Меѓународно движење против промена на името

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
^ ^ ^ ^ ^ ^
Па Солун е македонски град.:D
A нашиве лижигазовци за бесилка?
И дома се фиромизираме

Република Македонија речиси две децении води битка за уставното име, кое го оспорува нашиот јужен сосед. И порај тоа што досега сме упатиле бројни забелешки за неупотреба на нашето уставно име на официјални средби и манифестации во светот, за жал ни се случува и дома наместо Република Македонија, да се употребува цело или дел од привременото име под кое земјава е примена во ОН. Таков е случајот и со Регионалната конференција на која беше промовиран концептот на „Европа Ре“ за развој на пазарите на осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа, што се одржува во Охрид. На официјалниот банер на конференцијата пред името Македонија наместо Република стои кратенката „FYR“.




OhridNews​


14.10.2011 08:00​

Прочитана е : 885 пати​




© 2011 Ohridnews.com
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Студентите до Филе: Ние сме Македонци, не тргуваме со нашите чувства и традиција
од Macedonia Through Pictures во четврток, 20 Октомври 2011 во 18:07
Писмо од македонските студенти потпишано од Иван Живковски, претседател на Студентскиот парламент при УКИМ, Александар Митревски, претседател на Студентскиот парламент при универзитетот Св. Климент Охридски и Трајче Здравков, претседател на Студентскиот парламент при Универзитетот Гоце Делчев денеска беше испратено до еврокомесарот за приширување на ЕУ, Штефан Филе.


Во продолжение интегрално ви го пренесуваме писмото од македонските студенти.

На почетокот, од името на македонските студенти, би сакале да ги изразиме нашите длабоки верувања во европските вредности, во демократијата, толеранцијата, почитување на културната разноликост и уважувањето на можностите за непречен развој на поединецот и нацијата.

Сакаме да Ве известиме дека македонската студентска јавност со длабоко разочарување и горко чувство на разочараност ја прими веста за непостоење на терминот “македонски” како лингвистичко средство за идентификација на нашиот јазик и нашата националност во последниот Извештај за напредокот на Република Македонија. Уште повеќе не вознемири информацијата дека и на неколку настани кои следат по врачувањето на Извештајот, претставници на Европската комисија и на Европската унија, во своите јавни и затворени настапи не го користат терминот македонски и го заменуваат со определени супститути кои уште повеќе го засилуваат чувството на сеопшта девалвација на нашиот народ и нашите атрибути.

Иако може да ги претпоставиме мотивите, никако не можеме да разбереме која е оправданоста на ваквото однесување од страна на претставници на европската заедница која во своите темели ја има вградено разноликоста и културниот и национален диверзитет како темелни вредности. Не можеме да сфатиме како мислите заеднички да ја шириме и промовираме европската максима за еднаквост во различностите, а од друга страна дрско и брутално да ни ускратувате да бидеме Македонци, кои говорат македонски јазик и имаат македонска националност.

Нашата младост и нашиот ентузијазам не мотивираат и ни дозволуваат остро да протестираме против ваквиот тип на непринципиелно и крајно некоректно однесување. Оваа деградација која ја правите врз нашиот идентитет е удар врз нашите чувства, кој е суштински и кој може да остави длабоки последици во нашата реалност, и пред се да создаде недоверба на македонскиот млад човек кон принципите на Европската Унија и кон вредностите кои таа ги прокламира. Неискрениот однос на едно место или во една пригода, како што е оваа кон нас, може да биде протолкуван како општа неискреност, а тоа не е добро во ниту еден случај. Вие, ни го ускратувате правото на еднакви вредности, и на еднакви можности, Вие не ставате во нерамноправен третман со нашите врсници ширум Европа во културниот натпревар за нови вредности, дела и достигнувања.
Ние, како млади луѓе, кои цивилизациски и вредносно, а и природно припаѓаат на Европа сакаме и веруваме во идејата за сеевроспка интеграција и со целиот наш потенцијал, капацитет и кадровност работиме, веруваме и придонесуваме за интеграција на Република Македонија во Европската Унија.

Сепак, би сакале да Ви биде кристално јасно, дека во Европската Унија сакаме да влеземе и да продолжиме да придонесуваме кон нови заеднички вредности како Македонци и никако поинаку. Тука нема дилеми, и нема размислувања. Не очекувајте од нас да прифатиме да тргуваме со нашите чувства, со нашата традиција, со нашата генетска и културолошка определеност како Македонци, за било што, или за било каква придобивка. Во животот има приоритети, генерациите се одбележуваат по почитувањето на принципите, и ние немаме намера да потклекнеме на било каков притисок, или било каква непринципиелност, или пак да бидеме залажани од некакви блескави понуди кои немаат суштина. Го немаме тоа право, затоа што тоа зависи и од нашите предци, и од нашите наследници, но и да го имавме, ќе го отфрлевме со индигнација.

Македонските студенти, со почит Ви порачуваат и Ве замолуваат, сериозно да ги преиспитате Вашите поенти и Вашето однесување, и со сиот Ваш авторитет да ја прекинете оваа неубава појава која ја практикува Европската Унија во која што сеуште веруваме, и да се однесувате согласно меѓународното право кое е прифатено и верифицирано со принципите и документите на Организацијата на обединетите нации, каде што јасно и прецизно, нашиот јазик е означен како македонски, а нашата националност како македонска.

Почитуван г-дин Филе,

Европската унија е наш врвен приоритет, но ние нејзе ја замислуваме како Унија на вредности и принципи, а не на илузии, непринципиелност и трговија со души и ситни интереси заради солидарност.
Тврдењата, кои ги читаме во нашите медиуми дека Комисијата не е институција која признава јазици е потценувачка и навредувачка. Зошто тогаш Комисијата кога веќе не е таа која признава, не го употребува нашиот јазик, кој патем кажано е потврден во формуларот на Обединетите нации. Зошто директно се вмешувате во спорот со Грција во врска со нашето уставно име? Зошто тогаш се сите оние Ваши изјави дека спорот е за името, а не за јазикот, нацијата, односно идентитетот? Зошто завземате страна и како сметате понатаму да течат разговорите во спорот кога вие на Грција и давате таква комотна позиција, со која Грција сега може да чека колку сака, и нема никаква мотивација за решение?

Овие и многу други прашања заслужуваат одговор. Македонија заслужува одговор. Вредностите и принципите на Унијата за кои се бореа Моне, Шуман, Аденауер и другите, заслужуваат одговор.

Да живее Европската унија! Да живеат слободата, правдата и еднаквоста!


Конечно едно добро нешто од нашиве ни таканаречени студентски лидери.Освен претпоследната реченица во писмото.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Ме чуди како само опозицијата ќути како курва
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Ме чуди како само опозицијата ќути како курва
Како? мислам дека тука си употребил вишок збор.
--- надополнето: Oct 20, 2011 10:29 PM ---
А инаку овие дебели комуњарски гзови се исто па исто... како јадење да не виделе. Ве молам некој леб нека им дадае аман умреа од глад. :tapp:
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Па си го вртат у нивна корист знаат дека народот мање више сеуште мисли дека ЕУ=господ ...
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
па си го вртат у нивна корист знаат дека народот мање више сеуште мисли дека ЕУ=господ ...
Да, истиот тој ДЕЛ од народ што мисли дека сеуште живее во Југославија и чека се од горе да му падне место да се зафати со работа...

Да се подзамисли човек колку само наликува на претходниот пропаднат систем оваа ЕУ и пак не им иде памет на луѓе.

Ако, кој не учи од историјата осуден е да ја повторува само за жал ги повлекува и тие разумните со него.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Знам дека неќутат со напади кон Груевски..ама дали за нив е нормално тоа што добивме од ЕК ? Или рамно им е се
абе нив може лично им пречи ама у моментов пробуваат нешто друго ..
--- надополнето: Oct 21, 2011 12:10 AM ---
Да, истиот тој ДЕЛ од народ што мисли дека сеуште живее во Југославија и чека се од горе да му падне место да се зафати со работа... да се подзамисли човек колку само наликува на претходниот пропаднат систем оваа ЕУ и пак не им иде памет на луѓе. Ако, кој не учи од историјата осуден е да ја повторува само за жал ги повлекува и тие разумните со него.
тоа е за жал ... а реалноста е дека од цело еу само една германија е здрава .... се друго пиши пропало
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204



Недела, 23 Октомври 2011 12:44

Сподели
696

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Македонската кошаркарска федерација испрати писмо до еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во кое изразуваат навреденост од “последните постапки на Европската Комисија со кои се негира нашиот Македонски идентитет“.


Се уште се свежи спомените на штотуку завршеното Европско првенство во кошарка во Литванија, на тој собир на заедништво и спортско надмудрување кој ја обедини Европа и ги обедини сите нејзини граѓани. На тоа првенство, со сиот наш потенцијал и спортски дух и со целата енергија игравме за Република Македонија, за македонската кошарка и за македонските навивачи а попат ги освоивме симпатиите на сите неутрални и вистинските љубители на спортот.
Нашите успеси на Европскиот собор звучно одекнаа во сите делови на светот, од устата на спортските коментатори од целиот свет кои не се штедеа да истакнат дека “Македонската репрезентација”, “Македонците”, “Македонија” прават вонсериски успех, до статиите и прилозите на најзначајните светски и европски весници и телевизии кои соопштија за големиот дострел на македонската кошарка.
Затоа сме крајно навредени од последните постапки на Европската Комисија со кои се негира нашиот Македонски идентитет. Тоа е навредливо потценување на нас, и на нашите македонски граѓани кои ни ја дадоа сета своја љубов и подршка да постигнуваме успеси.
Ние добро знаеме кои сме и што сме, тоа се гледа на нашите дресови, тоа се покажа преку натпреварите и коментарите на светскиот печат, а најдобро се потврди во текот на целото првенство и осебно на свечениот дочек кога цела Македонија во еден глас пееше за успехот на Македонците. Тоа се факти кои се неспорни и кои ги прифаќа сиот слободен свет, и треба и Европската Унија која ја респектираме, исто така да ги прифати.
Почитуван Еврокомесаре, спортот е базиран на фер плеј кодекс и не учи на вредности и достоинство, и ние само сакаме да се почитуваат вредностите и достоинството. Тој спортски кодекс го прави спортот величенствен и општо прифатлив за секоја човечка индивидуа низ целиот свет но за жал и многу различен од политиката. А токму политиката најмногу би добила со почитувањето на спортскиот кодекс и фер плеј, со што би стекнала достоинство и подршка во очите на секој еден граѓанин на Европа
Искрено се надеваме дека ќе го смените вашиот однос, и од името на сите Македонски граѓани кои безрезервно не подржуваат бараме од Вас да не нарекувате онака како што се чувствуваме со целото свое срце и целата своја душа – Македонци, и никако поинаку.

Интегрален текст од писмото на Кошаркарската федерација на Македонија испратено до еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Остра реакција на Хаџи Ристески кон Штефан Фуле

Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи Ристески испрати остра реакција кон Штефан Фуле, европскиот комесар за проширување на ЕУ.


Почитуван г-дине Фуле : “Со длабоко вознемирување ги примивме информациите дека Европската комисија промовира и практикува отворена негација на македонскиот идентитет. Ваквите постапки не се правилни, не се добри, и не му користат на никого, и затоа треба што побргу да бидат сменети и да не продолжуваат да се спроведуваат.

Фудбалот, како најважната споредна работа на светот, покрај тоа што е најзначаен спорт, е и голем промотор на здравиот систем на вредности и на културни придобивки. Фудбалот, и фудбаласката светска и европска федерација, покрај тоа што промовираат здрав живот, спротивставување на расизмот, насочување кон образование за индивидуален напредок и избегнување на навредувањето по било која основа, промовира и почитување помеѓу луѓето и почитување на идентитетите, вредности кои ние како претстваници на македонскиот фудбал дословно ги почитуваме, и очекуваме од вас како граѓани на Европа истото тоа да го правите.

Токму овие вредности, кои се цивилизациски и морални, а кои се прифатени од милијарди луѓе на планетата, нека Ви послужат како пример и инспирација како треба да се однесувате, со почит, со уважување на нашето достоинство и со отворени врати за соработка без подметнувања и понижувања.

Нашите фудбалери се промотори на универзалните човечки вредности ширум Европа и светот, и придонеле во развојот на фудбалската игра и зближување на нациите. Нашите фудбалери и во многу конкретни ситуации не дозволиле да бидат понижени, а кога некој се дрзнал да им го оспори македонскиот идентитет, се спротивставиле, и не дозволиле да бидат издевалвирани, туку напротив успеале светот да биде запознаен дека тие се Македонци, и ништо освен тоа. Така ќе биде и во иднина, секогаш и секаде.

Од името на Фудбалската федерација на Македонија ви порачуваме, ги претставуваме боите на Република Македонија, играме за македонската репрезентација и за македонските граѓани.

Со почит,
Харалампие Хаџи Ристески
Претседател на Фудбалската федерација на Македонија

Ohridnews​

23.10.2011 15:45

Прочитана е : 21 пат


Реакции поради неименувањето на македонскиот јазик во Извештајот на ЕК

21.10.2011 - 17:02 |

Ректорите на Скопскиот, Битолскиот и Штипскиот универзитет со отворено писмо до еврокомесарот Штефан Фуле. По студентите денеска и тие реагираат на избегнувањето на терминот македонски во своите извештаи и документи.

- За жал, колку и да се обидуваме да разбереме дека станува збор за техничка грешка, вообичаен стил на изразување и слични објаснувања, потценувањето на интелегенцијата на еден народ, кој на светот им ги даде Александар Македонски, Светите Кирил и Методиј, сопокровителите на Европа, Св. Климент Охридски, цар Самоил, Кукузел, Прличев, Мисирков, Миладинови, Делчев, Сандански и многу други, народ кој ја запали искрата на писменоста и културата во Европа и народ кој своето постоење го вгради во светската цивлизација, е неоправдано, неразбирливо и крајно навредливо - му пишуваат тројцата ректори на Филе.
Протест за избегнувањето на терминот македонски упати и друштвото на писатели.
- Обидот на Европската комисија за бришење на македонскиот јазик во Извештајот за Република Македонија е без преседан со својата мрачна визија за бришење на идентитетот на еден народ кој со векови опстојува на тлото на Европа - стои во реакцијата на писателите.
И интелектуалците и експертите во оваа област реагираат за бришењето на придавката.
Во својата колумна за Бизнис, Панде Колемишевски изразува зачуденост што македонската опозицијата ги пренагласува слабостите во извештајот, а не придава значење на навредата со името кое е од стратешки интерес.
- Без осуда на бришењето и без барање придавката да се врати опозициските партии поединечно или групно застануваат на спротивната страна на чувството на македонската национална гордост контра македонскиот дух како и на спротивната страна на признаените историски стекнати меѓународни права - пишува Колемишески.
Во наредните денови се очекува зголемување на бројот на интелектуалци и групи кои ќе испратат своја реакција до Европската комисија.
Андријана Бубало

© 2011 Ohridnews.com
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
РФМ: ЕК ги навреди чуствата на секој Македонец
Ракометната федерација на Македонија испрати писмо-реакција до еврокомесарот за проширување ма ЕУ Штефан Филе за неупотребата на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија.


“Македонскиот ракомет е значен дел од европскиот ракомет. Ние сме непријатно изненадени од последните постапки на Европската унија, со кои се брише македонскиот јазик и македонскиот идентитет на крајно нецивилизиран и неправеден начин. Тоа е тешка навреда за македонскиот народ и силно ги повредува чувствата на секој Македонец. Ваквиот нечесен однос е спротивен на реалноста во која е потврдено дека Република Македонија постои и постои македонски народ, а нашиот идентитет е македонски, стои во дописот на РФМ.

Федерацијата на ракометарите потсетува дека европски првак во клупски ракомет е и македонскиот шампион „Кометал Ѓорче Петров“ и дека никој во ракометна Европа нема проблем со тој факт.

- Па затоа сме зачудени зошто Европската унија би имала нешто против македонскиот идентитет. Би сакале да потенцираме дека ние сме се чувствувале, се чувствуваме и ќе се чувствуваме како Македонци. Доколу Вашиот однос на негирање на овој факт продолжи, би имал само негативни ефекти, а знаеме дека Европската унија промовира само позитивни вредности и позитивни ефекти, и тоа не би ви одговарало ни на вас, стои во писмото-реакција, потпишано од генералниот секретар на РФМ, Марјан Начевски.

Федерацијата го повикува Филе да го смени негаторскиот однос и е убедена, пишува во писмото, дека и тој интимно знае дека е неточен и неправеден. - На тој начин да опстоите на принципите на Европската унија за правда, за соработка и за почитување на различностите, наведувам Ракометната федерација на Македонија.

Ohridnews​

23.10.2011 17:40



© 2011 Ohridnews.com
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Хари реагирал ..Хари Хаџи Ристески :pos:
ее ова е веќе нешто.. ја мислам Филе длабоко ќе се замисли после ова писмо :eek:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Хари реагирал ..Хари Хаџи Ристески :pos:
ее ова е веќе нешто.. ја мислам Филе длабоко ќе се замисли после ова писмо :eek:
Ова е некое лижење гз на Грујо.Ама во секој случај ,не е на одмет писмото.Да не бидиме немтури ко ќе не прает Марсовци од Недојдија!
Уште едно:
Остра реакција на СВП до еврокомесарот Филе поради негирање на македонскиот идентитет

Управниот одбор и дирекцијата на Струшките вечери на поезијата му напишаа писмо на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, во кое изразуваат несогласување поради изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот за Република Македонија на Европската комисија.

„Струшките вечери на поезијата се една од најстарите поетски манифестации во светот, која годинава го славеше својот педесетгодишен јубилеј, под покровителство на УНЕСКО. Присутни беа над 300 учесници и гости од пет континенти.

Струга е синоним за зближување на народите и поетите, на традициите и јазиците, сочинувајќи големо братсво на творци во нивните хумани мисии за подобар свет. Десетици и десетици поети од светот се преведени на македонски јазик, со што е сочувано достоинството на нивните идеи и пораки. Но и обратно, поетските вибрации на македонскиот јазик се присутни во светот преку бројни преведени дела од македонски автори, особено песната „Тжга за југ“ од Константин Миладинов. Таа е преведена на јазиците на стотина земји од светот.

Поезијата на венцоносците: Неруда, Монтале, Алберти, Енцензбергер, Рицос, Вознесенски, Гинзберг, Бродски, Тед Хјуз, Хини, Махмуд Дарвиш и др. вклучувајќи го и годинашниов нобеловец Томас Транстромер, преведена е на македонски јазик, а достоинствата на нивните творци веќе се неодвоив дел од нашата култура.

Речено е дека за поетот јазикот е неговата татковина. Македонскиот јазик е нашата татковина. Управниот одбор и дирекцијата на Струшките вечери на поезијата го осудуваат несфатливиот и неприфатливиот чин на негово негирање.“ - стои во соопштението што Управниот одбор наСВП му го испрати на еврокомесарот Филе.

Покрај раководството на Струшките вечери на поезијата, писма со незадоволство поради негирање на македонскиот идентитет во извештајот на Европската комисија вчера испратија и Фудбалската, Кошаркарската и Ракометната федерација на Македонија.


OhridNews​



24.10.2011 00:05​

Прочитана е : 161 пат​




© 2011 Ohridnews.com
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Потребни се заеднички реакции, бидејќи со демонстрирање на обединетост и протести ќе испратат силен импулс дека не сме заспани, дека нема да попуштиме под било какви притисоци.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Ја поздравувам заедничката акција. Конечно и ние заедно. :cuc:
Следен пат пред да дадат извештаи, да им се пушти превентивно гласини дека ќе си имаат проблеми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom