Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа колку скандали ќе искочат за местени утакмици...сеа да си у Италија и да кажеш све, најбогат човек ќе станеш. :D
 
Навивачката група Комити денес го посети домот за деца без родители „25 Мај“ и им подари топки,маици и сезонски карти за ФК Вардар.ХУМАНОСТА НА КОМИТИ ПРОДОЛЖУВА
 
Најстариот фудбалер во Македонија, легендарниот голман Васил Дилев-Дитљак почина денеска во 98г од животот. „Дитљак" кој е роден во далечната 1913 година беше еден од пионерите на македонскиот фудбал и како голман го чуваше голот на СК Македонија и ФК Вардар. По завршувањето на фудбалската кариера беше првиот тренер во Македонија со положен тренерски испит. Со неговото заминување замина најстариот жив фудбалер во нашата држава.

Нека почива во мир
 
Нека почива во мир.
Иначе би требало следната утакмица да истакнеме парола во негова чест !!!
 
Навивачката група Комити денес го посети домот за деца без родители „25 Мај“ и им подари топки,маици и сезонски карти за ФК Вардар.ХУМАНОСТА НА КОМИТИ ПРОДОЛЖУВА

Ве нема во весници...а само да стапнете по патика некој што не треба ќе направат од мрава - крава :) Секоја чест.
 
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=1700
Доле некој напишал дека ранци, шалови и новчаници со знакот на Вардар веќе имало во продажба. Шаловите и новчаниците биле по цена од 700 денари. Па не би рекол дека е баш пристапна цена :D
 
Утре од 6 на градски, така?

Иначе за цените што ги спомнавте погоре и јас мислам дека се малку прескапи за наши услови, еве конкретно во Италија на Интер шаловите се 12 евра, на попуст има од 8,40 и 5 евра.
 
ЕКСКЛУЗИВНО: МАКЕДОНИЈА, СЕПАК, ЌЕ ИМА ПРЕТСТАВНИК ВО БАЛКАНСКИОТ КУП

Вардар домаќин на Ц. Звезда, Панатинаикос и Фенербахче

Досега позитивен одговор за учество дадоа претставниците на турските, бугарските и српските клубови, а во најбрз можен рок ист таков одговор се очекува и од челниците на романските и грчките клубови

858FF99AAFBD4843B0799578315BCFEF.jpg
Националната арена "Филип Втори" исполнета до последно место, Вардар на мегдан со Црвена Звезда, Партизан, Фенербахче, Галатасарај, Олимпијакос, Панатинаикос, Левски.
Ова сценарио кое важи за сон на сите најверни фанови на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, може многу брзо да стане реалност откако челниците на Вардар потврдија дека "црвено-црните" добиле покана да бидат дел од Балканскиот куп, што по неколку одиграни сезони би требало да се трансформира во Балканска лига.
Иако се уште не е дефиниран официјалниот став, челниците на ФИФА и УЕФА, позитивно гледаат на ваквата идеја, а далеку појасна слика за овој проект ќе се добие во ноември кога во Софија ќе се одржи планираниот форум на кој ќе присуствуваат претставниците на сите клубови кои се поканети да учествуваат во ова натпреварување.
- Остварени се контакти со организаторите кои сакаат и Вардар да биде дел од ова натпреварување. Добивме покана и да учествуваме на форумот што ќе се одржи во Софија во ноември. Нормално дека нашиот одговор е позитивен, сакаме да играме, да се надигруваме со најдобрите клубови на Балканот, изјави претседателот на нашиот најтрофеен клуб, Зоран Шишковски.
За разлика од Македонија, која ќе биде претставувана само од еден клуб, по три екипи ќе имаат Србија (Партизан, Црвена Звезда и Војводина), Грција (Олимпијакос, Панатинаикос и ПАОК), Бугарија (ЦСКА, Левски и Локомотив од Софија), Романија (Стеауа, Динамо од Букурешт и Клуж) и Турција (Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ).
Досега позитивен одговор за учество во лигата дадоа претставниците на турските, бугарските и српските клубови, а во најбрз можен рок ист таков одговор се очекува и од челниците на романските и грчките клубови.
- Сите можат да профитираат од оваа лига, ние како клуб, а и македонскиот фудбал во целина. Кој не сака добри натпревари, атрактивни противници и полн стадион. Прекрасно ќе биде ако играме 15 натпревари дома и 15 на гости. Ние мора да ја искористиме оваа добиена шанса. Македонија доби предност пред Црна Гора, а најпознатиот хрватски клуб, Динамо (З), одговори негативно на поканата со образложение дека има премногу обврски и не може да биде дел и од националната лига и Купот на Хрватска и од Балканскиот Куп. Според последните информации кои ние ги добивме ова натпреварување треба да стартува веќе следната сезона, нормално прво треба да добиеме благослов од УЕФА и ФИФА, изјави претседателот на Вардар.
Благодарение на новото клупско раководство и на огромната поддршка која ја добива од првите луѓе на Градот Скопје, најпознатиот спортски бренд од Македонија, повторно чекори на победничките патеки.
По пауза од неколку години, во кои беше предмет на исмејување, причина за расправија за сопственоста, долговите и продажбата на фудбалери, Вардар повторно е страв и трепет во националната лига, лидер и прв фаворит за шампионската титула.

Превземено од vecer.com.mk
 
700 за шал е многу.
Големо браво за балканскиот куп. Многу би придонел за вракање на публиката на градски. Само се надевам дека ке се засилиме уште малце зимава за да не доживееме фиаско во првата сезона од балканскиот куп. Па да не не канат веке.

Не верувам дека ке има дозвола за гостински навивачи. Многу големи националисти има на балканов.

Утре ке може да се влезе на полувреме ??
 
Се надевам дека една ваква лига конечно ќе придонесе за правење на одличен тим, бидејќи со момернталниов има да примаме по 5 парчиња секоја утакмица :P
Инаку цените не се официјални, туку ги имаше пишано едцен момак во коментарите после прилогот во Екипа...

Бтв утре ради испитни обавези ќе мора да го пропуштам куп мечов, така да очекувам RedBlack да даде еден извештај после тоа :D

Ситуацијата во 11 Октомври е очајна. Даваат откази и претседатели и се живо и диво...
Очекувам уште утре да го ртешиме патникот во полуфиналето со победа од 3 разлика:D
 
Kako zamenik tvoj ke dadam se od sebe da bide iscrpen izvestajot , vo celost da ja opravdam dadenata sansa :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom