Редовна војска повторно?

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.265
Аргумент кој ќе тврди дека со одење во војска ќе имам таква и таква бенефиција што се добива само со одење во војска.
Јас, како единка да бенефицирам.Не државата.
Државата се сите , множина не ТИ. не се работи само за тебе единка туку за колектив множина. се додека тоа не го разграничиш никаков аргумен никој на светот не може да ти даде.
незнам можеби едноставно не ја чуствуваш како своја, не гледаш потреба да ја браниш или да сториш нешто за неа без да бараш ништо за возврат,можеби сакаш да служиш во туѓа армија, можеби е спротивно на твоите религиозни сваќања. незнам.
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
Па сите сакаат само да земат од државата,а што ќе и дадат на државата.
За да земеш нешто треба да дадеш нешто
Не.Не сакам ништо од државата.Тоа е работата, сакам да ги снема таквите квази институциии.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.765
Поени од реакции
12.230
Додека бев годинаипол војска, некои врсници избегнаа служење. За тоа време се вработија или си отворија бизниси или учеа, се школуваа...јас годинаипол јадев од буџетот на родителите. Денеска меѓу нас нема разлика.
Што научив таму што не можев дома? За пукање или ползење уката се решава во недела дена. Денеска ниту знам да расклопам пушка ниту нешто друго што сме го праеле. Годинаипол (и после тоа постојано викање на вежби за без безе, дремење со месеци за Косово и Босна...) според мене бадијала потрошени. У војска само се затупува пошто офицери не трпат делење памет и мудрување. Ако е веќе потребно некое запознавање со оружје, тоа нека е многу краток период (за пола месец се запознаваат сите тие потребни вештини), а не пола година, година и повеќе.
 
T

Tetro

Гостин
^ Би рекол, до три месеци максимум. Секој ден повеќе би бил мачење. Но, порано војската значеше школа плус во животот за млад човек. Денес за жал, не е така.
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Додека бев годинаипол војска, некои врсници избегнаа служење. За тоа време се вработија или си отворија бизниси или учеа, се школуваа...јас годинаипол јадев од буџетот на родителите. Денеска меѓу нас нема разлика.
Што научив таму што не можев дома? За пукање или ползење уката се решава во недела дена. Денеска ниту знам да расклопам пушка ниту нешто друго што сме го праеле. Годинаипол (и после тоа постојано викање на вежби за без безе, дремење со месеци за Косово и Босна...) според мене бадијала потрошени. У војска само се затупува пошто офицери не трпат делење памет и мудрување. Ако е веќе потребно некое запознавање со оружје, тоа нека е многу краток период (за пола месец се запознаваат сите тие потребни вештини), а не пола година, година и повеќе.
Не ми е јасно, годинаипол си бил во војска и плукаш на изгубеното време и викаш не те научиле, нормално кога си дремел цело време како и 99% од сите што иделе досега во војска.
Јас се пријавив доброволец во АРМ пред да се запишам на факултет и од војската многу научив зашто бев доброволно во караула на македонско-албанска граница и бев 24/7 буден (додека ти и понатаму си дремел), фаќав илегалци со дрога и оружје, ми спасуваа живот додека бев гуштер и спасував животи на гуштери кога бев џомба, испразнив повеќе рамки од калашот и цели шест месеци после заклетвата не видов пичка со очи и не бев отиден дома и кога отидов за Нова Година тој викенд караулата ни беше нападната од качаците и жал ми е што не бев присутен да ги решам.
А што се однесува до изгубеното време, сите мои другари од маало избегнаа војска како пичкици и не само што го изгубија времето залудно и ми се смееја што идам во војска, но го изгубија и го губат сеуште цел живот и за жал останаа да си дремат и понатаму, не завршија факултети и повеќето не се вработени, а некои од нив станаа наркомани и си ебаа матер.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.765
Поени од реакции
12.230
Не ми е јасно, годинаипол си бил во војска и плукаш на изгубеното време и викаш не те научиле, нормално кога си дремел цело време како и 99% од сите што иделе досега во војска..
А што да правиш во институција која има хиерархија и каде се постапува по команда? На своја рака да преземаш безбедносни дејствија? Тоа во ЈНА не беше дозволено, ниту ако те тера на срачка, не смееш без да ти дозволи старешина.
Како што сфатив, си бил на граница. Мои врсници имаа слични искуства како твоите, но од многумина што биле на граница (Проклетија на пример, косовска граница) не слушам вака охрабрувачки муабети. Обично во тие темници не биле толку бестрашни. Инаку тој дел од армијата е многу мал %. Не можеле сите да не прекомандаат на граница, некој тенкист, некој плавец. Ти си имал таква среќа да ти било интересно во армија.
Јас сум имал попријатни нешта за живеење во цивил отколку да се пријавувам доброволец. Таков режим и живот каде јадеш нелупен компир и јаболка од подот на мензата, каде немаш врати на клозетите, каде спиеш често на трева, каде женско и секс (освен мастурбација) е мисловна именка, каде те заебава десетар со две метри школо, едина забава ракија и турбофолк ...ако сум мазохиста па да го сакам тој живот.
и викаш не те научиле,
А што конкретно ти имаш научено од вештините кои ќе ги користиш во цивилниот живот?
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
А што да правиш во институција која има хиерархија и постапување по команда?
Ебате хиерархијата во АРМ.
Кога бев во војска имаше мито и корупција, шипците што служеа војска со нас за 500 евра добиваа прекоманда на добри места, а ние Македонците си ја браневме државата.
А старешините од мито и корупција си правеа огромни куќи и секогаш кога одевме на заседа не праќаа на погрешно место и другиот ден преку ден гледавме траги на снегот како поминувале илегалци од другата страна. Старешините беа во контакт со илегалците и со качаците постојано и затоа се внесе многу оружје од Албанија и затоа имавме смислена војна во 2001.
Јас бев иницијатор за вонредни заседи во договор со еден будала-старешина, ама веднаш бевме стопирани и другиот ден дојдоа волците директно од Скопје со изговор дека они ја превземаат контролата врз границата тие неколку дена.
Се е другарче политика и бизнис.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.765
Поени од реакции
12.230
Тоа е. Во крајна линија повторно служиш за нечии цели. Наместо тоа човек може да се дообразува, да чита, да црта, музицира, спортува, да изгради кариера и дом, да се забавува...да работи за свои потреби и интереси во животот, кои повторно директно или индиректно се и државни интереси.
А војската ако веќе се воведува да е на доброволна основа (и за пари) оти секогаш ќе има некој што ќе сака или ќе мора да ја работи и таа работа. Кој сака нека му овозможат да служи и до пензија.
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
А што конкретно ти имаш научено од вештините кои ќе ги користиш во цивилниот живот?

Море фаќање секој копук на 18 години за уши и мрш нека се бори таму со силен ветар и да гази низ два метра снег, да видиш како ќе ојачаме како нација . . . Во војска ојачуваш и психички и физички и етички, а кој си е пичкица и бегал од војска си останал пичкица и во цивилниот живот.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.265
А што да правиш во институција која има хиерархија и каде се постапува по команда? На своја рака да преземаш безбедносни дејствија? Тоа во ЈНА не беше дозволено, ниту ако те тера на срачка, не смееш без да ти дозволи старешина.
Како што сфатив, си бил на граница. Мои врсници имаа слични искуства како твоите, но од многумина што биле на граница (Проклетија на пример, косовска граница) не слушам вака охрабрувачки муабети. Обично во тие темници не биле толку бестрашни. Инаку тој дел од армијата е многу мал %. Не можеле сите да не прекомандаат на граница, некој тенкист, некој плавец. Ти си имал таква среќа да ти било интересно во армија.
Јас сум имал попријатни нешта за живеење во цивил отколку да се пријавувам доброволец. Таков режим и живот каде јадеш нелупен компир и јаболка од подот на мензата, каде немаш врати на клозетите, каде спиеш често на трева, каде женско и секс (освен мастурбација) е мисловна именка, каде те заебава десетар со две метри школо, едина забава ракија и турбофолк ...ако сум мазохиста па да го сакам тој живот.

А што конкретно ти имаш научено од вештините кои ќе ги користиш во цивилниот живот?
незнам зошто сите сметате дека во војска треба да биде забавно.
никој не рече дека треба да биде забавно, а и не е. и во тоа е поентата. забавно може да ви биде цел живот во цивилство.
војската е тука да ве научи како е кога не е забавно, кога не е се по ваш кев и како што вие сакате. како е да спиеш на земја во ров, да јадиш сува храна , да почитуваш наредби од некој кој има два метра школо затоа што тој е со повисок чин и тн и тн. сите тие работи кои во случај на војна ке бидат ваше секојдневие. таа ве подготвува за непријатностите во животот за кои немате никакво влијание дали ке се случат како единка , но ако се случат барем да бидете колку толку спремни и да знаете што ве очекува.
и на крај кој спомна дека водењето војна е забавно, треба да си ненормален да сакаш такво нешто. но не секогаш тоа зависи од нас. војни имало и ке има, и сакале нејкеле во случај на агресија
некој сепак треба да застани на првите редови и да ја брани државата.
и најбитно од се, силната , мотивирана и подготвена армија служи како превентива за војна, а не причина за истата. исто се случува и во реалниот живот. дали вие попрво ке нападнете или ке му се силите на некој кој е јак и знаете дека не ви го фаќа окото или на некој слабак кој ке падни од првиот шамар. одговорот е очигледен.
п.с за сите тие што викаат што имам јас од тоа, што направила државата за мене па јас да морам да и возвратам.
што направила вашата куќа или стан за вас, па сигурно нема да му дозволите на комшијата да дојди кај вас дома и да ви кажува што треба да правите. ке му се спротивставите или ке го оставите да прави што сака? а и комшијата нема баш така лесно да се одлучи да влезе ако знае дека нема баш да го пречекате со кафе и локум .
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
Море фаќање секој копук на 18 години за уши и мрш нека се бори таму со силен ветар и да гази низ два метра снег, да видиш како ќе ојачаме како нација . . . Во војска ојачуваш и психички и физички и етички, а кој си е пичкица и бегал од војска си останал пичкица и во цивилниот живот.
Ај не продавај муда за бубрези.Физички можеш да ојачаш и фудбал ако тренираш, и на кеј ако трчаш.Ти ако си од оние што се пучат со
100 кила мускулна маса и 100 центиграма мозок, не подведувај некој со малку повеќе акал од вообичаено во твоите догми.
Етиката е човечка креација
Што убаво заклучуваш дека тој што не служел војска е пичкица.Па според мене, ти си пичкица затоа што униформата и божемното стекнато искуство ти ја хранат суетата и ти го ублажуваат сомнежот во машкоста.
Кога веќе анализираме кој-што-како-зошто...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.265
Друже, со ова не се согласувам ич :tapp:
не си ме сватил што ми беше поентата.
не се битни личните уверувања на поединецот, не е битно дали тој сака или нејке да служи војска , дали се коси со неговите морални вредности и тн и тн, битно е дека мнозинството го бара тоа од него.
ако одат сите ке оди и тој.
тоа сакав да кажам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom