Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
10 април 2009
Мислења
146
Поени од реакции
9
дали некој има искуство со honda civic 1.5 vtec 115кс?
 
P

Princ

Гостин
Едно прашање... Дали е задолжително носењето на резервна гума во возилото според моменталните закони?
Распрашав неколкумина, ама сите различно ми кажуваат.
Прашувам бидејќи ставив плински уред во возилото со боца за плинот што се мести во резервната гума. Арно ама, сега резервната гума ја носам во багажник, над боцата. Глупаво и смешно е, знам.
Ми кажуваа дека може да се носи некаква пена ли, лепак ли... наместо резервна гума. Некој со совет/мислење?
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
598
Поени од реакции
208

Истиот проблем и јас го имав. Пола багажник ми го зафаќаше резервната гума. Купи си мала резервна (онаа што можеш да поминеш определен број на километри со неа) :) Мислам дека мораш да имаш резервна гума во возилото :D
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Princ, место резервна гума МОЖЕ да се носи тој сетот за репарација, сообраќајната полиција нема да прави проблеми.
 
Мене пак за малер сите бандажи/гуми на Опелот ми се 13ка, само резервната 14ка :icon_lol:
Се обидувам да направам место некако... вуфер, боца за плинот, 14ка резервна...
Princ, место резервна гума МОЖЕ да се носи тој сетот за репарација, сообраќајната полиција нема да прави проблеми.
Е ова ми се допаѓа повеќе. Инаку ако не те мрзи, од што се состои сетот (за да знам што да барам), каде се наоѓа најчесто и колку отприлика чини?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Искрено, Принц, точно да ти кажам каде го има и колку чини незнам, бидејќи самиот не употребувам таква работа, туку си носам класична резервна гума.
Колку што знам и сум гледал, тоа е всушност боца како спреј, за една употреба, со компримиран воздух за да ја напумпа гумата, и со некаква пена која се нафаќа по внатрешноста на гумата и ја крпи, за да стигнеш до првиот вулканизер. И после купуваш нов.
 
P

Princ

Гостин
Фала многу, ќе прашам на бензинска во прва прилика, претпоставувам таму има такво нешто.
 
D

dbt

Гостин
Од кој датум почнува да важи правилото за носење ланци во колата (зимска опрема)?
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
30
ako moze nekoj d akaze poekje za rx8 motorot izdrzlivosta i potrosuvackata ama ne od izgledot ili bilo sto :) nego detalno dali vredi da se zeme kolava od evropa
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Од кој датум почнува да важи правилото за носење ланци во колата (зимска опрема)?
Од 15-ти ноември важи правилото... мада за низ градски средини ако имаш M+S гуми немора да ги носиш.

п.с. колку се известени џандарите за ваквиот закон незнам, јас ги носам редовно.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
348
Поени од реакции
81
Ми се ближи времето за полагање за кола, па ме интересира (така имав слушнато) дека до 20 и некоја година не смеам да возам автомобил со поголема кубикажа од 1400 и незнам колку киловати без присуство на поискусен возач (поминати да му се овие критериуми).

Може ли некој да ми даде точна информација за ова, затоа што ако е така треба да се купува нова кола, бидејќи сега имаме 2.5, па треба да се купува нова кола !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom