Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
30 јули 2011
Мислења
20
Поени од реакции
6
Најдобриот мајстор за карбон, кожа и други материјали е во село Дабиле, Струмица.
Славе, може да го најдете на ФБ , interior tuning.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Знае ли некој точно, ама најточно, што ти покрива зелениот картон?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Знае ли некој точно, ама најточно, што ти покрива зелениот картон?
мал е тој карtон, не знам, можда може да покрие кутија цигари... упаљач... или мобилен... за поголеми работи нема да заврши работа
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Не сфаќам тогаш што е нивната функција и зашто треба да се има?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Добро бе да му ебам таја Германија... мора од секоја тема сеир да се прави? Можда можи и газот да си го избришиш еднаш со него, па голема работа ја откривме Америка. Од денес сите по еден зелен картон и со него после голема нужда...

Не сфаќам тогаш што е нивната функција и зашто треба да се има?
Интернационално осигурување на возилото... во случај на несреќа, доколку ти си виновен, твоето осигурување покрива штета на странски државјанин во странство.

Е сега од друга страна, негледам која е разликата дали штета на возило е направена во или вон државава... реално, обичното осигурување (стандардното) треба да важи секаде и зелениот картон да го издаваат за симболична сума.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Финтава е мора несреќата да биде со друго возило? Не важи да речеме ако удрам со колата во неподвижна конструкција како банкина, во таа друга држава? :D
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Финтава е мора несреќата да биде со друго возило? Не важи да речеме ако удрам со колата во неподвижна конструкција како банкина, во таа друга држава? :D
Ако сакаш фрли ја во некоја провалија... само кога има крив и прав исплаќаат пари, и тоа секогаш на правиот (демек го обештетуваат). Ако ја удриш во неподвижна конструкција, го нема правиот. Само крив има.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Финтава е мора несреќата да биде со друго возило? Не важи да речеме ако удрам со колата во неподвижна конструкција како банкина, во таа друга држава? :D
Значи зелениот картон е продолжување на осигурувањето од автомобилска одговорност во држави надвор од Р. Македонија. Сите покритија кои ги имаш тука со АО-то, со зелениот картон ги имаш и во странство. Ако причиниш штета со возилото, без разлика возило или објект, се исплаќа штета на третото лице.
 
L

Lu

Гостин
Ми рикна сијаличка за средно светло (H7) на Citroen-от (C4).
Бидејќи сум голем фан на Xenon, ме интересира како се движат цените за H7 светла (со монтажа)... Паднати се цени?

Ако има фина понуда и нормални цени, попрво бил ставил такви (за да видам што е светлина) отколку од „обичниве“.

Ставал некој Xenon во последно време?
Јас пред десетина дена ставив Ксенон на Лансерот и разликата е огромна (разликата помеѓу Ксенонот и обичните жолти сијалици доаѓа до израз во потемни улички).

Воопшто немој да се двоумиш, стај си Ксенон и ич да не се замараш.

Јас на Лансерот ставив 6.000к и мислам дека беа H11 , коштаа 5.500 по редовна цена, али јас ги земав со 10% попуст односно ми испаднаа рамно 5.000 и ги местев во Dog security.

Само на средните светла ставив Ксенон бидејќи кога веќе ќе се стави Ксенонот нема апсолутно никаква потреба од долги светла бидејќи средното светло на Ксенонот свети скоро исто толку јако колку што свети долгото светло на обичните жолти сијалици.
И плус со Ксенонот гледаш многу почисто пред себе бидејќи има „ледено бела боја“.

И плус со Ксенонот колата ќе ти добие одма подруг изглед, многу поубаво изгледаат од напред колите кои што имаат ксенон.

Само една работа да ти кажам, ако ставаш Ксенон на средните светла, тогаш обавезно да си ги смениш и позиционите светла со Лед диоди.
Бидејќи нели Ксенонот свети бело а позиционите ќе ти светат жолто ако не ги смениш и ќе ти биде шаренајци и воопшто не изгледа убаво.
Затоа на позиционите ќе си ставиш бели лед диоди и заедно со ксенонот ќе си биде се бело и прекрасно ќе изгледа.
 
Член од
4 март 2010
Мислења
268
Поени од реакции
26
Lu а да ми казеш од кај ги купи тие бели лед диоди на позицијата што ти се
 
L

Lu

Гостин
Lu а да ми казеш од кај ги купи тие бели лед диоди на позицијата што ти се
Не ги купив јас, туку им кажав таму кај што го местев Ксенонот во Dog security да ми ги сменат и позиционите сијалички со бели лед диоди, и таму си имаа они такви сијалички и одма ми ги сменија.
Исто така си ставив бели лед диоди и отпозади на регистрацијата.

Еве како изгледа колата со позициони лед диоди и заедно со ксенонот се си е бело.





 

Kajgana Shop

На врв Bottom