Фан Клуб: Челзи

A

Auditore

Гостин
Нека му е среќен роденденот на нашата идна легенда и тренер Боаш!
И очекувам да остане во Челзи како Фергусон во Јунајтед, лајфтајм договор сакам.
 
Член од
18 февруари 2011
Мислења
95
Поени од реакции
9
Лукаку освен голот кој што рака на срце 90% оди на душа на голманот друго ништо не покажа, дрво беше целата, тотално беше деконцентриран, очајно се гради и водењето на топка му е катастрофа, дури при крајот на второто пол. 2 лесни топки не успеа да примири. Сега за сега нема ни д од Дрогба и според мене заслужено беше исклучен од составот за ЛШ, најдобро би било во јануари да го позајмиме некаде во пл.
Головите падна по грешки кај нив 2 пати голманот рагираше очајно, кај нас 2 пати погреши Чалоба.
Најмногу ме ипресионира Хатчинсон, секаде го имаше пресече и одзеде доста топки, Били Клифорд, Лалкович, Бернарт.
Сите тие се сеуште таленти, што значи дека има потенцијал кај нив да бидат врвни играчи, а не значи дека ако имаат талент треба секоја утакмица да импресионираат, нормално е и да грешат:) Посебно ми е мило за Сем што полека ја враќа својата форма..
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.078
Поени од реакции
2.025
Абе Дрогба што е еден водач на топка,тоа невероватно.Затоа и беше најдобар напаѓач во Европа,до пред некоја сезона.
Згора на се,вие заборавате колку години има детето или?
Моментално Дрогба не е во форма али пред да фати маларија, се сеќаваш какво чудовиште беше , немаше жива сила што ќе го сруши, посебно првата сезона со Анчелоти и делот со Хидинг. Влегуваше со топка во гол, секоја дегажирана топка од Чех без проблем ја симируваше без разлика кој му е чувар.
Сега нема некое водење на топка како Меси или Робен, но сепак немаше шанса да му се земе.
--- надополнето: Oct 17, 2011 11:35 PM ---
Сите тие се сеуште таленти, што значи дека има потенцијал кај нив да бидат врвни играчи, а не значи дека ако имаат талент треба секоја утакмица да импресионираат, нормално е и да грешат:) Посебно ми е мило за Сем што полека ја враќа својата форма..
Се слажам со тебе, точно е тоа дека не можат секоја утакмица да играат на ниво, но сепак вчера тоа што го прикажа Лукаку беше очајно. Сега се труди не викам не, али техника му е катастрофа, мора многу внимание да се посвети на тоа, особено битно е да се испрати во тим од пл на позајмица каде што ке може константно да игра. Се надевам дека заедно со него ќе оди и Мекехрен.
Сваќам дека е млад, доаѓа во една од најслините лиги па му е тешко да се адаптира, но сепак стекнавме погрешно мислење за него. Тој моментално не заслужува да игра прва постава или да биде избор пред Дрогба уште помалку Торес и оправдано е исклучен од составот за лш.
 
A

Auditore

Гостин
Се согласувам со Иван, и јас го пратев мечот на младинците на стримот и не сум задоволен со играта на Лукаку.
Но сеуште е рано, сеуште се адаптира од белгиската лига на англиската, дури и лигата на резервите е појака ми се чини од таа белгиска, има време мора да поработи на техниката и мислам дека има потенцијал да биде легенда на Челзи, но заменик на Дрогба неверувам, сакам подобар да биде.
Инаку многу повеќе ме импресионираше Лалкович, го гледам како идно крило во Челзи, Били Клифорд исто иако за него не верувам дека ќе се најде во средината на Челзи али кој знае може и он ќе заигра.
За Бертран веќе имам кажано дека слободно можеме да го продадеме Кол и да имаме 2 бека многу добри и во дефанзива и во офанзива.
Чалоба и Хачинсон одиграа добро и читам по разни форуми на интернет за Калас, овие момци се иднината на Челзи во одбрана, огромни ама огромни таленти.
 
В

Вори

Гостин
Чекај не ве разбирам.Нели е тој напаѓач и негова задача е да дава голови?Што треба,и овие од Јунајтед да не се задоволни од Чичарито што не играл добро.Па човекот се утепува од голови давање на 400 различни начини.
Или пак,Торес игра добро,но не дава голови.И со тоа треба да се тешиме?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Моја претпоставка за тимот за утре:
Чех
Кол-Тери (Алекс)-Луиз-Босингва
Меирелес-Оби Микел-Лампард
Анелка-Торес-Мата(Малуда)
 
A

Auditore

Гостин
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Добро е што инвестираме во млади таленти но премногу се овие суми за 14 годишник, но кога Јунајтед, Арсенал и Ливерпул нуделе 1.5м значи детево сигурно вреди, ние сме понудиле 2 :))
И Реал нудеа пари за Фабрегас, не дека им требаше, туку да ја зголемат цената за Барса да плати повеќе.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Ќе има шоу денес :).Торес ќе постигне гол,играчите на Челзи ќе покажат дека се премногу јаки а Боаш уште еднаш ќе потврде за каква класа на трењер станува збор :)

KTBFFH
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Вечер очекувам минимум 3 гола.Генк имаат мн. повредени играчи а Челзи игра подобро од натпревар во натпревар.Така вечер гол-шоу треба да има.Мата и Анелка вечер сигурно ќе имаат или гол или асистенција.
За Торес нз ама сигурен сум дека сите ќе се обидат да му помогнат да даде гол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom