Брак без секс

Член од
12 октомври 2011
Мислења
20
Поени од реакции
16
Во брак сум повеќе од 10 години, од кои последните неколку без секс. Жена ми е секогаш преокупирана со работата, со детето и никогаш нема време за нас двајцата. Наоѓа секакви изговори само да не бидеме интимни. Последните неколку пати кога имавме секс одвај чекаше да заврши работата. Не мрда, глас не пушта, изгледаше како да имам секс со труп.
Со сестра и на телефон има време да тупи по 2 саати, оди на шопинг со пријателки, само за мене нема време.

Не сакам да го растурам бракот, но не гледам друг излез освен да почнам некоја врска на страна. Дали ова ви се има случено некогаш?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Не ми се има случено, од проста причина што не сум во брак.

Но, слушам дека на доста им се случува. Врска на страна е најлошото нешто што можеш да го направиш.

Глупо прашање, ама дали воопшто проба да направиш муабет со жена ти во врска со ова?
 
M

MrzaRules

Гостин
Во брак сум повеќе од 10 години, од кои последните неколку без секс. Жена ми е секогаш преокупирана со работата, со детето и никогаш нема време за нас двајцата. Наоѓа секакви изговори само да не бидеме интимни. Последните неколку пати кога имавме секс одвај чекаше да заврши работата. Не мрда, глас не пушта, изгледаше како да имам секс со труп.
Со сестра и на телефон има време да тупи по 2 саати, оди на шопинг со пријателки, само за мене нема време.

Не сакам да го растурам бракот, но не гледам друг излез освен да почнам некоја врска на страна. Дали ова ви се има случено некогаш?
Значи вака пријателе,ќе ти дадам мое мислење..немора да значи дека е така и дека сум у право,овоа е само мое размислување...според мое мислење,твојата сопруга има друг(љубовник,швалер) како сакаш наречи го...и затоа тебе те одбегнува,нема време за вас...а тие шопинзи со пријателки се само изговор,да испадне од дома...а за твоето решение да почнеш врска настрана наместо да го растуриш бракот ќе ти речам дека е погрешно...прво пробај седни очи во очи со сопругата и разговарај со неа,ако гледаш дека и тоа го одбива тогаш треба да ти бида јасно дека не и значиш веќе ништо...сосема ќе погрешиш ако почнеш и ти со врска настрана..зошто?Затоа што си во брак,имаш дете,ако те дознае некој,целата оваа ситуација ќе се префрли на тебе..сопругата можеби и тоа го чека за да си најде повод да те напушти и тогаш ти ќе бидеш виновникот заради тоа...така да размисли убаво со ладна глава,разговарајте и донеси одлука.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
20
Поени од реакции
16
Според неа нема тука никаков проблем. Сексот не е наважната работа во бракот.??? Ме обвинува дека ако ја напуштам дека на сите ќе каже дека тоа сум го направил заради секс.
Ми ја руши самодовербата до даска. Не знам дали само мене ми се случува.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Психолог, брачно советувалиште, интимен раззговор со жена ти. Убаво е што семејството ти е на прво место ама тебе ова очигледно ти пречи. Не е дека ако го игнорираш проблемот ќе исчезне.
нешто дефинитивно мора да преземеш, во спротивно само ке се полниш со фрустрации, ќе најдеш некој швалерка и секако ке се разведеш.
И како бе тоа сексот не е најважен?
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
И јас се слажам со мислењето на Велешанец.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
20
Поени од реакции
16
Значи вака пријателе,ќе ти дадам мое мислење..немора да значи дека е така и дека сум у право,овоа е само мое размислување...според мое мислење,твојата сопруга има друг(љубовник,швалер) како сакаш наречи го...и затоа тебе те одбегнува,нема време за вас...а тие шопинзи со пријателки се само изговор,да испадне од дома....
Фала за одговор, Таа има машки пријатели кои јас не ги дружам, ама ја гледам дека има аверзија кон сексот и претпоставувам дека ништо не се случува. Таа не може да смисли секс. Затоа знам дека нема ништо.
И не е само сексот, туку немаме никаква блискост. Ме бацува ако воопшто ме баци во ретки прилики, кратко на образ како баба ми да ме бацила.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
А што довело до тоа? Сигурно не ви била врската таква од секогаш штом сте се земале. Мора да има некаква причина. Ако разговор со неа не помага, најдобро е да побарате стручна помош. Обиди се да и објасниш дека вака нигде нема да дотуркате.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Точно дека не е се во сексот, но сексот не може туку така да исчезне без никакво објаснување.
Секој има такви периоди, но ова што ти го говориш е претерано долг период и незгодна ситуација...

Што вика она, кажува ли воопшто зошто нема желба, или „не е се во сексот“ и е единствениот аргумент?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Вака,нема тука срам,обратете се кај некој психолог,тој ке ви помогне.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Вака,нема тука срам,обратете се кај некој психолог,тој ке ви помогне.
Не е така едноставно...
Лошо е тоа што најчесто во вакви случаи, парнерот не ни сака да признае дека постои проблем. И затоа не сака да добие „помош“. Ако признае некој дека навистина постои проблем, тогаш завршил голем дел во решавање на проблемот... Ама, пуста гордост и тврдоглавост. Што и да правите, неверството е најлош избор. Не биди ѓубре, истерај ја работата до крај како човек.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да не ја напињаш со сексот?
Си ја изнел некде на вечера или во некој паб до доцни часеви?
Сте изгледале некогаш порно заедно?
Си направил нешто да ја заинтересираш, да излези со пријатели на вечер, да иде на викенд со нив?
Разговарате до каде сте дошле во бракот? За вашите чувства? Се сакате ли? Или мириса на крај.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Според она што го кажа, не гледам друг излез освен развод. Чудно е да немате секс, но уште почудно е да те бацува во образ??? Тоа е далеку од нормален брак, а според тоа што го прочитав таа нема намера нешто да смени. Најлоша работа што може да ја направиш е да имаш врска на страна, ти се ставаш во позиција да бидеш лоша личност поради нејзе. Милион бракови пропаѓаат и тоа не е страшно - кога не оди не оди. Секогаш може да почнеш одново со некоја друга личност која ќе има вистински чувства кон тебе и ќе ти посветува внимание. Кажи и го тоа и побарај развод - што сака нека зборува, не живеј за другите додека браков те уништува одвнатре.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
20
Поени од реакции
16
Да не ја напињаш со сексот?
Си ја изнел некде на вечера или во некој паб до доцни часеви?
Сте изгледале некогаш порно заедно?
Шетаме, точно. Се дружиме со пријатели редовно за викенди. Пред некоја година ја однесов на шетање на друг континент. Никаков секс не падна.
Едно време викаше дека сум се здебелил. Запнав ослабнав и ги стопив килограмите за неколку месеци. Камо секс? Ништо од секс.
Има големи ангажмани на работа, ајде јас се грижам околу детето, работиме домашни, чистам дома за да таа не биде оптоварена со обврски, ...ама од секс повторно ништо!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom