Шмизли, лигуши и останата багра кловнови

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Јас навистина незнам дали овие ликови патат за да бидат во центар на внимание, дали боледуваат од комплекс на ниска вредност или едноставно нема кој да ги убие. Во Скопје е најзастапена оваа појава, претежно тоа се деца на транзициони богаташи кој од опинци влегле во ферари. Не само што изигруваат кловнови пред широки народни маси туку нивното лигушење пара уши.
И да, не се само жени има и многу мажи кој се „фенси“.
Очигледно не се мој тип, но дали се Ваш? Сте имале врска со ваква особа која повеќе зуи од колку што зборува? Можеби кругот на пријатели ви е таков па ги знаете подобро зад завеса? Што мислите што прават кога ќе ја тргнат фасадата од пудра, што гледаат во огледало?
И не треба да ги снема, треба да постојат зошто без нив нема да е интересно. Си се движат во посебни кругови, на посебни места и навистина се посебни луѓе. Така и нека остане.
За темава ме испровоцира песнава, задолжително слушајте ја до крај:
 
песнава е хит :P,
абе има секакви фаци на земјава :cautious:, али зато пак сам бираш со кого ќе се дружиш или пак со кого ќе имаш врска а такви фаци има секаде како лебарки се...
и да се слагам со тебе патат од комплекс на виша вредност
 
Неможев да издржам ни 20 секунди, на 15 прекинав, осетив тешко срање...:sick:
Иначе дефинитивно вакви особи патат да бидат во центар на внимание, (и од комплекс на нижа вредност како што кажа али сепак сметам дека поизразено е она првото) но никако да сфатат дека само се прават идиоти и дека секој што има интелигенција поголема од собна температура не слуша ама збор (прашање е дали воопшто тоа се зборови...) од "хитовите" што ги прават.
 
Еве ќе кажам за мене дете сум на буџовани т.е лигуш и горд сум на тоа.
 
Лилааа,колку е саат? два и петнаес.Е не бе шес и тринаес о_О
Не,неможам да ги смислам тие луѓе,како бе можат така да живеат не ми е јасно.
 
Лилааа,колку е саат? два и петнаес.Е не бе шес и тринаес о_О
Не,неможам да ги смислам тие луѓе,како бе можат така да живеат не ми е јасно.
Парата в гла мава, малииии o_O
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
на тие девојки како што е испеано саркастично во песната, им е супер во животот верувајте ми. Толку им е супер, што се занимаваат со работи кои нас ни се на крај памет.
 
на тие девојки како што е испеано саркастично во песната, им е супер во животот верувајте ми. Толку им е супер, што се занимаваат со работи кои нас ни се на крај памет.
Ко на пример?
 
А зошто да се замараме со такви?:DМалку пппооодлууллго ги влечат муууабетите ,другото не се ништо посебни.

Инаку ,не ми се бендиса песнава поради лигавиот лирикс ,музиката е ок.
 
Еве ќе кажам за мене дете сум на буџовани т.е лигуш и горд сум на тоа.
Бога ми каков шегаџија си не би ме чудело и на кловнови да си дете. :ROFLMAO:
 
Незнам зошто осеќате потреба да се замарате со животот на другите луѓе. Би било супер кога сите би живееле во хармонија, кремци, хипстери, металци, шипци но во скопје тоа едноставно не е можно.

Јас лично сум искачал и сум се дружел со женски што за многу луѓе изгледаат како шмизли, но ја никогаш не го видов тоа во нив. Тие се супер друштво за провод, онака. А и башка се секад средени, пазат на изглед што е екстра плус.
 
Не можам да одлучам дали сум импресионирана или ми се гади или некоја сосема друга варијанта ... :confused:
Единственото што како светлечка реклама ми се појави пред очи беше една девојка која што имав еднаш одамна несреќа да ја запознаам ... „Пошто тато е адвокаааат и јас сакам да бидам адвооокааат или судија или ... што може друго да се биде во суд?“
Нема потреба да специфицирам дека девојката е толку глупа што треба човек да и објаснува што е маса!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom