Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.727
Се наоѓа, јас имам неколку пријатели информатичари во Германија, кои легално работат таму. Но тие не беа критична група ни овде, сите работеа во Сивус.

Но што да правиме со необразуваните? Со солта на општеството? Влези во воз да разбереш за кого ти зборувам.
Дали некој нив ги осуди? Јас не ги осудив, не ми се обраќај мене.
100 пати кажав, дека тие што никако и никако не можат да најдат овде работа, не се кадарни за ништо од што имаме потреба, добро нека одат.
Дали е јасно дека имам проблем и ми е криво за оние кои се возакаат, и за оние кои од курнас и лакомост вадат?
А не за оние кои навистина имаат потреба?

Бај д веј, често се возам со воз.
И имам работа со најсиромашната раја во Македонија, онаа за која ме плукавте на друга тема, зошто сум бањала циганчиња.....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Автомобилите спаѓаат во луксуз. Се плаќа акциза за нив.

Колку што знам, не спаѓаат во потреби за егзистенција.
Тешко на онаа држава, и на онаа влада која автомобилот го смета за луксуз. Пробај од на село да однесеш две вреќи пиперки со точак, па види што е луксуз, а што егзистенцијална потреба...
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Се наоѓа, јас имам неколку пријатели информатичари во Германија, кои легално работат таму. Но тие не беа критична група ни овде, сите работеа во Сивус.

Но што да правиме со необразуваните? Со солта на општеството? Влези во воз да разбереш за кого ти зборувам.
--- надополнето: Oct 14, 2011 5:53 PM ---

Ајнштајн, немам Бугарски пасош. Не планирам да вадам, само тешко трпам полуписмени сератори...
аа у реду е ти од тие борците за права си бил добро е , како и да е значи реков доколку се неспособни за тука нека одат надвор мора да јадат нешто фала богу ама во глобала сум против бг пасош
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
аа у реду е ти од тие борците за права си бил добро е , како и да е значи реков доколку се неспособни за тука нека одат надвор мора да јадат нешто фала богу ама во глобала сум против бг пасош
Која глобала бе?

:pos:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.727
Тешко на онаа држава, и на онаа влада која автомобилот го смета за луксуз. Пробај од на село да однесеш две вреќи пиперки со точак, па види што е луксуз, а што егзистенцијална потреба...
Ако за нешто се плаќа акциза, тоа се смета за луксузна стока.
Не сум економист, од сеќавањата во средношколски денови го знам ова.

И те молам, ова не личи на сериозен разговор.
Јас зборам за маалските фраери, и за препичот нивен.
А такви НОН СТОП гледам.
Извини, алергична сум на курчење и препич, и со Опел Тигра, Алфа и остала компанија, не се возат пиперки.
Се возат ,,види кој сум јас и каква пичка плескам,,.
Таков народ е одвратен, по сите стандарди. Посебно кога има бугарски таблички.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Ако за нешто се плаќа акциза, тоа се смета за луксузна стока.
Не сум економист, од сеќавањата во средношколски денови го знам ова.

И те молам, ова не личи на сериозен разговор.
Акцизна стока е категорија која ја одредува владата на една држава. Ако сакаат, може ременот да го прогласат за акцизна стока, и потоа сите да се шетаат држејќе се за пантолните, за да не им испаднат....

Баш ни е убав муабетот, се си излегува на виделина...
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
а исто така да ја надополнам прплпума морам да кажам една сторија едно момче од маало се фалеше како на грчка граница го пуштиле пред сите македонци пошо имал бугарски пасош се чувствувал лајк а бос момакот и кога го раскажуваше ова мислеше кујзне колкав газда е , а реално е сељаче нели :) ?
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Јасно ми е, јасно, ама како што разбрав понапред, станува збор за градежни работници кои бараат чаре во странство.
На овие академциве, ретко им треба пасош. И без тој наоѓаат работа (кажав пример, дипломец, работи во Словенија со Македонски пасош, и трајна виза).

Со Македонски пасош, ако имаш солидно образование, нема да работиш на црно, се наоѓа и легална работа, и тоа е повеќе од јасно.
А баш па, од овие што ги знам, неколкумина работат на црно низ Европа (едниот правевме муабет пред некој ден, ми спомна правење тротоари.. како се вика таа професија не знам... ).
Пак со твоите примери.... Стварно ако 50% од овие примери што ги наведуваш на овој форум, се вистина, ќе започнам да се чувствувам како човек што нема пријатели или немам животo_O

Ако на државата толку и смета што луѓето вадат бугарски пасош, зошто не донесе закон за забрана за двојно државјанство?

Ако на државата и е проблем што граѓаните вадат бугарски пасош за да купат коли, зошто не ја намалат царината за увоз на половни коли, или зелениот картон?

Се надевам нема да ми одговориш во стилот: "Прашај ја државата?"
Дури и ако ми одговориш така имам бонус прашање: Како една од ретките што имаш изјавено дека имаш партиска книшка од владејачката партија (што значи дека си активист), зошто не го изнесеш својот револт од оваа ситуација кон надлежните во партијата? Тие се тие што можат да сменат нешто. Не повраќај кон народот што го "сакаш" нарекувајќи го предавници или што и да е друго. На секоја единка во општеството е нормално дека приоритет ќе и е сопствената егзистенција.
 
абе ти арен ли си бе ? што ќе праат браќата после па ќе треба да ја прајме 2001 како ќе го фалсификувааат пописот !!!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.727
Пак со твоите примери.... Стварно ако 50% од овие примери што ги наведуваш на овој форум, се вистина, ќе започнам да се чувствувам како човек што нема пријатели или немам животo_O

Ако на државата толку и смета што луѓето вадат бугарски пасош, зошто не донесе закон за забрана за двојно државјанство?

Ако на државата и е проблем што граѓаните вадат бугарски пасош за да купат коли, зошто не ја намалат царината за увоз на половни коли, или зелениот картон?

Се надевам нема да ми одговориш во стилот: "Прашај ја државата?"
Дури и ако ми одговориш така имам бонус прашање: Како една од ретките што имаш изјавено дека имаш партиска книшка од владејачката партија (што значи дека си активист), зошто не го изнесеш својот револт од оваа ситуација кон надлежните во партијата? Тие се тие што можат да сменат нешто. Не повраќај кон народот што го "сакаш" нарекувајќи го предавници или што и да е друго. На секоја единка во општеството е нормално дека приоритет ќе и е сопствената егзистенција.
На се освен на последното ти е одговорено понапред, исто така и примерот е само повторен, не е нов.

А за последното - не сум активист во партија, немам политички амбиции, уште помалку гзолижачки. Во партија се бунам за тоа што ме интересира, а колите и моторите и остално не се мој проблем. Јас сакам помалце коли по улиците, а не повеќе. Поискористен јавен превоз.
Затоа и самата не возам кола, ако некаде морам ме зимаат моите, или фаќам такси. Ама не сум возач и во скоро време нема да бидам.
--- надополнето: Oct 14, 2011 6:13 PM ---
Акцизна стока е категорија која ја одредува владата на една држава. Ако сакаат, може ременот да го прогласат за акцизна стока, и потоа сите да се шетаат држејќе се за пантолните, за да не им испаднат....

Баш ни е убав муабетот, се си излегува на виделина...
А каде тоа автомобилите немаат акциза?
Само кај нас имаат?!

И АВТОМОБИЛ НЕ Е ПРИЧИНА ЗА ПАСОШ.
НИКАКВА.
НЕОСНОВАНА.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
И АВТОМОБИЛ НЕ Е ПРИЧИНА ЗА ПАСОШ.
НИКАКВА.
НЕОСНОВАНА.
Ако некој (патриотската влада) те дупи во здрав мозок и плаќаш за едно нешто три пати поскапо од неговата реална цена, и знаеш дека тие пари кои ти ги крадат служат за плаќање на полуписмени идиоти вработени во државна администрација, кои пак од своја страна се стабилно гласачко тело на истата таа влада, тогаш големите букви од претходниот пост значат многу малку...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.727
Ако некој (патриотската влада) те дупи во здрав мозок и плаќаш за едно нешто три пати поскапо од неговата реална цена, и знаеш дека тие пари кои ти ги крадат служат за плаќање на полуписмени идиоти вработени во државна администрација, кои пак од друга страна се стабилно гласачко тело на истата таа влада, тогаш големите букви од претходниот пост значат многу малку...
Ставрогине, важат малку за оние кои немаат национално чувство.
Сепак, мене ми е глупаво националното во мене да го едначам со некаков автомобил, ме разбираш?
Не сум материјалист, и имањето одличен автомобил не ми е толку важен, поважни ми се многу други работи.
Не сакам да ја продолжам дискусијата во овој правец, зошто навистина е бесмислено. Повеќе би мислела како да го променам тој закон, отколку да извадам бг пасош, за да возам Тигрица по улициве....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Ставрогине, важат малку за оние кои немаат национално чувство.
Сепак, мене ми е глупаво националното во мене да го едначам со некаков автомобил, ме разбираш?
Не сум материјалист, и имањето одличен автомобил не ми е толку важен, поважни ми се многу други работи.
Не сакам да ја продолжам дискусијата во овој правец, зошто навистина е бесмислено. Повеќе би мислела како да го променам тој закон, отколку да извадам бг пасош, за да возам Тигрица по улициве....
Јас за разлика од Тоукатер, имам национално чуство. Ако не ми веруваш, провери што пишував во темата за одењето на одмор во Грција. Но, припадници на мојот народ да ме прават будала, во името на истиот тој патриотизам, ми е малку повеќе од колку што можам да поднесам...
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
На се освен на последното ти е одговорено понапред, исто така и примерот е само повторен, не е нов.

А за последното - не сум активист во партија, немам политички амбиции, уште помалку гзолижачки. Во партија се бунам за тоа што ме интересира, а колите и моторите и остално не се мој проблем. Јас сакам помалце коли по улиците, а не повеќе. Поискористен јавен превоз.
Затоа и самата не возам кола, ако некаде морам ме зимаат моите, или фаќам такси. Ама не сум возач и во скоро време нема да бидам.
Знам дека е одговорено, но мене ме интересираше твоето мислење бидејќи како што реков ти си една од ретките што имаш изјавено дека имаш партиска книшка.

За последното како можеш да кажеш дека не си активист кога одиш на состаноци во партијата, и имаш додатни активности таму? Еве ти една работа што те интересира, зошто не се информираш таму?
За болдираното не знам што да ти пишам, но мнооооогу погрешно звучи некако. Некако претерано само-побивачко тврдење. Но тоа ќе да е офтопик мислам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom