pa vaka test se pravi obicno dva tri dena otkoga kasni ciklusot a mene me interesira ako ima nekoi zeni da kazat dali imale nekoi simptomi pred da im docni ciklusot,inaku jas sakam da sum bremena i nekolku meseci se obiduvam,sega za test e seuste rano i zatoa ja zapocnav temava ,bidejki sum nestrpliva sakam da vidam da ne si najdam nekoj simptom ,ete toa e toa
Inaku da,skoro site sto odgovorija na temava se mazi,interesno no sepak fala vi sto ucestvuvate zaedno so mene vo diskusijata
па вака ...прво ако се обидувате јас да ви посакам среќа па во најскоро време да славиме на форумов
Е сега за симптомите...знам дека во повеќето случаи симптомите се слични како пред добивање циклус.Значи болки во долниот дел од стомакот,подуеност,болки во градите најчесто болни брадавици кои е можно да сменат боја,да се прошират и да потемнат...па затоа многу жени обично помислуваат дека секој ден ќе добијат,а уствари не знаат дека веќе се бремени.
Можеш да прокрвариш малку некаде од 6 до 12 ден по односот како резултат на имплантацијата,односно кога оплодената јајце клетка се вгнездува во матката,тоа крварење можеби и да го помешаш со циклусот но трае многу кратко значи еден ден обично ,има некоја си розева боја,и не е обилно.
Најдобро е да почекаш да ти касни па потоа да направиш тест зашто ако го направиш рано,односно неколку дена пред датата кога треба да добиеш може да покаже неточен резултат,односно да покаже негативен.а ти си уствари бремена.
Па со среќа.
--- надополнето: Oct 22, 2011 10:09 PM ---
Пусти страв ја тера психата да продуцира секакви симптоми
Земи да ја читаш црвената книга на болести објаснета со симптоми ке речеш пола од болестите ги имам
да баш така....и ние еве веќе некое време се опуштаме и чудо да ви кажам обавезно ќе си најдам некој симптом...а уште почудно што откако почнавме да се опуштаме последниве месеци циклусот ми се поремети...веќе не добивам точно или ми подранува или ми закаснува некој ден...а претходно кога се пазевме ми беше точна.