Аман бе сте ја наполниле темава со тупење за глупава дебата.
Не ми е јасно како може да споредувате личност што вложи огромна сума на пари во Челзи, со личност (на која и беа исполнети сите желби) и му донесе на клубот историска двојна круна?Едниот е сопственик, другиот поранешен менаџер. Едниот не носи на грб 8 години, другиот си отиде (поради за мене непознати причини) при првите знац на криза.
Некој ги спомна Сити и Манчини. Аман бе, која е разликата од сега и пред 7 години, квалитет на лига, начин на игра, психолошка спремност на играчите, број на натпревари и сл.
Факт 1: Доколку не постоеше Романович, не ќе постоеше ниту денешниов Челзи, ниту Мурињо ќе беше тоа што е.
Факт 2: Иако немаше потреба/намера од штедење и се му беше сервирано на тацна, никој неможе да порекне дека Мурињо од тим-суров производ составен од Раниери, состави готов производ т.е. тим кој жареше и палеше. Доколку направиме анализа кои играчи се донесени од Раниери а кои од Мурињо, ќе дојдеме до заклучок дека голем дел од заслугата за таа двојна круна има и Раниери.
Зошто?!? Истите фудбалери што играат и ден денес а се донесени од Раниери, под негово водство можеби ќе останаа просечни играчи, а можеби и играчишта од калиброт на Меси, Иниеста, Кака, Чави и сл. Јас мислам дека ќе беше првото, но којзнае, нели?!?
Овде морам да ја спомнам и дисциплината, какви се срања трпат клубовите од Мурињо (Челзи, Порто, Интер и особено сега Реал)
Од комплексот САФ, сега се надоврза и Пеп.
Менаџерите не работат сами, и тоа сите го знаеме, туку работат со цел тим позади нив, иако најважните одлуки паѓаат на нивниот грб, нормално. Така да би рекол дека менаџерот во поново време означува повеќе тим, отколку поединец...
Никој, апсолутно никој несмее да ги потценува заслугите на Мурињо, какви и да се, колку и да се, под какви услови и да се, но ако морам да дадам свој став за вашава/нашава дискусија ќе кажам само едно:
Да најдеш менаџер од светска класа кој ќе ти донесе титули е тешко, но уште потешко е да најдеш некој кој ќе вложи стотици милиони, па згора на тоа да трпи срања и неуспеси како што тоа го прави/правеше Абрамович!