Бугарски пасош - Да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата DANI_M
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Самата држава/влада има извесен ќар од целата ситуација. Ем не ги вработува, т.с. не се мачат да направат проекти за развој на вработувањето и привлекување на грин филд инвестиции од странство, па и олеснување на условите за отварање на сопствен бизнис и стимулирање на веќе постоечките компании да се шират.

Просечен млад човек нормално невработен, не гледа иднина во Македонското општество ќе си земе туѓ пасош и ќе замини на север. Таму ќе работи и ќе испраќа пари на домашните. Државата нормално ќе млати данок(сметки од струја, вода, телефони, комуналии, нафтени деривати, производи и се останато освен воздух) од истите средства. На година две ќе си дојде дома, ќе внесе нови средства во пазарот. Владата ќе го избрише од списокот на невработени(бидејќи нели не се пријавува) и ќе се фали како ја намалила невработеноста од 34% на 31%.
Уште да ги споменам и студентите на диспензирани и какви не факултети, кои после средно нели не оди во список на невработени туку сеуште се води како ученик.
Никој не ни е крив што сме нем народ, во америка при толку услови за вработување и развој на кариера, секој ден си протестираат на волт стрит против капитализмот. А ние ќутиме...

Зошто би протестирале против капитализмот?

Инаку, првиов дел од постот не ти држи вода. Ама ај.
А понатаму, не се толку многу печалбари.
Како бре јас не познавам толку многу напатен, амалски народ?? Каде го наоѓате вие?
 
Тебе треба да ти се нацрта за да разбереш! :confused: А гледам и розевите очила ти ги дале од партија...
 
македонче македонче ......тешко на македонијава со приглуп народ како македончето ах македонче македонче фаќај џадето дур има уште малку светло од тунелот оти после колку и да молиш нема да те приберат !
 
Зошто би протестирале против капитализмот?

Инаку, првиов дел од постот не ти држи вода. Ама ај.
А понатаму, не се толку многу печалбари.
Како бре јас не познавам толку многу напатен, амалски народ?? Каде го наоѓате вие?

Оди пред завод за вработување.Ќе ти се посреќи да најдеш напатени луѓе, како излезени од роман на Достоевски. ;)
 
Оди пред завод за вработување.Ќе ти се посреќи да најдеш напатени луѓе, како излезени од роман на Достоевски. ;)

Имам братучед, со завршено средно стручно.
Во завод се пријави за картончиња. 2 пати по ред одбива работа, оти тоа не му се работело, не му било на ниво (???).
Секако дека има и невработени, и тоа многу.
Но дека е толку за жалење, не е, барем не во Скопје.
За останатите места не коментирам.
Вчера седам со еден другар, кој сеуште средно нема завршено, работи за 15 000 плата. Сакал друга работа. Му покажав неколку работни позиции кои се нудат, според тоа што тој го нуди како квалификации, и знаеш што - не му чинеше.
Јас повеќе налетувам на вакви што ,,не им чини,, отколку на такви што навистина им се работи!
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:15 AM ---
Деца на директори не ги знаат тие врати...

Моите родители не се директори.
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:17 AM ---
Тебе треба да ти се нацрта за да разбереш! :confused: А гледам и розевите очила ти ги дале од партија...

Немам розеви очила, знаеш, макотрпно работам за се во животов, никој ништо не ми даде.
Партијата најмалку.
 
Јас повеќе налетувам на вакви што ,,не им чини,, отколку на такви што навистина им се работи!

Што тоа треба да им чини?

Да го кршат грбот на работа за шест илјади? И секако, да не заборават на крајот да се заблагодарат на газдата за тоа што е толку добар па ги држи на работа? И уште една благодарница, оти им дава леб?

Таа е позната дијагноза. Многумина кои работат чувствуваат вина доколку преречат нешто кон тој што ги „хранел“. Демек, чоекот им дава леб, а тие треба да се водат по филозофиите на „предците“ дека никако не треба да ја гризеш раката која те храни.
Те храни?
Шест илјади денари. И еден едит да напрам.
Осум илјади и пеесет денари.
осум илјади и пеесет денари?
И требало да ги осетиме промените кои биле добри?
Осум илјади денари? Промена која ке се користи во следните 43504564069и4645 години како најпозитивна работа во скапаново општество:
Осум илјади денари?
Во период кога тие осум илјади се како 6 лански?
Прогрес јеботе!

и за пасошот...
Или за книшката...

Зошто некој би имал книшка од некоја партија, ако не е за користољубие?

Една причина те молам... ако се осеќаш како идеологист, ти треба и книжна потврда за тоа?

Ако веќе сакаш да искористиш некого со книшката за да добиеш нешто за тебе, не е исто како да извадиш пасош, конкретно блгарски?

Ако веќе имаш книшка која те прави поинаков/поинаква од останатите кои не се, тогаш која е разликата од писмена потврда дека имаш друг, припаѓаш на друг имагинарен ентитет?

И на крај, не се сведува пак на интересот?
 
Bodkin, ние дома кај мене немаме ни книшка ниту некогаш сме членувале во партија и заработуваме голема пара во однос на просечната македонска, но затоа работиме европски... некои денови и по 24 саата ако е потребно.
 
Што точно работите? Тексас холдем со друштво и хајнекен?

Мислам, сериозно... има многу луѓе кои би работеле европски за европска плата. Имаше еден лудак од пред триесетина години, во СКопје роден а твореше во Загреб... со убава реченица „Zasto da proljevam znoj kad dobijem manje?“

Ако најдеш некој што би растоварал вреќи во стовариште „европски, понекогаш и 24 часа на ден“ за „повеќе од просечна плата“, ќе ти ја работам јас твојата работа за беспари.
 
Работата не ти доаѓа сама дома, работиме од различни области работа... секако дека нема да ти кажам точно што, само ќе ти кажам дека бара многу труд.
 
Што тоа треба да им чини?

Да го кршат грбот на работа за шест илјади? И секако, да не заборават на крајот да се заблагодарат на газдата за тоа што е толку добар па ги држи на работа? И уште една благодарница, оти им дава леб?

Таа е позната дијагноза. Многумина кои работат чувствуваат вина доколку преречат нешто кон тој што ги „хранел“. Демек, чоекот им дава леб, а тие треба да се водат по филозофиите на „предците“ дека никако не треба да ја гризеш раката која те храни.
Те храни?
Шест илјади денари. И еден едит да напрам.
Осум илјади и пеесет денари.
осум илјади и пеесет денари?
И требало да ги осетиме промените кои биле добри?
Осум илјади денари? Промена која ке се користи во следните 43504564069и4645 години како најпозитивна работа во скапаново општество:
Осум илјади денари?
Во период кога тие осум илјади се како 6 лански?
Прогрес јеботе!

и за пасошот...
Или за книшката...

Зошто некој би имал книшка од некоја партија, ако не е за користољубие?

Една причина те молам... ако се осеќаш како идеологист, ти треба и книжна потврда за тоа?

Ако веќе сакаш да искористиш некого со книшката за да добиеш нешто за тебе, не е исто како да извадиш пасош, конкретно блгарски?

Ако веќе имаш книшка која те прави поинаков/поинаква од останатите кои не се, тогаш која е разликата од писмена потврда дека имаш друг, припаѓаш на друг имагинарен ентитет?

И на крај, не се сведува пак на интересот?

На овој свет, постојат искрени луѓе, кои работат за искрени каузи.
Офтопик е тука, па ќе се обидам да сврстам во една реченица: имам книшка за да можам да се домогнам до социјалните служби и да волонтирам во загрозените семејства, што е иницијатива на партијата, не на Владата (различно е). За ова имам зборувано во Дом и Семејство, повеќето членови на форумов се запознаени.

Членската не менува ништо, во моето гласање. Јас можам да гласам за кого сакам, тоа право никој не може да ми го одземе, исто како што можам да престанам да бидам член ако тоа го сакам.

За СДСМ, ОМ, ДУИ, и сите со ред останати, не можам да коментирам затоа што не знам, овде има луѓе кои баш се дојдени од користољубие, а има и такви на кои им се допаѓа идеологијата, ја поддржуваат партијата (не Груевски како личност - партијата како организација), кои сакаат да бидат политички активни...
Не гледам ништо погрешно во тоа да се биде политички активен, од проста причина ако ние дигнеме раце, кој ќе ја одбрани Македонија?

Човек кој нема никакво образование и никакви квалитети, ниту во Македонија, ниту никаде, нема можност да пребира работни места. Не ги жалам воопшто оние кои добија работа и ја одбија и продолжија само да си земаат картончиња.

Само 20 години имаш, разбирливо е.Кога ќе претргаш од животот малку повеќе можеби ќе ти текне на муабетиве, ама чисто се сомневам, затоа што таа книшка што ја имаш ми изледа како get out of jail free card.
Погоре напиша дека не биле за жалење невработените, 350.000 од нив.Рекордна невработеност во Европа и пошироко! И уште се чудиш зошто луѓето земаат бг пасош?! o_O
 
Имам братучед, со завршено средно стручно.
Во завод се пријави за картончиња. 2 пати по ред одбива работа, оти тоа не му се работело, не му било на ниво (???).
Секако дека има и невработени, и тоа многу.
Но дека е толку за жалење, не е, барем не во Скопје.
За останатите места не коментирам.
Вчера седам со еден другар, кој сеуште средно нема завршено, работи за 15 000 плата. Сакал друга работа. Му покажав неколку работни позиции кои се нудат, според тоа што тој го нуди како квалификации, и знаеш што - не му чинеше.
Јас повеќе налетувам на вакви што ,,не им чини,, отколку на такви што навистина им се работи!
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:15 AM ---

Моите родители не се директори.
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:17 AM ---

Немам розеви очила, знаеш, макотрпно работам за се во животов, никој ништо не ми даде.
Партијата најмалку.

За случајот што го кажуваш секако дека си во право и има такви случаи многу. Но ги има и спротивните т.е оние што навистина не можат да најдат работа, бидејќи ја нема.

Но, темава е околу бугарскиот пасош нели? Зашто еве таквите луѓе не би земале БГ пасош, па и твојот пријател дури кој одбива да работи тука за ситна пара, ако сметаат дека тоа ќе им помогне во животот?

Заеби патриотизам и лажна националност ако стомакот ти е празен.
Лесно му е на Французот да биде патриот, но не и на Македонецот.

Доколку сите бидат задоволни од она што го нуди нивната татковина на чело со власта нели, тогаш никој нема да побара друга татковина.

Тоа е исто како во сцојалната работа, кога некое дете е малтретирано од своите родители, тогаш социјалната служба ќе оцени дека други родители ќе се грижат поубаво за него, и ќе го спроведат тоа без око д аим трепне и сите останати ќе се согласат дека е во ред сето тоа.

Затоа, каде е проблемот со осудата на луѓето кои сметаат дека нивната татковина им нуди само беда и мизерија и с еобидуваат преку прифаќање на друга татковина да си го подобрат своето битисување на оваа земја?
 
На овој свет, постојат искрени луѓе, кои работат за искрени каузи.
Офтопик е тука, па ќе се обидам да сврстам во една реченица: имам книшка за да можам да се домогнам до социјалните служби и да волонтирам во загрозените семејства, што е иницијатива на партијата, не на Владата (различно е). За ова имам зборувано во Дом и Семејство, повеќето членови на форумов се запознаени.

Членската не менува ништо, во моето гласање. Јас можам да гласам за кого сакам, тоа право никој не може да ми го одземе, исто како што можам да престанам да бидам член ако тоа го сакам.

За СДСМ, ОМ, ДУИ, и сите со ред останати, не можам да коментирам затоа што не знам, овде има луѓе кои баш се дојдени од користољубие, а има и такви на кои им се допаѓа идеологијата, ја поддржуваат партијата (не Груевски како личност - партијата како организација), кои сакаат да бидат политички активни...
Не гледам ништо погрешно во тоа да се биде политички активен, од проста причина ако ние дигнеме раце, кој ќе ја одбрани Македонија?

Човек кој нема никакво образование и никакви квалитети, ниту во Македонија, ниту никаде, нема можност да пребира работни места. Не ги жалам воопшто оние кои добија работа и ја одбија и продолжија само да си земаат картончиња.

Прво, ако сакаш да помагаш и бла бла ала Ленон ствари, можеш да го правиш тоа и без скапаната книшка.
Знаеш, лицемерието е пред се' ТАЖНА работа.
Второ, партии не ме интересираат, ниту идеологиите на партиите. Јас само кажав... ако си член на некоја партија, автоматски се делиш од останатите кои не се членови, или пак, се членови на друга партија. Знаеш што е тажното во случката?
Македонците кои толку многу ги сакаш, оти ете, си била националист (wtf), најголем број од нив не се партиски (фала богу)определени, и ги заболе за трули и глупи “идеологии“. Ти, за разлика од нив, се оградуваш и делиш од тоа „стадо“ со самото тоа што си член на партија.
Поинаква си од македонците?

И тие што земаат бугарски пасош се искрени во намерите. Ја сакаат државата, припаѓаат на ентитет што не постои, тоа е се што почнува со македо..., ама го земале пасошот за свој личен интерес и корист. Односно, го прават тоа за да си помогнат самите себе си.

како што го правите сите вие тоа кога земате партиски книшки.
А ти ми проповедаш дека си ја земала оти си сакала да помогнеш некому.

Треба ли книшка за да помагаш некому?
Ако одговорот е да, тогаш и бугарски пасош е потребен за да си помогне некој себе си и на другите.

не гледам разлика тука, освен во искрените намери на тие со пасошот.
Другите се помалку или повеќе лицемерни.

Тажно.
 
Дали е само до мене проблемот кога мислам дека Purple Puma, лаже и суши по сите теми на форумов, секогаш имајќи пример за се и сешто. Се надевам дека тоа го прави свесно оти не би сакал да дознаам дека пати од multi-personality disorder.
И да другите се во право кога велат дека не може да имаш партиска книшка, а да не очекуваш никаква корист од тоа ! Тоа би било страшна работа.

А пак изјавата дека треба да имам партиска книшка за да можам да помогнам на други луѓе е уште пострашна работа.

И да, при барање на работа во странство, бугарскиот пасош не е од есенцијално значење во поглед на тоа дали ќе најдеш работа или не, но верувајте многу може да ја олесни постапката за вработување.

Не, јас немам бугарски пасош и работам во странство, но само кога ќе ми текне за постапката што поминав за да се вработам со македонскиот пасош, ми доаѓа да повратам. И сега дали тоа ме прави поголем патриот што немам бугарски пасош, или што го мразам македонскиот пасош во овој случај?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom