Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Иам документи од МВР. Све е легално и утврдено.
Ако го проучиш римскиот закон или римските обичаи при извршување на казна, ќе видиш дека има неколку нелогичности помеѓу распнувањето на Исус и распнување кое римјаниите имале обичај да го споведат, имено распнувањето била јавна казна и се распнувале казнетите на јевно место најчесто на покрај пат кој води до град или пред градските порти. Исус е распнат на приватен имот, во нечија градина (незамисливо) а народот стоеше оддалеку да гледа (исто така чудно), во евангелијата не е опишано на каков тип крст е распнат, имало неколку но како и да е смртта на крст траела од неколку дена па се до недела или повеќе (во завсиност од физичка состојба на казнетиот, од начинот на кој е распнат) Исус умира многу брзо (невообичаено брзо) и тоа пред да му ги скршат колената . Колената се кршеле за да не може осуденикот со нив да се потпира на крстот туку виси оптегнат на закованите раце што преставува голем напор за белите дробови и тој умира побрзо. Телото на осудените на крст, не се вадело и давало ни на роднини ни на приатели ни на непознати. Биле оставани на крст додека не почнат да скапуваат и да ги јадат мршојадците а тогаш беа фрлани во масовни гробници. Телото на Исус беше спротивно закони и обичаи дадено и тоа на потполн странец и непознат човек. За да ги освестат осудените на крст, на долга трска му се подавал сунѓер со оцет, миризбата и мала голтка на оцет, на осудениците делувал моментално закрепувачки, ги освестувал и разбудувал, кај исус пак имал сосем спротивно дејство, штом му го принеле - тој умрел! (и тоа умрел таман пред да му ги скршат нозете!)
Значи прекршени се сите правила на распнување така да целот настан е сомнителен и личи на наместен или опишан од некој кој никогаш ниту видел распнување....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
...Божјиот Син кој умре на крстот за нашите гревови.
Можеби за твоите. Јас не барав од никого ниту да бидам створен, ниту да бидам створен грешен ???, ниту пак некој за мене да умира на крст...

Концептот на вродената грешност е единствениот во христијанството кој во категоријата сулудост му конкурира на коцептот на светото тројство...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако го проучиш римскиот закон или римските обичаи при извршување на казна, ќе видиш дека има неколку нелогичности помеѓу распнувањето на Исус и распнување кое римјаниите имале обичај да го споведат, имено распнувањето била јавна казна и се распнувале казнетите на јевно место најчесто на покрај пат кој води до град или пред градските порти. Исус е распнат на приватен имот, во нечија градина (незамисливо) а народот стоеше оддалеку да гледа (исто така чудно), во евангелијата не е опишано на каков тип крст е распнат, имало неколку но како и да е смртта на крст траела од неколку дена па се до недела или повеќе (во завсиност од физичка состојба на казнетиот, од начинот на кој е распнат) Исус умира многу брзо (невообичаено брзо) и тоа пред да му ги скршат колената . Колената се кршеле за да не може осуденикот со нив да се потпира на крстот туку виси оптегнат на закованите раце што преставува голем напор за белите дробови и тој умира побрзо. Телото на осудените на крст, не се вадело и давало ни на роднини ни на приатели ни на непознати. Биле оставани на крст додека не почнат да скапуваат и да ги јадат мршојадците а тогаш беа фрлани во масовни гробници. Телото на Исус беше спротивно закони и обичаи дадено и тоа на потполн странец и непознат човек. За да ги освестат осудените на крст, на долга трска му се подавал сунѓер со оцет, миризбата и мала голтка на оцет, на осудениците делувал моментално закрепувачки, ги освестувал и разбудувал, кај исус пак имал сосем спротивно дејство, штом му го принеле - тој умрел! (и тоа умрел таман пред да му ги скршат нозете!)
Значи прекршени се сите правила на распнување така да целот настан е сомнителен и личи на наместен или опишан од некој кој никогаш ниту видел распнување....
При Христово апсење, судење и распнување, прекршени се мал миљон правила па така, ако ги запознаеш, ќе Ти стане појасно со која намера и и конечно, со која (повисока) цел Христос беше распнат токму на местото Лобно/Голгота, (кое било градско ѓубриште!), а не на типично римски начин, со распнување на крст лоциран покрај пат кој води кон најблискиот град.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
При Христово апсење, судење и распнување, прекршени се мал миљон правила па така, ако ги запознаеш, ќе Ти стане појасно со која намера и и конечно, со која (повисока) цел Христос беше распнат токму на местото Лобно/Голгота, (кое било градско ѓубриште!), а не на типично римски начин, со распнување на крст лоциран покрај пат кој води кон најблискиот град.
Голгота не била градско ѓубриште, затоа шт Исус е распнат во градина (приватен имот) во кој има гроб. Во Јудеја во тоа време, свој гроб на свој имот имале богати и аристократија. А богат човек - аристократ да има градина и гроб на градско ѓубриште е наивна прикаска
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Голгота не била градско ѓубриште, затоа шт Исус е распнат во градина (приватен имот) во кој има гроб. Во Јудеја во тоа време, свој гроб на свој имот имале богати и аристократија. А богат човек - аристократ да има градина и гроб на градско ѓубриште е наивна прикаска
Хех, позната финта: априорно го елиминираш можниот одговор, со то шо самиот ќе си дајш веќе подготвен одговор, кој одговарат на Твојте предрасуди...

Утре ќе напишам малку по детањно.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.206
Поени од реакции
12.202
...Божјиот Син кој умре на крстот за нашите гревови. (и воскресна третиот ден)
--- надополнето: Sep 21, 2011 1:36 PM ---

Секако дека си тука и за Христијаните, да кажеш од време на време дека они ништо не знаеле а ти ете знаеш све и секако (како секој добар антихристијанин, бил атеист или Муслиман или Телемит, сеедно) да потсетиш на инквизицијата и све што праела лошо у Среден Век .
Инквизиција? Што имам јас со тоа? :) Јас чекам католичката црква конечно да собере сила и да има мадиња да се извини за сите убиства на битни научници и истражувачи на природата, и што успеаа заради нив светот да стагнира 1000 години за да имаат тие златни олтари и мермерни обелисци по бедните храмови нивни.

Христијаните и не знаат ништо(освен напамет зборување од книга, а тотално нејзино неразбирање), куп наметнати извртени адети кои ни самите не знаат што да прават со нив... Јас сигурно знам многу, но не се... :)

Ќе потсетам на праволсавната црква која што собираше од простата раја пари за да обнови еден манастир, наместо да продаде некој џип, мобилен или компјутер. Да потсетиме на православната црква и нивните милионски вредни иконостасти, златни икони кои што може слободно да тргуваат со нив, бидејќи тоа не е потребно да го знае обичниот верник, кој што умира за корка леб и единствена надеж му се приказните од дедо поп за богот што умрел на крст како разбојник. Упс, последното не го кажуваат поповите, и тие треба да живеат.
Можеше и некоја трговска зделка да падне нели, да се обнови манастир, нема данок милина :)
Каде е овде Исус бре момче? И што е тоа Исус? Во сидините на црквите го нема тој симбол ниту како воздишка... не пак надеж или некаков кодекс...

Покажете ми ги скромните попови кои трегаат од устата и мевовите дебели, како што и велат наводните зборови на некој си исус? Познаваме ли ние некој исушен поп? :) Свештено лице кое што нема барем двокатна куќа опремена со најмодерни играчки? Дали...?

Божјиот син нема да дојде на ова парче карпа што се тркала околу сонцето уште долго време. Го научија другите богови кои што си заминаа пред него...
Празна ви е надежта, но добро е што ја имате, инаку ќе правите зулуми по светот...

П.С. Умре за еврејската кауза, не за тебе... ти си македонец... немаш ништо со евреите и еврејскиот бог... Вразуми се :)
 

Пане Стојанов

Soldier of God
Член од
12 октомври 2011
Мислења
9
Поени од реакции
3
Еве тема за да продискутираме што всушност бил Исус.

Ве молам сите тврдења да бидат поткрепени со докази од Светите Книги, историските списи и сл.
--- надополнето: Oct 12, 2011 2:49 AM ---

35 Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син.
--- надополнето: Oct 12, 2011 3:02 AM ---
Ова е доказ од Светото Писмомо дека Исис е Божји Син.
Тој стих се наоѓа во Евангелието според Лука, тоа било кога
Божјиот Анѓелот и кажува на Марија мајката, за тоа што ќе направи Севишниот (Бог) со неа .[/quote]
--- надополнето: Oct 12, 2011 3:25 AM ---
Евнгелие спорд Јован 3 : 16.17,
16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.

Се е поради Бо=јата љубов кон светот. кон тебе и мене .
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
--- надополнето: Oct 12, 2011 2:49 AM ---

35 Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син.
--- надополнето: Oct 12, 2011 3:02 AM ---
Ова е доказ од Светото Писмомо дека Исис е Божји Син.
Тој стих се наоѓа во Евангелието според Лука, тоа било кога
Божјиот Анѓелот и кажува на Марија мајката, за тоа што ќе направи Севишниот (Бог) со неа .
Зошто ако е семоќен, избрал жена смртничка за да го роди Исус? Што не го направил од кал?
 

Пане Стојанов

Soldier of God
Член од
12 октомври 2011
Мислења
9
Поени од реакции
3
Зошто ако е семоќен, избрал жена смртничка за да го роди Исус? Што не го направил од кал?

Bog go izbral procesot na koi i nie lugeto se ragame, i vo toa se gleda cudotvornata mok Na Bog, samo sto Isusovoto ragane e naj posebno od site luge koi se raaat na zemjata
 

Пане Стојанов

Soldier of God
Член од
12 октомври 2011
Мислења
9
Поени од реакции
3
Тоа е Божја работа како што Тој намислил така и направил, бидејки Он е Бог, наше е да верувама и да ја прифатине таа вистина за Исус сто се случило..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.621
Поени од реакции
59.454
Хм... добро... :coffee:

Добредојде на (под)форумов. Лудница е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom