of the soul."
Albert G. Mackey, Encyclopedia of Freemasonry p.731

"The religion of Masonry is pure theism." …"The truth is that Masonry is undoubtedly a religious institution which, handed down through a long succession of ages from that ancient priesthood who first taught it, embraces the great tenets of the existence of God and the immortality of the soul."
Albert G. Mackey, Textbook of Masonic Jurisprudence, p. 95

If it walks like a duck, quacks like a duck -- it is a duck.
 
Hitchhiker

Concordia
Член од
23 октомври 2011
Мислења
96
Поени од реакции
31
Ако може некој нека го објасни значењето на зборот "abaddon" искористен во 17 - тиот степен од шкотскиот ритуал. Со оглед на следново:

Revelation 9:11 They had a king over them, the angel of the Abyss, whose name in Hebrew is Abaddon, and in Greek, Apollyon.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Zidarski - Ај сега ако сакаш одговори на прашањава.......
Што мислиш ти, дали иницијанти на различни школи можат да ги разберат другите учења и иницијации?
Тоа што умот го разбира, не може да биде целосно, се додека телото и душата не го изживеат. Така што - иницијанти на различни школи (па и неиницирани), можат да сфатат за што станува збор, но никогаш нема целосно да разберат, додека не поминат низ самата иницијација. Токму тоа е целта на иницијацијата.
Друго, зошто иницијацијата се предава преку ритуал?
Како што реков погоре - не е доволно само да се прочита една информација за таа да стане дел од твоето битие. Кога целосно ќе се изживее, нејзиното значење е далеку поголемо. Ритуалот служи за сите членови на братството да поминат низ истото искуство, низ истиот процес. Создава сосема друга емотивна врска кога знаеш дека братот до тебе поминал низ истиот процес, дека некој сосема непознат брат во Австралија исто така... или дека Бенџамин Франклин ја имал истата иницијација како и ти. Поинакво е разбирањето на смислата на братството заради тоа.

Тапетарот - воопшто не го оспорувам твојот став и правото да го имаш. Немам намера да навлегувам во таа дискусија, затоа што веќе неколку пати сме ја воделе. Ти ќе тврдиш дека е религија, јас ќе тврдам дека не е, ти ќе вадиш реченици од Алберт Пајк, јас ќе вадам цели пасоси кои ќе докажуваат дека контекстот е сосема различен и пак ќе дојдеме до истото - ти повторно ќе тврдиш дека е религија... а јас ќе знам дека не е. Не мислам дека е проблем за понатамошното дискутирање ако останеме со различни ставови - затоа што инаку треба да ја вртиме дискусијата во круг во наредните 100 страници.
--- надополнето: Oct 23, 2011 11:55 PM ---
Ако може некој нека го објасни значењето на зборот "abaddon" искористен во 17 - тиот степен од шкотскиот ритуал. Со оглед на следново:

Revelation 9:11 They had a king over them, the angel of the Abyss, whose name in Hebrew is Abaddon, and in Greek, Apollyon.
Не би сакал да навлегувам во ритуални детаљи (имам објаснето претходно зошто), еве едно кратко и прилично точно објаснување на 17тиот степен:
17th degree - Knight of the East and West: The lessons of this degree are that loyalty to God is man's primary allegiance, and the temporal governments not founded upon God and His righteousness will inevitably fall. The apron is of yellow satin, with crimson and gold, and with a sword and Tetractys (of the Tetragrammaton) on it. The jewel is a heptagon of silver and gold, with crossed swords on a balance on the obverse, and a lamb on the Book of Seven Seals on the reverse. The jewel is hung from a double order -- one black (left-to-right) and one white (right-to-left), representing good versus evil. A gold coronet is also presented.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: zok

Kajgana Shop

На врв Bottom