- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.587
Се мислам што е подобро: дали да му се понуди интервју на Мишо Николов да подискутира на темава јавно, или да се направи репортажа? Се работи за неколку странски часописи.
Ајде да чујам што мислите.
Доколку е втората опција, поставувачот на темата нека ми се јави со лична порака. Ќе ми требаат 4-5 души кои се спремни да дадат изјава со наведување име и презиме. Секој од вас треба да може да го верифкува искуството со ЈСП (на пр. да имате сведок со вас кој ќе ја потврди случката, деталите да се точни, итн.).
Лично, имав непријатно искуство неколку пати со контролори пред некој месец, не на национална основа, туку заради општо непрофесионално однесување. Еднаш го примораа шоферот да се откаже од редовната маршрута затоа што една жена немаше билет и истата немаше пари да плати, па автобусот возеше не знам ни сам каде, а јас задоцнив на состанок. Патниците гласно реагираа, јас учествував со серија прашања до контролорите, а тие за воља на вистината доста се уштутија од целата ситуација.
Друг пат, еден контролор буквално ме извади од памет додека читав, ми се појави ептен ненадејно и почна да ми збори агресивно. Делуваше како раубер, небричен и смрден, со неуредни раце и нокти. Јас прво помислив дека е криминалец и дека се работи за пљачка, а во секундата ми текна дека не го носам пиштолот. Кога разбрав што бара, ме зачуди дека ја свитка картата, ја подкина на половина и ми ја врати.
Самото постоење на функција контролор ми е глупаво. Ми го нарушува патувањето откако сум влегол во автобус после купување карта која може да сум ја затурил по џеповите или во ташната. Нејсе, кога веќе ги има, мора да се однесуваат според законот.

Темава е од општествен интерес и е решлива. Ако има некаков проблем, веднаш јави до надлежните на форумов. А демагозите - на игнор.На крајот на краиштата ваквите милион и први по ред случки немаат никакво значење, кога ќе ти се појават два-тројца од типот на Гладиус (тука е он модератор) и Леандра и ќе почант да ти дробат како нема везе и све е ОК.