- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Апостолите си ја завршиле работата, најдобро што можат. Се разбира не совршено, затоа што и тие се луѓе, оправдани грешници.Според вас, апостолите не успеале успешно да си ја завршат работата, да им го предадат учењето онака како што треба.
Апостолите предупредиле да се пазат да не бидат заведени со филозовија и со суетна измама по човечко предание:
„Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа.“ (Колошаните 2:8; Библијата)
Aпостолите прорекле i дека ќе дојде отпадништво, дека многумина од верските учители и епископи ќе застранат:
„Никој да не ве измами ниту по каков начин, зашто тоа не ќе се случи додека првин не дојде отпаѓањето и не се појави човекот на беззаконието, синот на погибелта,“ (2 Солунјаните 2:3; Библијата)
„Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за надгледувачи (епископи), за да ја пасете Божјата Црква, која Тој ја придоби со Својата крв. Јас знам дека по моето заминување, ќе навлезат меѓу вас свирепи волци, кои нема да го штедат стадото; а и од вас самите ќе станат мажи, кои ќе зборуваат изопачено, за да ги одвлечат учениците по себе.“ (Апостол Павле, Дела 20:28-30, Библијата)
Сатаната не завладеал со Христовата црква, туку со институционализираните, венчани со власта, самонаречени „цркви“, „цркви“ кои не го проповедаат Христос, туку си прават бизнис со напатениот народ и го држат во прангите на суеверието и празноверието.Д
Исто според вас Христос наможел да си ја одржи Црквата та сатаната завладеал со неа,
А кој вели дека Црквата застранила целосно од вистината? Тоа што ти Католичката „црква“, Византиската „црква“, МПЦ, БПЦ, СПЦ, ГПЦ, РПЦ, УПЦ итн ги сметаш за Црквата тоа е друг проблем.Д
Епа чорбаџи да се изразам со твој речник - чудно како такво нешто нема во Библијата, чудно како го нема протоштвото дека Црквата ќе отстрани целосно од вистината,
Инаку има случаи каде што Исус јасно кажува дека ако некоја локална црква не се покае (од застранетоста), дека ќе го одземе нејзиниот светилник. Христос и го вели ова на Ефешката црква:
„ И така, спомни си од каде падна, и покај се, и врши ги своите први дела; а ако не, скоро ќе дојдам при тебе и ќе го отстранам твојот светилник од неговото место, ако не се покаеш.“ (Откровение 2:5, Библијата)
Значи тука гледаме дека не е проблемот во тоа дека Христос не може да си ја зачува својата Црква, туку дека лично Тој го отстранува светилникот од онаа заедница на луѓе кои што не Го следат Неговото изворно учење. Тие можат и понатаму да си се нарекуваат „Црква“. Никој не им го брани тоа право. Тие можат и да си се врзат со власта, да насоберат илјадници приврзаници нудејќи им притоа суеверие и празноверие. Но „црква“ без Христовиот светилник во неа, не е Христова Црква.
Тука се работи за твоја комплетна индоктринирана дезинформација. Јас и сите библиски христијани не го слушаме Мартин Лутер исто онака како што не ги слушаме и православниот Григориј Палама.Д
и чудно дека го нема пророштвото за доаѓањето на некој 1000год подоцна кој ќе ја врати Црквата и кого треба да го послушаме.
Исто така и периодот од 1000г е православна индоктринација. Реформаторски покрети имало на многу наврати низ историјата. Реформаторски покрети имало и во времето на апостолите, а има и денес. Секое писмо на апостол Павле каде што тој им пишува на црквите, ги разобличува нивните застранувања и ги советува да се вратат на првобитното Христово евангелие е реформаторско писмо. Прочитај ги писмата на апостол Павле до црквата во Коринт или Галатија и ќе видиш колку храбар и самоуверен реформатор бил апостол Павле.