Околу јавниот проглас на Балисти (а во контекст на форумските правила), во кој тие конечно се изјаснија дека
неќат Славо-македонци во тимот:
Ова е исклучиво моја презентација на факти, која нема врска со ставот на форумските власти и кои факти нема да го решат проблемот.
Да. На форумов постојат членови кои се дел од навивачка група Балисти. Официјално, групата го користи називот Славо-македонци (инспирирани од Грците, кои први го измислија).
На форумов не е дозволена употреба на зборот Ши.тари. Затоа што е навредлив за Албанците.А не се сите Албанци, членови на навивачката група Балисти.
Исто така, сигурен сум дека и доколку некој го употреби (исто така навредливиот) Славо-македонци, ќе биде санкциониран.
Значи, факт е дека тука имаме група на форумџии кои надвор од форумот милуваат да не викаат Славо-македонци, но исто така има и група на форумџии кои надвор од форумот милуваат да го употребуваат зборот Ши.тар.
Разликата е таа што првата група, надвор од форумот, официјално и јавно се огласи дека "не сака Славо-македонци во нивниот тим". Значи имаме тука луѓе кои официјално и јавно се декларираат како поборници на негаторските ставовите на грчките национал-шовинисти.
Ме интересира дали на пример Комитите имаат некој свој официјален проглас во кој Албанците ги именуваат како Ши.тари.
Но, едно е кој што прави надвор од форумот, а друго е што се прави на форумов. Форумското редарство и правила не постојат за да ги регулираат постапките на членовите надвор од него.
Верувам дека доколку форумскиот дел од таа група Балисти го употреби зборот Славо-македонци, ќе биде санкционирана (како и секој друг). Но, од друга страна ако не нарекуваат Македонци, пак нема да бидат искрени кон своето навивачко братство и ќе покажат дволичност, во најмала рака.
Епа Балисти, што ќе биде? Славо-македонци или Македонци?