После американскиот, за викендов на менито пад на германски сателит!

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.215
Поени од реакции
18.327
Локација
с. Издеглавје
За викендов германски сателит ќе падне на Земјата

Вторник, 18 Октомври 2011 14:59
7686-rosat.jpg

Германскиот сателит кој престанал да функционира, според очекувањата, на Земјата треба да падне оваа седмица, но кога и каде точно ќе падне останува тајна.
Се очекува огромниот германски Roentgen Satellit да падне на Земјата во сабота или недела, 22 или 23 октомври, иако службениците во германската вселенска програма понудиле и подолг "простор" за падот, од 21 до 25 октомври. Падот на ROSAT се случува само еден месец откако климатскиот сателит на НАСА, наречен UARS, падна во Тихиот Океан.

ROSAT е тежок 2.4 тони, а треба да се распадне при влегувањето во атмосферата, но некои големи делови најверојатно ќе ги издржат високите температури.

Според германските вселенски службеници, околу 1,7 тони од фрагментите на сателитот, односо 30 големи стаклени и хемиски елементи можат да го преживеат патувањето низ атмосферата и да стигнат до површината на Земјата. "Ние не очекуваме дека големи делови повторно ќе влезат во атмосферата, со исклучок на огледала, стакла и керамички делови" кажал Jan Woerner, лидер на извршниот одбор на германската вселенска агенција DLR.

Веројатноста некој на Земјата да биде погоден од деловите од сателитот е 1:2000, што значи дека има поголем ризик од сателиото на НАСА. Германските вселенски службеници активно го следат ROSAT, но неможат прецизно да кажат кога и каде ќе падне се до 2 саати пред неговото влегување во атмосферата.
 
Најголем дел од неговата траекторија е над океаните.

Пак ништо нема да видиме... :(
 
Не се најдува ни еден да тресне овде... xD

Поголемиот дел ќе се стопи и останото се ќе биде само куп ѓубре, само да не му тресне на некој на глава! :)
 
Не се најдува ни еден да тресне овде... xD

Поголемиот дел ќе се стопи и останото се ќе биде само куп ѓубре, само да не му тресне на некој на глава! :)

Море да можеше некако да го контролираме кај би треснал...Какви мети си имам замислено низ државава...3-4 штаба на партии ,па натака...
 
Море да можеше некако да го контролираме кај би треснал...Какви мети си имам замислено низ државава...3-4 штаба на партии ,па натака...

Е има прекрасни места, каде би можел да падне... А да се контролираше одма би знаел каде да го пуштам :D :D :D
 
Ова пред месец дена беше најавено и тука некој паметен го поби со илјада негови филозофии и теории:rolleyes:, незнам кој беше, но како и да е, сепак можело да се предвиди месец дена унапред а?:icon_lol:
 
Може да се предвиди години унапред. :)
 
Може да се предвиди години унапред. :)

Значи може, а јас кога ја постирав веста пред месец дена, еден паметнњакович го поби дека сателитите паѓаат поради немање гориво или некој дефект, а кое ни стручните неможеле да го предвидат кога ќе се случи, па така не можело унапред да се знае.:rolleyes:

Почитуам знање, почитувам интелигенција, ама умисленост ма јок.
 
Сателитите не користат гориво за да се движат... туку користат сосем малку гориво за корекција на патеката... но и тоа се само мал број сателити. На повеќето зацртана им е патеката уште со нивното лансирање, а некои може да останат во орбита и стотици илјади години. Некои па и вечно.
Оние кои се надвор од употреба... тие што ги следат ја знаат нивната судбина години однапред.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom