Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Дај објасни како тоа ќе гласи законот за кој да чува куче а кој да не чува?
треба да има нешто како полиција...
полиција која што ќе прави проверки по домовите за да види како се чуваат тие кучиња и какви се условите.. дали ги почитуваат законите и треба да има соодветни казни доколку не ги почитуваат.. ваљда на тоа мисли ... али искрено кај нас тоа тешко дека ќе успее некогаш...
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Социјална служба за кучиња?

Дај не заебавај не работи социјалната служба за деца кај нас не па за кучиња.
Темава е добра ама џабе е било каква дискусија кога никогаш нема да се донесе било каков закон за тоа, а и да се донесе нема да се почитува како и сите други...
Може само ние да се препукуваме тука и секој да се држи своја страна...

Најубаво да почнат со спроведување на казните за шетање без маска и без поводник/ланец а после да идеме на нешто покрупно.
Казна доколку кучето ти избега од двор/стан треба исто да постои.

Ама едно 100 години сме далеку од било каква полиција која ќе проверува кучиња...
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
што да правиме со расата што е направена да биде агресивен, крвожеден борец а треба да се вклопи во урбана средина? Добро бе човек,што го направи ти питот,диносаурус ?! питот е меѓу најсстарите кучиња,уште во стар Рим бил создаден,неможе бре луѓе питот од тогаш да јадел се живо и диво,а сепак да го чувале? дајте бре,не зборете глупости ве молам ! Неможе секој да има куче,неможе секој да има пит,доберман.со нив треба искуство,ПАМЕТ,и цврста рака.тој што ги нема овие 3,или има некое а некое не,таму ќе се јави тој пит кој ќе направи глупост.бидејќи реално гледано,кај нас нема шанса да се направи,полиција за животни како во САД,ни останува преку интернет,и кој ќе сретнеме да му кажуваме како и што треба со таквите раси,ДОКОЛКУ,СТВАРНО ЗНАЕМЕ а не да му кажуваме како питот е агресивен,и дека кога ќе наполни 9 месеци ќе ги изеде дома сите,со се комшиите,и да не му дава живо месо,пошо ќе стане уште по агресивен :) немојте,уште еднаш ве замолувам,да зборите глупости,и работи во кои,по 100 пат,не се разбирате.Поздрав
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Дај објасни како тоа ќе гласи законот за кој да чува куче а кој да не чува?
Не е моја работа да составувам закони ама еве на пример, ако некое куче нападнало човек треба кучето да се одземе од газдата и на газдата да му се забрани со закон да чува куче. Ова е само пример и целта на постот ми беше дека проблемот е во газдите, а не во кучињата. Сега да влегуваме во детаљи со закони нема потреба.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.160
Поени од реакции
34.698
Слушај да не си некое партиско војниче па ни спремате европски закон каде што зборот македонски е забранет во нивните документи од што не почитуваат како луѓе, а вие како сервилни слуги тука сте испратени да ни објасните како законот е добар така ми мириса мене.
Главна причина што ретко пишувам на Кајгана е толерирањето на ваквите како тебе кои кога немаат повеќе аргументи преоѓаат на лични навреди. А тoa што ти мириса ти се најверојатно ногите.

Затоа што тврдеше дека нема такви еве ти клипови со напади од питбулови кои така упорно ги бараше.
Во секој случај не чекај да ти реплицирам на било што одсега понатаму се додека не напишеш нешто конструктивно или барем донакаде интелегентно. (што предпоставувам значи никогаш)

http://www.liveleak.com/view?i=1f8_1303265688
http://www.liveleak.com/view?i=79c_1219053412
http://www.liveleak.com/view?i=38f_1317384442
http://www.dailymotion.com/video/xadmq_vicious-pitbull-attacks-a-woman_animals
http://www.liveleak.com/view?i=0bd_1315799502
http://www.liveleak.com/view?i=bfb_1234084031
http://www.dailymotion.com/video/x1ded7_2-pitbull-attack-and-then-shot-2-de_peopl
http://www.liveleak.com/view?i=728_1187366653
http://www.liveleak.com/view?i=4de_1234845337
http://www.liveleak.com/view?i=b79_1239499376
http://www.liveleak.com/view?i=f86_1299809427
http://www.liveleak.com/view?i=0e8_1187885790
http://www.liveleak.com/view?i=7b1_1313615338
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Не спорно дека проблемот е во луѓето. Луѓето кои створиле вакви раси. Луѓето кои ги дресираат тие кучиња за напад. Со напомена дека порано главната намена на ваквите раси била за во војна.

Сега кога е јасно сето тоа, што да правиме со расата што е направена да биде агресивен, крвожеден борец а треба да се вклопи во урбана средина?
Значи според твојава логика секое животно кое е опасно за луѓето треба да се истреби? Знаеш што би значело тоа? Еве на пример минатата зима имаше гладен волк дојден дури до Радишани у сред урбана средина. Можел да нападне било кој. Значи волците се потенцијално опасни и според тебе треба да се истребат од територијата на Македонија?
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Vanlok,ти си чудо,толку си убеден дека си во право,и дека знаеш се,и дека си најпаметен,тоа е чудо едно другар/ке.Стварно,алал нека ти е.Се утепавме од пишување тука за да те разубедиме дека не е се така црно како што гледаш ти,и ти упорно и упорно тераш по твое.
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Слушајте сител. Ротфајлер изел пинч :F
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Vanlok,кажи ми дали си имал било какво куче ? дали си шетал,си бил на гости,кај некој што има пит,стафорд,боксер,доберман,ротт ? си чувал нешто од наведениве раси ? конкретно ти,не кога си бил мал твоите чувале,туку ти да си го шетал,ти да си го растел,и слично ?
--- надополнето: Oct 12, 2011 9:51 PM ---
Слушајте сител. Ротфајлер изел пинч :F
Ххххх :)
 

AST

Член од
13 октомври 2011
Мислења
1
Поени од реакции
1
koj ne probal ne znae
--- надополнето: Oct 12, 2011 11:04 PM ---
Vanlok !! site malecki rasi se isfrustrirani i skoro sekogas tie ja zapocnuvaat beljata.ne si vo pravo za rasite sto gi navede barem za moe mislenje .sekoja rasa si ima svoja namena i karakteristiki sve zavisi od sopstvenikot.,kuceto ne e igracka.zasega sum imal americki staford ,bul terier, rotvailer i doberman zenka prvak na Makedonija,ali pomili i dobri po dusa da recam od prvite dva ne sum imal.tivki stalozeni so cvrst karakter,a ne razlaeni i bucni za bezveze kako pudli ,pekinizeri ,i dr taka da gi narecam macki se izvinuvam na site sto gi cuvaat tie rasi ,ali toa e moe mislenje poz.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.160
Поени од реакции
34.698
Значи според твојава логика секое животно кое е опасно за луѓето треба да се истреби? Знаеш што би значело тоа? Еве на пример минатата зима имаше гладен волк дојден дури до Радишани у сред урбана средина. Можел да нападне било кој. Значи волците се потенцијално опасни и според тебе треба да се истребат од територијата на Македонија?
Ај да не забегуваме.

Не се работи за истребување, туку за:
Темата на дискусијава напиша:
Потреба од закон или некаква правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња
Што се потпаѓа под правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?
http://en.wikipedia.org/wiki/Breed-specific_legislation
Ако англискиот не ви оди, google translate ви е пријател.

Не мора детално да читате ама не бидете мрзливи, чим веќе дискутирате на темава -посветете неколку минути да видете за што се зборува а не туку да исфрлате овакви зелени: „Ти сакаш се да истребиш!„
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Социјална служба за кучиња?

Дај не заебавај не работи социјалната служба за деца кај нас не па за кучиња.
Темава е добра ама џабе е било каква дискусија кога никогаш нема да се донесе било каков закон за тоа, а и да се донесе нема да се почитува како и сите други...
Може само ние да се препукуваме тука и секој да се држи своја страна...

Најубаво да почнат со спроведување на казните за шетање без маска и без поводник/ланец а после да идеме на нешто покрупно.
Казна доколку кучето ти избега од двор/стан треба исто да постои.

Ама едно 100 години сме далеку од било каква полиција која ќе проверува кучиња...
Треба да има казни за шетање кучиња без ланци и заштитни маски. Во Бугарија ова го има уште пред 6-7 години. Ама ограничување какви раси да се чуваат а какви не ми е предебилно и преглупо.

Ај да им забраниме и на луѓето со повеќе пари и фанатици за возила да купуваат се што има повеќе од 100 коња. Зошто нели, бесни коли се, можат сообраќајка да направат. А за сообраќајка доволно е и 60 да возиш ако не пазиш. Истото е и тука.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.160
Поени од реакции
34.698
Ај да им забраниме и на луѓето со повеќе пари и фанатици за возила да купуваат се што има повеќе од 100 коња. Зошто нели, бесни коли се, можат сообраќајка да направат. А за сообраќајка доволно е и 60 да возиш ако не пазиш. Истото е и тука.
Без навреда ама многу се нервирам вакви несоодветни баби-жаби компарации се вадат како од ракав.:)

Ај кога почна со баби, јас да продолжам со жаби.
Кола скапа или евтина, не може да ти влезе во берберница да те ремети! ;)

Сериозно, ако сакате конструктивна дискусија ајде да дискутираме за ова:
http://en.wikipedia.org/wiki/Breed-specific_legislation
 
Член од
13 октомври 2011
Мислења
4
Поени од реакции
2
Vanlok me natera da napravma acc zs mnogu me iznervira , daj zamaras veke . Prva rabota kako mozes da zboris za nesto sto go nemas ili sto si go nemal , licno ovaa tvoja tema me navreduva mene kako sopstvenik na pit bull . Cuvam pit veke podolgo vreme vo urbana sredina koja e gusto naselana . Da zemev macka da cuvav ke bese mnogu polosa , mi zdosadi so toj tvoj gen , koj gen ? uste nemaza da sfatam sto zboris celo vreme koi gluposti gi treses. Pitot vo dvor kaj mene ima 4 decinja na rodnini koj najstaroto ima 9 a najmaloto ima 5 . Cel den e so niv od sabajle do vecer. Go kasaat go tegnat , go udirat deca kako deca , nikogas ama nikogas nema srzano a kamoli zalaano . Ima eden kup igracki okolu nego cel den igra . Ako e vnatre i ako gi vidi decata vo dvor vie so saati da izleze znaci sto im pravi cudo e , nemozam da go odvojam . Ni po macki trca ni po kucinja ednostavno ne ni gi primetuva koga se vo blizina . Mi se ima desavano toj lezi vo kuka mackata pred nego mu ja jade hranata , ne trepka a na 10 santima od nego e . Pred nego imav haska bese nenormalno losa ja kupiv od iner vision od crnice , nemase nesto na sto ne se pustase. i da mi donese nekoj zakon deka nemozam da cuvam pit ili nesto slicno jas licno ke go zadavam . Bas ke probam da stavam klip da vidis sto pravi ako ne go pustam da igra so deca ili ako nema nekoj vo negova blizina sse utepuva od kvicenje . Inace mi e donesen od italija na poklon od borbena krv . Ali koga bese mal 24 casa imase nekoj so nego i ako napravi nesto beja koga ke go skaras koj mu bese poblisku dali komsija ili drugar begase kaj nego vo skut se kacuvase na noze da ne go karas , i den denska e takov . Ili ako ne mu recam deka moze da jade duri ne primi komanda ke umre od glad a nema troska da proba .24 saati e pusten ni boks ni lanec nisto neikogas bas nikogas ne napravil nisto loso_Od mali bese malku agresivno ali go drzev mnogu strogo i sega e pomil od mace. Ako sedime poveke luge okolu masa i vidi toj duri ne mu dades stolica da sedne do nas ke se ubie od kvicenje i koga ke sedne samo slusa i od dvaj ceka da mu obrnes vnimanie . Luge moj sovet site da si zemete pit najubavo kuce na cel svet e , nema pari za koj bi go prodal najmilo kuce e . Ima retardi sto gi davat ili se dicat so niv , 100 % od napadite na pitot se pitovi sto pred toa se koristeni za brobi ili ne se vo dobri sredini cuvani ili oddaleceni od luge . Ti kazuvam mnogu navredeno se custvuvam od tvoja strana zs pitot e del od mene i utre da dojde da mi rece nekoj nemozes da go cuvas spremen sum da go lezam najiskrno ti kazuvam. Zatoa smiri gi strastite i dosta so toj gen apsolutno toa nema nikava veze sekoe kuce moze da go pravi toa sto go pravi pitot i obratno , se e do toj sto go cuva 100% sum siguren i ne probuvaj da me razubedis zs nikogas nema promenis mislenje . Pit najmilo najubavo najpametno kuce e na celiot svet , slusajme zs mnogu rasi imam smeneto ali kako pit nikogas nema da najdes drugo kuce . Neznam sto drugo da ti kazam osven da se sretneme nakde i da ti go donesam da se uveris samiot deka nesto pomilo na svetot nema . Izvini za nekoj frazi od tekstov ali mnogu se custvuvav povredeno za toa sto citam kakvo mislenje imate za pitovite , sto drugo da vi kazam zemete cuvajte probajte nekoigas nema da posakatedrugo kuce ....
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Ви држи вода муабетот на двете страни ама Ванлок убаво постираше линк претходно,

Дај коменитрајте и за тоа малце еве го пак

http://en.wikipedia.org/wiki/Breed-specific_legislation

Зашто питбулот е забранет во толку многу земји и Зашто тие земји го сметаат за опасен?
Во доста европски големи земји е забранет питбулот, Шпанија, Германија, Франција, Велика Британија, Норвешка, Данска Украина итн
Нормано дека не е секој Пит Бул или Ротвајлер ист, и има случаи каде што се мирни ама зашто се забранети во толку земји?

Друже пират добредојде, пишувај кирилица. и дај малце пишувај како што треба не све во еден ред пошто неможе никој да ти го прочита ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom