МАКЕДОНСКА НЕЗАВИСНОСТ - документарна емисија (серијал) на МТВ

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
1.Пријателе не биди толку наивен ?! Што ќе направи ќе излезе и ќе рече а бе види јас го предадов Јохан се извинувам сакав да излезам надвор нормално дека ќе тври спротивно не е будала е сега кој е памтен ќе свати меѓуредови додуша не треба да бидеш многу паметен за да сватиш дел од игриве кај нас ама ете ...!!!

2.Е за сите не е потврдено ама сестрата Љуба го виделе седнат на маса со Харадинај и секоја втора недела пред избори одеше во Косово ...се прашувам зошто ?!

3. Другар да се разбереме ако се правиме будали да се правиме другиве нека ти кажат кој го испрати ....Хари Костов, човек на Бранко !!! Да излезам од затвор и да се прегрнувам со душманите кој ме испратиле да лежам зошто нив така им се допаѓало хах ќе им вратам за тоа што сум го доживеал да лежам затвор па жив да не сум ... Него на Љуба му беше речено иди у затвор одлежи малце ние ќе те извадиме ... прашање е кој се тие ''ние'' ... сврзи ги работиве малце !!!
види ја ко шо знам љубе кажал дека нема никаква врска со љуботен така и дека јохан тоа го направил на своја рака ? за иста ствар беа "криви" , е сеа читајки ја книгата на покојниот генерал панде петровски дојдов до заклучок дека стварно јохан го направил тоа на своја рака и дека единствен што знаел за тоа друг е претседателот е сеа ако вака стојат работите искача дека не го предал јохан нели ?? патем стојам на тоа дека јохан не е виновен за ништо само си го штитеше своето родно место
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Одличен е документарецот посебно ми се допадна делот за Тат и коментарот на Томе Нековски цитирам “ Парите биле складирани во црни вреќи и врзани со обични врвки , внимавајте ова го пишува во записникот на полицијата значи секој можел да земе колку пари што ќе посака...“ Ете како складирале пари , малку ми е криво што денес во епизодата за 2003 не беше споменат Ѓорѓи Колозов ама ај ќе преминеме преку тоа и ако некој знае како се вика песната што Тоше ја пееше на крајот би му бил благодарен да каже
„Фатила слана“
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Како и што се плашев, сепак не сме кадарни како земја да направиме еден капитален проект, кој ќе им служи на генерации и генерации после нас.

Откако го пофалив серијалот во неговите први 10 епизоди со извонредниот квалитет и многу објективната и квалитетна презентација на македонската самостојност, така сега морам да го искритикувам ова што го гледам по 2001 година.
Откако дојде периодот кога Никола Груевски го презема лидерското место на ВМРО-ДПМНЕ документарниот серијал прави ужасно остра кривина во лош правец. Од хроника на 20-те години независност се претвори во уште едно средство за „славење“ на новото ВМРО-ДПМНЕ, за дополнително идолизирање на лидерот на партијата, за пресметка со опозициската СДСМ и за манипулирање со јавноста.
Штета, бидејќи серијалов имаше голем потенцијал и претставува уникатно и капитално дело за поновата историја на Македонија. Првиот дел од серијалот не заслужи вака да му се посерат со крајот. Навистина жално.

Како што на крај можев да забележам, ниту Борис Дамовски не сакал да има ништо во врска со тоа, па последните 2 емисии се реализирани со нова продукциска куќа. Наместо „Контрабанда“, на сцена стапува „Мануфактура“ во соработка со МТВ. Резултатите се очигледни за сите кои ги гледале последните неколку епизоди.

Јас завршив со оваа гротеска. Може да си ги спуштам и да си ги чувам епизодите до 2001 затоа што се навистина квалитетни, информативни и реални... Ова другово нека си го гледаат оние од Владата и нека си се самозадоволуваат.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Богами, на почетокот, обработката на првите години од независноста беа интересни, особено за мојата генерација (отприлика 85', 86', 87' годиште) години каде што низ магла ми проаѓаат настаните кои ја одбележале независноста на Македонија. После 2002-2003, па натака не ми е интересно од причина што ги памтиме сите работи, и се се сведува на дневно-политички булшит, кој го гледаме секојдневно преку перење на нашите мозоци (не на мојот).
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Јас би рекол македонска зависност бидејчи истите типчиња се на власт без разлика ВМРО или СДСМ иста банда и контрабанда
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.837
Поени од реакции
1.593
Повиканите лидери од Сдсм ( Бранко , Владо итн.) одбиле учество во документарецов причиите не се јасни тоа што почесто сега се гледа Груевски е од перспектива што зазел голем дел од тој период. Не гледам фаќање на една страна напротив сеуште е доста објективен ако не се плашеле Бранко и Бладо што не дошле да ги слушневме и нив?Доаѓа свежа сезона која сите ја паметиме само не ми е јасно зошто се скокнати настани како прватизацијата на телеком и есм? Како и да е очекувам уште добри епизоди секако и онаа најтажната во серијалот посветна на Тоше
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Како и што се плашев, сепак не сме кадарни како земја да направиме еден капитален проект, кој ќе им служи на генерации и генерации после нас.

Откако го пофалив серијалот во неговите први 10 епизоди со извонредниот квалитет и многу објективната и квалитетна презентација на македонската самостојност, така сега морам да го искритикувам ова што го гледам по 2001 година.
Откако дојде периодот кога Никола Груевски го презема лидерското место на ВМРО-ДПМНЕ документарниот серијал прави ужасно остра кривина во лош правец. Од хроника на 20-те години независност се претвори во уште едно средство за „славење“ на новото ВМРО-ДПМНЕ, за дополнително идолизирање на лидерот на партијата, за пресметка со опозициската СДСМ и за манипулирање со јавноста.
Штета, бидејќи серијалов имаше голем потенцијал и претставува уникатно и капитално дело за поновата историја на Македонија. Првиот дел од серијалот не заслужи вака да му се посерат со крајот. Навистина жално.

Како што на крај можев да забележам, ниту Борис Дамовски не сакал да има ништо во врска со тоа, па последните 2 емисии се реализирани со нова продукциска куќа. Наместо „Контрабанда“, на сцена стапува „Мануфактура“ во соработка со МТВ. Резултатите се очигледни за сите кои ги гледале последните неколку епизоди.

Јас завршив со оваа гротеска. Може да си ги спуштам и да си ги чувам епизодите до 2001 затоа што се навистина квалитетни, информативни и реални... Ова другово нека си го гледаат оние од Владата и нека си се самозадоволуваат.
е така пријателе зар не е очигледно а? баш како што напомена до 2001 уууу стварно јако...ама после ја заебаја работата колку што се тешки браво штом запримети,ретки се тие што би заприметиле уште еднаш браво
 
P

PewDiePie

Гостин
Значи ај не кењајте,на крај си пишува сите повикани да земат учество во емисијата и Бранже,и Шеќерова и Буле и сите......кој кур не дошле ? Се плашат да ги признаат срањата што ги правеле ?
Георгиевски што не дојде ? Се плаши да признае дека Груевски од кога дојде на лидерската позиција во ВМРО ги стави во бонус и него и бранко со 15 год. политичко искуство позади нив ?

Топ си е серијалот.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Значи ај не кењајте,на крај си пишува сите повикани да земат учество во емисијата и Бранже,и Шеќерова и Буле и сите......кој кур не дошле ? Се плашат да ги признаат срањата што ги правеле ?
Георгиевски што не дојде ? Се плаши да признае дека Груевски од кога дојде на лидерската позиција во ВМРО ги стави во бонус и него и бранко со 15 год. политичко искуство позади нив ?

Топ си е серијалот.
Георгиевски учествуваше во емисијата... Толку си гледал.
И стварно, топ си е серијалот од 2001 наваму, за оние кои го обожаваат Грујо.
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
абе сите вие го критикувате љубчо како бил ваков таков , и слично ама прашајте ги сите постарите за тоа кој бил најгласен за независна македонија а , и во кое време најдобро се живеело и кое време било најдобро за водење приватен бизнис оставете го бугарофилството на страна тоа си е сосема друга тема ...
Тука си у право. Тоа било најубаво време за водење на бизнис -шверц и рекет и сива економија !! Рај!!
 
P

PewDiePie

Гостин
Георгиевски учествуваше во емисијата... Толку си гледал.
И стварно, топ си е серијалот од 2001 наваму, за оние кои го обожаваат Грујо.
Учествуваше дур му одговараше,после го снема. Сум ги гледал сите до еден документарци до сега колку за инфо.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Тука си у право. Тоа било најубаво време за водење на бизнис -шверц и рекет и сива економија !! Рај!!
не друже него водење бизнис без да ти лупнат (во стилот на грујо) 10 лиценци од по 10 илјади евра и да неможеш да мрднеш т.е. да пропаднеш а големите фирми да немаат конкуренција и да си го водат монополот , без мали бизниси нема асална држава а грујо не ги дозволува фејс ит додека љубчо бил мн либерален во тој поглед и тоа било мн добро за развој ...јебешга факт е тоа прашај кој било што водел бизнис тоа време и води сега
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Учествуваше дур му одговараше,после го снема. Сум ги гледал сите до еден документарци до сега колку за инфо.
А размисли ли во правецот дека учествувал додека им требал на оние кои го правеле документарецот?
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
30
Поени од реакции
10
Да, добри се емисиите, едно поопширно потсетување што се случуваше во 20 те години невависност на оваа држава, имаше и некои делови од документарците што просто се ежев кога гледав, зборам за 2001вата, атентатот на Киро, атентатот на Борис... Ми се вратија незгодни спомени од тоа време, иако се е историја лошо или добро поминало, но секогаш треба да има у нас по едно WARNING за тоа што може да следи допрва, со оглед на претставеното во емисииве на мтв у 20 години има паднато мн крв во една мала држава, за мене најубава и горда Македонија, за некои стратешка точка со густи шуми и непроодна со планини тврдина на лукавите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom