Имам двајца браќа кои се во странство.Не ги предадоа Македонските национални интереси не се пишаа бугарчиња и не отидоа со бугарски пасош.
ОТИДОА СО МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ.
Значи дека вадењето бугарски пасош не е заради одење во странство за подобар живот,туку тој служи за да се купи евтина канта од бугарија или Европа,да се регистрира во бугарија па со бугарски пасош или лична карта за бугари во странство таа да може да се управува во Македонија.
--- надополнето: Oct 11, 2011 10:21 AM ---
Тоа со инструкторите и попишувачите се случи заради тоа што албанеците на сила сакаат да излезат 30%.
Прашај ги како им било кога заминале, без документи, работодавачот те третира како од африка да си а секој ден ти виси имиграционото над глава ако те фатат. Дали знаеш колку има заминато со МК пасош на запад па фатени како работат на црно и вратени? Зарем ги заборави автобусите и авионите, зимоска што ни ги вратија полни со азиланти. Без разлика дали биле роми, албанци или Македонци.
Со бугарскиот барем ти е мирна глава, си работиш без притисоци и стресови. Сум бил знам како е без документи.
Јас лично сум купил нов автомобил во Тетово од 11,000 евра пред 4 години, со платени даноци хомологации и се останато. После 4 години ми лупа еден амортизер од "убавите патишта". Па подобро од бугарија ќе земам еден голф 4 за 1000 евра, ќе го ставам на МК таблички и ќе го дрнкам без да ми биде криво што ми пукнала осовина или ми се искривил бандаж.
Инаку се донесе закон за возилата со странски таблички, па сега мора да ги ваѓаат ван држава или да ги пререгистрираат тука.
Уште една иронија е тоа што еден куп коли со странски таблички се возеја низ државава уште пред да излезе ова со бугарските, па никој не се бунеше. И тие не плаќаа царина, и тие не плаќаа регистрација и сл давачки.
Да надополнам за пописот. Не е проблем што албанците не сакале да се попишуваат, проблем е што институциите не се спремни за попис. Десет дена нема сите даваат откази, ги собираат попишувачите на предавање ден пред пописот, а цело лето се чути, ништо не се организира!
Незнам до каде ќе одат вмро и дуи ама ја претераа, мислат дека државата е нивна па ќе не месат како тесто. Октомври 2011 година, ние сеуште како во 1945, еден попис неможеме да направиме. Ете колку е власта способна!