Не може да добие легална работа со мкд пасош бидејќи нема право да бара работа како турист со престој од 90 дена.
Може да работи само на црно.
Никаде не е иста процедура, контролирај се со глупостите, најдобронамерен совет.
Амалски работи?
Ги делиш работите на амалски и господски?
Па вака...“амалска“ работа во градежништво во Холандија на пример е околу 2000 евра месецот а некоја со одреден занает (плочкар на пример) и многу повеќе. Сосема добро може да се живее со тие пари, неспоредливо во било каков контекст со РМ.
За тоа време некој со факс тука ќе си работи за 200 евра и бонус фрустрации за викенд.
Тие луѓе што ги навредуваш се чесни и работни, во многу случаи имаат семејства кои ги издржуваат. И реалноста во нивните животи не е во ниедна мера одредена од ставовите на некои кои си имаат замислено другарче. Дури е и изненадувачки бројот на раја која е издржувана од “предавници“.
Не знам за кого и зошто гинеле твоите предци, бидејќи заеднички предци нема рајата.
Прашањето е следно. Што ќе добие одредена особа со патријотизмот или нацијонализмот?
Ти ги советуваш луѓето да не ги искористат предностите на бг пасошот во однос на мкд пасош затоа што...?
Без празни небулози како “предавници,асимилација,девестотретата,егејот“ и слично.
Чисто да имаме референтна точка од која може да се оди понатаму.
Бидејќи да бидам искрен, на рандом твој “сонародник“, род, брат или сестра по крв (или вода) избран онака на територија на РМ поголемо гајле му е дали заборавил да купи ВЦ хартија отколку дали ти си жива или мртва, здрава или болна, гладна или сита, среќна или мизерна.
And vice versa.
Единствено имате заедничко замислено другарче, како и кај сите “нации“ по светот...