Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
За викендов германски сателит ќе падне на Земјата
Вторник, 18 Октомври 2011 14:59
Германскиот сателит кој престанал да функционира, според очекувањата, на Земјата треба да падне оваа седмица, но кога и каде точно ќе падне останува тајна.
Се очекува огромниот германски Roentgen Satellit да падне на Земјата во сабота или недела, 22 или 23 октомври, иако службениците во германската вселенска програма понудиле и подолг "простор" за падот, од 21 до 25 октомври. Падот на ROSAT се случува само еден месец откако климатскиот сателит на НАСА, наречен UARS, падна во Тихиот Океан.
ROSAT е тежок 2.4 тони, а треба да се распадне при влегувањето во атмосферата, но некои големи делови најверојатно ќе ги издржат високите температури.
Според германските вселенски службеници, околу 1,7 тони од фрагментите на сателитот, односо 30 големи стаклени и хемиски елементи можат да го преживеат патувањето низ атмосферата и да стигнат до површината на Земјата. "Ние не очекуваме дека големи делови повторно ќе влезат во атмосферата, со исклучок на огледала, стакла и керамички делови" кажал Jan Woerner, лидер на извршниот одбор на германската вселенска агенција DLR.
Веројатноста некој на Земјата да биде погоден од деловите од сателитот е 1:2000, што значи дека има поголем ризик од сателиото на НАСА. Германските вселенски службеници активно го следат ROSAT, но неможат прецизно да кажат кога и каде ќе падне се до 2 саати пред неговото влегување во атмосферата.