Што правиме со емирот од Катар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Само за информациja - инвестицкиот фонд на Катар за надвор сека година е от прилика 30 милиарда долара. Катар има интерес тук на Балканот да инвестира предимно во ергетиката, инфраструктурата, земеделство и финансиски сектор.
--- надополнето: Oct 17, 2011 11:04 AM ---

Не си представуваj договори за изградба, за фабрики или што било друго. Договорите при првите посети винаги са за зачуване на инвестициите, договори за влегуване во државите, правни договори, за сотрудничество во една или друга област на науката (образование, медицина,технологии), обука на персонали,отваране на амбасади, конзулати,поставуване на директна авионска врзка, избегнуване на двоjното оданочуване.... ваков тип на договори.
Без разлика каков тип на договори ке бидат потпишани,за нас мислам дека ке бидат од големо значење.Секоја соработка, на било кое поле мислам дека е добредојдена и позитивна.
 
Биче лова до крова.
Само сонувајте го американскиот сон на македонска земја, има причина зошто се вика сон затоа што треба да си заспан за да поверуваш во него.
 
Ќе го купи вардар и пола лига, ќе го опраи спортот, лига на шампиони ќе освоиме, меси конечно ќе потпише за вардар, евентуално пелистер! Друга работа е што може и самата власт да му се продаде па да шетаме со фесови и фереџиња. И најбитното, во секое време ќе има убава баклава. Да живеат братските односи со катар и нивниот ценет емир.

Сарказмот ти е сосема ОК !

Незнам колку си информиран но емиров со уште неколку дале понуда да го купат Манчестер Јунајтед пред некоја година !
И е еден од виновниците за спонзорството на Катар Фондацијата на опремата на Барселона !
 
Емирот ќе го дочекаме со дузина проекти

Катарците биле особено заинтересирани за инвестиции во секторите туризам, аграр, енергетика, градежништво и трговија

Што ќе ни донесе кралот на Катар
Кога денеска на аеродромот „Александар Велики“ ќе стапне емирот на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, Македонија ќе има можност да го види првиот крал од арапскиот свет што воопшто дошол во државава од прогласувањето на независноста. Посетата се договараше подолго време, за што нашиот весник прв извести уште лани. За домашните стопанственици, Катар е златна шанса за привлекување инвестиции од држава со нулта стапка на невработеност и со највисок БДП по жител во светот. Свои проекти ќе понуди приватниот сектор, но истото ќе го стори и државата, и тоа во делот на инфраструктурата, гасификацијата, железничките и патни коридори.

Нашите извори велат дека Катар планира да учествува во гасификација на Албанија, за што веќе имало разговори со албанските власти. Сосема логично е мрежата да се прошири и во Македонија, бидејќи ист таков дистрибутивен центар за гас треба да профункционира и во Полска до 2013 година. Македонија може да биде интересна и со нафтениот коридор АМБО. Катар веќе изрази интерес да инвестира во изградба на бензински пумпи. Дознаваме дека свои профили за соработка, тешки стотици милиони евра, веќе подготвиле компаниите „Еуротрејд“, „Ким консалтинг“, „Драјв бај енд брејк“, АЦДЦ, „Пелистерка“, „Варус“, „Билјана Љубосав и др.“, „Катлановска бања“, „Макси ЛС“, „Маркови кули“, „Ренова“, „Тетекс“, „Микросам“, „Џордано“, „Еколошко биро“. Повратна информација од Катарците засега нема.

- Направивме сé што можеме. Проектите се готови, ставени на цеде и испратени. Слушаме дека кај нив имало интерес за дваесетина проекти, но кои се тие не ни е познато - велат од Стопанската комора на Македонија.

Проектот на „Катлановска бања“ чини 17,3 милиони евра и вклучува изградба, реконструкција и преадаптација на објектите, како и набавка на целосна медицинска и друга опрема. Од оваа установа сметаат дека нивниот проект ќе биде интересен за Катарците, бидејќи водата што се користи за медицински третман е уникатна по својата минерална структура. Проектот на компанијата „Маркови кули“ опфаќа изградба на атрактивен центар за домување, бизнис, спорт, едукација и рекреација. Вкупната инвестиција би чинела 15,3 милиони евра, но продажната вредност на целиот комплекс за четири години би пораснала на 24 милиони евра, тврдат од компанијата. Како што дознаваме, катарската страна била особено заинтересирана за инвестиции во секторите туризам, аграр, градежништво, трговија и енергетика. Размислувањата се во насока ние да извезуваме храна и јагнешко месо, додека тие (освен во енергетски проекти) да инвестираат и во фарми, комбинати и откуп на нашите производи - велат официјални извори. Македонија може да понуди и извоз на челик, но и квалификувана работна сила. Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов потврдуваат дека ќе бидат потпишани договори помеѓу двете земји за заемно поттикнување и заштита на инвестиции, како и за регулирање на вработувањето работна сила од Македонија во Катар. Тука најголеми шанси имаат нашите градежни работници, архитекти, инженери итн.

- Посебен акцент ќе биде ставен на развојот и унапредувањето на економските односи, односно зголемување на трговската размена, како и можноста за директни катарски инвестиции во македонското стопанство - велат од кабинетот на Иванов, каде што веќе ги разработиле сите детали за посетата.
Емирот ќе допатува во костум, а на свечената вечера во хотелот „Александар палас“ ќе биде облечен во традиционална облека извезена со златен конец. Нема да се служи алкохол, а храната ќе биде традиционална македонска со јагнешко и телешко месо. Катарската делегација ќе брои 100 лица, меѓу кои двајца членови од потесното кралско семејство и 12 министри, информираат од кабинетот на претседателот. За време на дводневната посета ќе биде воведен и посебен сообраќаен режим на движење во Скопје, а на улиците ќе бидат поставени 100 македонски и катарски знамиња. Според анализите на Стопанската комора на Македонија, вкупната трговска размена на Македонија со Катар лани достигнала вредност од 572.000 долари. Притоа, остварен е извоз во вредност од 63 илјади долари и увоз од 509 илјади долари.

- Ова е исклучително ниско ниво на трговска размена меѓу двете земји веќе со години наназад, при што за неколку години воопшто и не се евидентирани податоци за размената. Токму затоа, претстојната посета е можност за пресврт во размената со овој богат емират - тврдат од комората.
Причините за ниското ниво на соработка бизнисмените ја гледаат и во неинформираноста, поточно во немањето реални сознанија за развојот и за потенцијалите со кои располага стопанството на Македонија.
Катарските инвестициски власти, како глобален инвеститор во сите сфери, располагаат со фонд од над 65 милијарди долари. Нивни претставник денеска ќе биде во Македонија, а колку длабоко тој ќе брцне во џебот, останува да видиме.

http://daily.mk/cluster3/bebcabe876...ir-na-drzhavata-katar-na-republika-makedonija



Побегнаа од Грција „пцуејќи“
Богатите катарски инвеститори имаат лошо искуство со нашиот јужен сосед кога станува збор за инвестициите. Според пишувањето на „Елефтеротипија“, катарските бизнисмени биле „бесни“ поради односот од грчка страна, обвинувајќи ги за непрофесионализам и немање конкретен бизнис-план. Станува збор за изградба на елитен парк во местото Елинико, инвестиција вредна пет милијарди долари, која вклучуваше изградба на хотели со пет ѕвезди, терени за голф по светски стандарди, реконструкција и доградба на пристаништето Агиос Космас, нови модерни спортски објекти, трговски центри и канцеларии итн. „Катарците си отидоа, пцуејќи“, изјавува извор на весникот. Претходно уште една катарска компанија се откажа од инвестициите во Астакос, каде што требаше да изгради терминал за течен природен гас.



Од сиромашен протекторат до најбогата држава во светот

Катар е држава во Југозападна Азија, се наоѓа на полуостровот Катар, со главен град Доха. Го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот Залив и неколку соседни островчиња. На југ се граничи со Саудиска Арабија, а на запад по море се граничи со Бахреин. По државно уредување е апсолутна монархија - емират и брои околу 1.700.000 жители.
Под раководството на фамилијата Ал Тани уште од средината на 1800 година, Катар се трансформира од сиромашен британски протекторат, забележлив по ловци на бисери, во независна профитабилна земја со големи доходи од суровата нафта и природниот гас. Кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите катарската економија беше осакатена од неконтролираното експлоатирање на суровата нафта од страна на емирот што ја водеше земјата од 1972 година. Неговиот син, сегашниот емир на Катар, Хамад бин Калифа Ал Тани, со мирен пуч го собори својот татко од власт во 1995 година и се постави за водач на државата. Емирот Калифа Ал Тани, исто така, ја има и функцијата министер за одбрана и командант на армијата.
Премиер на Катар е Абдала бин Калифа Ал Тани, брат на монархот, а брат му е и помошникот на премиерот, Мухамед бин Калифа Ал Тани.
Суровата нафта и природниот гас направија оваа држава да има највисок бруто-национален доход во светот. Последните години, со порастот на цената на овие важни реагенси, Катар бележи постојан суфицит од нивниот извоз.
Во 2005 година државата имаше економски пораст од 8,8 проценти и БНД по жител од 27.400 долари.
 
Знаете ја што мислам ? Еден споменик да му направите, може така ќе инвестира повеќе...;)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Сарказмот ти е сосема ОК !

Незнам колку си информиран но емиров со уште неколку дале понуда да го купат Манчестер Јунајтед пред некоја година !
И е еден од виновниците за спонзорството на Катар Фондацијата на опремата на Барселона !

Ти викам и ние аир конечно ќе видиме :icon_mrgr:
 
Не е лижење дупе туку е знак на пријателство, ако во старо време во знак на мир, кога се сретнувале 2 племиња се мафтале бели знамиња и го фрлал оружјето водичот, на средба со другиот водич, во денешно време се поставуваат знамиња од двете држави. можи малце ја претерале ама за луксузните луѓе им се прави нешто луксузно, а највеќе оти македонија зависи од ова и тоа многу. Ако вложи овдека ќе мрдни малце економијата ваму а ако не прескокни ништо не бидува.
 
Дека ке има некој шо ке му лиже дупето не ме чуде ама до толку па...?

Цела автокоманда се вемеровци, така да нека не те чуди ако испоставиле катарски знамиња. Кога шефот ќе каже см`кни гаштите, поарно ич не облекувај дента.

Него ова со гасификацијата ми се допаѓа, како и со бензиските, ама чунки да бидне.

пс. очекувам Гујо на пресконференција да се појави со шамија исто ко Емире.
 
Не ни даваат више пари од ММФ такада сега идеме од Катар да земеме:LOL: . Нека не купи дај боже,пошо со нашиве политичари нигде не идеме:)
 
Овој може цела држава да ни ја купи бе :D
 
Абе ако дае 300милијарди нека ја земе Македонија топтан.

Продадено.(y)
 
Абе ако дае 300милијарди нека ја земе Македонија топтан.

Продадено.(y)
Това што не се копува со пари се копува со многу пари,а това што не се копува со многу пари, се копува со уште повеке пари и така натаму...:cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom