Татко ти и неможат да го сменат пошо е таму долго и со решение, јас пишував за оние што се под договор тазе вработени, па ги притискаа да носат гласови, не само од вмро туку и од сдсм го правеа истото. Нашево само на држава не личи се е со пријатели и партии.
Инаку се разбира дека има луѓе што успеваат во бизниси но неможе сите да се успешни, има доста и што пропаѓаат, губат пари. Патем најбогатите во свет се необразовани, како Бил Гејтс, Стив Џобс и сл.
Кај нас повеќето невработени бараат пристојна работа со солидни примања, никој не бара леб преку погача.
Јас најдов лично работа со солидно примање, како за некој само со средно образование (сеуште студирам нели.) Заработував околу 15 000 месечно, што е малку, но работев 5 часа на ден.
Се бараат работници, но секогаш некој се жали или не му се работи.
Утрврдија минималец 8050, пак се жалат, а никој не гледа дека до сега во конфекциине работеа за по 5000.
Познавам луѓе кои се пријавени во завод, за да земаат картончиња, млади здрави прави, ама не им се работи бе.
Јас знам како моите низ годиниве работеле и се труделе, и непоимливо ми е некој да не може да работи.
Или па земјоделците што стандард нешто им недостига.
На моја колешка од факултет, семејството и се занимава со тутун. Имаат 5 деца, од кои 3 студенти.
Ама летно време, работат како луди, зимно време не викаат готово ми заврши сезона, сади се што може да се посади.
Јас пак ќе кажам - поверојатно е дека народот е мрзлив и дека сака со малку труд многу пари, отколку дека навистина нема работа.
Да немаше работа, немаше ни огласи за работа да има.
--- надополнето: Oct 11, 2011 12:06 AM ---
Каде живееш ти, жити мене? Дај малку риалити чек.Сите психолози што ги познавам гризат само за да преживеат.Да не ти кажувам примери од моето работно место, каде што доаѓале луѓе што работат со компјутери и сервери од администрација, а не знаат да форматираат хард диск.Пак ќе те прашам, ВО КОЈА ДРЖАВА ЖИВЕЕШ ТИ?
Република Македонија, Скопје.
Можеби јас имам среќа не запознав квалитетни а неуспешни и депресивни фацки.
Една колешка, сега дипломираше, најде работа во некое си селце во Западна Македонија. Повеќето скопски, или ,,велеградски,, дипломци, не сакаат било каде работа. Ами во Скопје, Тетово, Битола.... нали, велеградски фаци сме, сега по селана ќе одиме.
Епа, таа отиде таму, платата и е 18 000 денари, со тоа што и е обезбедено од општината станче. Не е големо, не е многу, но обезбедено и е, зошто немаат они психолог дипломиран од кај нив што би работел.
Јас живеам кај живеам, него чудно ми е што во реалниов живот гледам вработени фаци, а во виртуелниов се дипломци невработени.
И сите мои постари роднини што дипломираа, сите работат. Сите до еден.
И колку за потсетување - јас сум единствениот член во фамилија со книшка, другите се антиполитичари во секој поглед.
--- надополнето: Oct 11, 2011 12:08 AM ---
Ќе почне да чепка по компјутери (како со примерот на П.Пума) и за пола-деценија до деценија ќе побара грант од државата (без врски и книшка, на жими мајка) и проблем решен.
Само требало да се има гз...
Најјак дел е враќањето од Лондон по 10 години...
Не ми веруваш?
Твое е, ова е само форум.
Човекот има 43 години, во Лондон живееше 23-33 години. Работеше во ресторан, во кујна.