Само за пример: на вселенските Собори, кога Црквата го вообличуваше своето учење,
1. Православните „цркви“ не свикале ниту еден вселенски собор од нивното основање до сега. Тие ниту можат да соберат затоа што се до таа мера расцепени и разединети што не постои ниту една мировна организација што може да ги собере на едно место.Сите вселенски собори биле на Католичката црква.
2. На вселенските собори, многу повеќе се накалемувале човечки учења и човечки традиции во самопрогласените „цркви“ отколку што се обликувало веќе постоечкото учење. Земи го за пример само 7от вселенски собор, на кој му предходеле 4 собори каде што биле анатемисани иконите, за потоа по пат на политичка (секуларна) сила иконите бидат прогласени за „богоугодни“
биле присутни околу 2 000 Свети Оци, т.е. 2 000 свети умови, па сега, ако сметаш дека си поспособен од нив, слободно кажи ни‘...
1. Јас не се сметам себе си поспособен од нив, но Христос (Главата на Христовата Црква) е поспособен од сите нив без разлика што тие се нарекувале епископи на своите самонаречени „цркви“.
2. Ниту еден од учесниците на вселенските собори не бил православец, туку сите биле католици.
3. Тие воопшто не биле едномислени и нивните остри дебати траеле со месеци, а биле завршувани со присила на царот.
4. Вкупно 2000 католички неедномислени „отци“ и не е голема бројка. Тогаш, а и сега, речиси и да не постои еретичко движење со помалку од 2000 членови. Сите еретици заедно се многу повеќе од 200 милиони. И тие исто така можат да си назначат епископи и да си организираат „вселенски собори“ со многу повеќе од 2000 учесници. Дали ти би се согласил со нивните одлуки?
5. Од кога тоа бројката или мнозинството е репер за вистината? Зарем Исус не кажа јасно дека е широк патот и широка вратата што водат кон пропаст и дека многумина се оние кои идат натаму?