Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Куќа,материјал,работна рака....или во превод почетен капитал...како ќе го материјализираш?
Мешаме баби и жаби... како да ја реализираш идејата, нема никаква допирна точка со пасошот. Ограби поштенско комбе, ете ти почетен капитал. Шо е то битно?

Е сега околу перцепцијата, какво е тоа достоинство, што воопшто значи тоа?
Дали мислиш дека случајното раѓање на територијата на некоја држава автоматски треба да биде причина за гордост или нешто друго, мистериозно е во прашање!?
Да те прашам... ако не ти е гордост да си Македонец, шо не си се пишиш Бугар? И шо не си го искиниш македонскиот пасош и државјанство? Па напуштија земјава и сели се во татарија. Така пеки, признавам, си се осеќал како Бугар, си се откажал од македонското државјанство.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.727
Со Бугарскиот пасош, во Австралија може легално да се оди, на црно да се работи. Во Европа може легално да се оди, легално да се работи.

Со Македонскиот пасош, во Австралија не може да се оди без виза, не може да се работи. Во Европа легално може да се оди, не може да се работи.

Не се фаќај за неважните работи како пијан за плот. Ја споменав Австралија, затоа што таа е помалку погодена од светската криза, и генерално, таму може подобро да се заработи...
Ама Австралија е надвор од пресметките на овие што вадат пасош.
Значи да се држиме до нивните мотиви, и колку се оправдани нивните мотиви.
Не можам никако да најдам работа во РМ, вадам пасош, идам кај што идам... Иако јас тоа не би го направила, не можам да ги наречам овие предавници.
Не можам да си купам јаааакааа кола, и да ја купам, не можам да ја одржавам, ајт бугарска една.
Или - работам на црно, ама не можам со македонскиот повеќе од 90 дена, ајт со бугарски на црно....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
види го се налути добро не си ми брат не ни сакам да ми бидеш али само ако не те мрзи да ми објасниш (стварно ме интересира) како неможе да се работи во европа со мак пасош ? па нели и така на црно работа е муабетот ?
Во Европа во овој момент многу потешко се наоѓа работа на црно. Не дека Македонците не го прават тоа, но се платени под минималната сатнина, помалку се заработува, и самото одење е на граница на исплатливост. Но зошто ти би се замарал со економски категории и мислење? Мачно е тоа. Да живее Македонија, долу предавниците !!!
--- надополнето: Oct 14, 2011 5:38 PM ---
Ама Австралија е надвор од пресметките на овие што вадат пасош.
Значи да се држиме до нивните мотиви, и колку се оправдани нивните мотиви.
Како ти го знаеш тоа? Ако ти кажам дека познавам неколкумина кои со Бугарски пасоши заминале или планираат да заминат во Австралија, ќе го смениш мислењето?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.727
Дали мислиш дека случајното раѓање на територијата на некоја држава автоматски треба да биде причина за гордост или нешто друго, мистериозно е во прашање!?
Апсолутно не. Ама не треба ниту да им причинуваш идна штета на тие што се чувствуваат гордо.
Како ти што гледаш на националистите и патриотите, јас така гледам на верниците.
Па никогаш и никаде на никаков начин не им ја продавам црквата ниту им ја омаловажувам. Во интерни муабети, ќе се објаснуваме, но ја имаат секоја поддршка од моја страна во борбата за признавање како самостојна црква.
Јас од тоа бенефит немам, ама имаат моите браќа македонци, без оглед на религиозни убедувања.

Ама работата е што јас не мислам само за себе, знаеш, да е само за мене ќе гаѓам со јајца и солзавец на Велигден.

Исто и бугарчињава. Никој не може да те спречи да бидеш што сакаш, ама не им одмагај на оние кои се трудат оваа земја да ја удостојат, да ја покажат и докажат, и кои се горди на својот идентитет.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ќе не примат у ЕУ кај и да е, не вадете блгарски пасоши.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Во Европа во овој момент многу потешко се наоѓа работа на црно. Не дека Македонците не го прават тоа, но се платени под минималната сатнина, помалку се заработува, и самото одење е на граница на исплатливост. Но зошто ти би се замарал со економски категории и мислење? Мачно е тоа. Да живее Македонија, долу предавниците !!!
добро знам дека си фора човек не мора да ми се докажуваш со твојот сарказам , како и да е затоа си прашав да видам шо е работава аааааааа кажи ми за работа во америка шо идат луѓево шо слушам или и тоа не е исплатливо ? подобро со бугарски пасош у австралија а ?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.727
Во Европа во овој момент многу потешко се наоѓа работа на црно. Не дека Македонците не го прават тоа, но се платени под минималната сатнина, помалку се заработува, и самото одење е на граница на исплатливост. Но зошто ти би се замарал со економски категории и мислење? Мачно е тоа. Да живее Македонија, долу предавниците !!!
--- надополнето: Oct 14, 2011 5:38 PM ---

Како ти го знаеш тоа? Ако ти кажам дека познавам неколкумина кои со Бугарски пасоши заминале или планираат да заминат во Австралија, ќе го смениш мислењето?
ПА МАЛКУМИНА СЕ.
Повеќето не вадат заради тоа.
Јас тие што ги познавам, отидоа на работа низ Европа, или си купија колички.
Инаку, јас знаеш дека работев за 30 евра на ден, притоа се ми беше платено (сместување, храна). Можев да останам подолго, ми беше понудена уште една несеознска работа.
А да бидеме искрени, никаде не е малку 30 евра на ден.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Или - работам на црно, ама не можам со македонскиот повеќе од 90 дена, ајт со бугарски на црно....
Ајде да се разбереме. Со Бугарскиот пасош во Европа ти ги имаш сите законски права како жителот на земјата во која се наоѓаш. Значи, не смееш да бидеш плаќан под минималната сатнина, конкурентен си за работно место сходно на твоето образование, итд. Со Македонскиот пасош си потплатен амал, без разлика дали си Доктор на науки.

Што ти е тука нејасно?
--- надополнето: Oct 14, 2011 5:45 PM ---
ПА МАЛКУМИНА СЕ.
Повеќето не вадат заради тоа.
Јас тие што ги познавам, отидоа на работа низ Европа, или си купија колички.
Инаку, јас знаеш дека работев за 30 евра на ден, притоа се ми беше платено (сместување, храна). Можев да останам подолго, ми беше понудена уште една несеознска работа.
А да бидеме искрени, никаде не е малку 30 евра на ден.
Купување колички. Зошто нашата патриотска влада удира бесмислни царини на возилата, и зошто ја имаме најскапата регистрација и најскапиот зелен картон во регионот???

Нека ги регулираат тие работи, и сите кои зеле или планираат да земат пасош од таа причина, ќе се откажат од него, или нема да земат. Ајде размисли, КАДЕ е изворот на злото?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Ајде да се разбереме. Со Бугарскиот пасош во Европа ти ги имаш сите законски права како жителот на земјата во која се наоѓаш. Значи, не смееш да бидеш плаќан под минималната сатнина, конкурентен си за работно место сходно на твоето образование, итд. Со Македонскиот пасош си потплатен амал, без разлика дали си Доктор на науки.

Што ти е тука нејасно?
тука не можам да не ти кажам колку и грубо да звучи ама таму со бугарски пасоши македонциве идат да копаат канали и слично не идат хирурзи да бидат :) биди реален
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Мешаме баби и жаби... како да ја реализираш идејата, нема никаква допирна точка со пасошот. Ограби поштенско комбе, ете ти почетен капитал. Шо е то битно?

Да те прашам... ако не ти е гордост да си Македонец, шо не си се пишиш Бугар? И шо не си го искиниш македонскиот пасош и државјанство? Па напуштија земјава и сели се во татарија. Така пеки, признавам, си се осеќал како Бугар, си се откажал од македонското државјанство.
Нема допирна точка твојот “совет“ за тоа како да се “успее“ во Македонија и со тоа да не се земаат бг пасоши и немањето никаква можност надвор од фантазиите и чаршиските муабети тој “совет“ да се реализира?! :icon_lol:
Па и нема нешто посебно...

На прашање поставено во врска со твое тврдење од твој пост...не се одговара со прашање, освен ако немаш одговор (а немаш, не знаеш зошто го поврза достоинството со нацијоналноста).
Инаку, не може нацијоналноста да ми е гордост, бидејќи ја немам, освен една (Мумија, Фронт за ослободување на Мумифистан) а за тоа да се промени и да се придружам кон твојата, треба да има причина.

И како не сфаќам, така си стоиш на улица и се гордееш со нацијоналноста?! (ова важи за сите нацијоналности по цел свет btw, да не се најде некој навреден disclaimer)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.727
Ајде да се разбереме. Со Бугарскиот пасош во Европа ти ги имаш сите законски права како жителот на земјата во која се наоѓаш. Значи, не смееш да бидеш плаќан под минималната сатнина, конкурентен си за работно место сходно на твоето образование, итд. Со Македонскиот пасош си потплатен амал, без разлика дали си Доктор на науки.

Што ти е тука нејасно?
Јасно ми е, јасно, ама како што разбрав понапред, станува збор за градежни работници кои бараат чаре во странство.
На овие академциве, ретко им треба пасош. И без тој наоѓаат работа (кажав пример, дипломец, работи во Словенија со Македонски пасош, и трајна виза).

Со Македонски пасош, ако имаш солидно образование, нема да работиш на црно, се наоѓа и легална работа, и тоа е повеќе од јасно.
А баш па, од овие што ги знам, неколкумина работат на црно низ Европа (едниот правевме муабет пред некој ден, ми спомна правење тротоари.. како се вика таа професија не знам... ).

И по 100ти пат. Немам проблем со тие што одат.
Туку со тие што остануваат.

Тие се идното малцинство тука, а не некој што ја дувнал во Шведска со бг пасош. Бугарија нема да бара свои права во Шведска, ама ќе бара во Македонија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
добро знам дека си фора човек не мора да ми се докажуваш со твојот сарказам , како и да е затоа си прашав да видам шо е работава аааааааа кажи ми за работа во америка шо идат луѓево шо слушам или и тоа не е исплатливо ? подобро со бугарски пасош у австралија а ?
Да знаеше колку што не знаеш, ќе беш добро информирана личност. Вака си сератор. Во Америка не може да се оди без виза, ниту со Македонски, ниту со Бугарски пасош, Така да, одењето или работењето во Амерка воопшто не е аргумент во оваа дискусија. Уште некое супер интелегентно прашање? Не, одењето во Бурунди не се исплати ниту со Бугарски, ниту со Македонски пасош...
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Да знаеше колку што не знаеш, ќе беш добро информирана личност. Вака си сератор. Во Америка не може да се оди без виза, ниту со Македонски, ниту со Бугарски пасош, Така да, одењето или работењето во Амерка воопшто не е аргумент во оваа дискусија. Уште некое супер интелегентно прашање? Не, одењето во Бурунди не се исплати ниту со Бугарски, ниту со Македонски пасош...
хехе пак си смешниот океј нема везе значи ти викам знам дека ни треба виза за САД ама идат луѓе и се фалат дека се враќаат со пари тоа ми е муабетот тоа можеш ти да го праиш ама НЕ! земи си бугарски пасош биди си бугарче работи си у австралија и ич таквото да не те боли :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.727
Купување колички. Зошто нашата патриотска влада удира бесмислни царини на возилата, и зошто ја имаме најскапата регистрација и најскапиот зелен картон во регионот???

Нека ги регулираат тие работи, и сите кои зеле или планираат да земат пасош од таа причина, ќе се откажат од него, или нема да земат. Ајде размисли, КАДЕ е изворот на злото?
За ,,зошто,, немам одговор, не сум возач. Ама знам дека моите и без бг пасош имаат кола, купена од Македонија, плаќана со кредит.
И ова не е изговор за вадење бг пасош.
Не е.

Нели за егзистенција зборевме?
Автомобилите спаѓаат во луксуз. Се плаќа акциза за нив.

Колку што знам, не спаѓаат во потреби за егзистенција.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Со Македонски пасош, ако имаш солидно образование, нема да работиш на црно, се наоѓа и легална работа, и тоа е повеќе од јасно.
Се наоѓа, јас имам неколку пријатели информатичари во Германија, кои легално работат таму. Но тие не беа критична група ни овде, сите работеа во Сивус.

Но што да правиме со необразуваните? Со солта на општеството? Влези во воз да разбереш за кого ти зборувам.
--- надополнето: Oct 14, 2011 5:53 PM ---
хехе пак си смешниот океј нема везе значи ти викам знам дека ни треба виза за САД ама идат луѓе и се фалат дека се враќаат со пари тоа ми е муабетот тоа можеш ти да го праиш ама НЕ! земи си бугарски пасош биди си бугарче работи си у австралија и ич таквото да не те боли :)
Ајнштајн, немам Бугарски пасош. Не планирам да вадам, само тешко трпам полуписмени сератори...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom