Навивав за Пелистер дури беше 1 Лига, ама тимот згасна за ебани 1000 евра што требаше да ги плати за да игра во првенството....
После симпатизер бев на Фени....
Е сега за ова година мислам дека вака ќе биди:
1.
МЗТ Скопје според мене тимот кој ќе ја освој првата титула од своето постоење !!! Гласав за нив и мислам дека оваа сезона тимот од Аеродром ќе го освои првото место...
Напраја одлична екипа, но штета шо од тимот ги отпуштија Пупович и Зивчевич ( два одлични кошаркари кои требаше да ги задржат) На досегашните одиграни натпревари одллично се покажаа освен на последната со Торус потфрлија. МЗТ ќе има и одлична подршка на свој паркет од Фемили и пред полни трибини мислам ќе газат !!!
2.
Работнички тим кој ќе вмеша прсти за борба за титулата...
Работнички ја измени екипата, но донесоја и доста добри кошаркари како Брендон Кол, одличниот Диме Тасовски и други. Не е за фрлање и екипата на Работнички, ете денес и победија на Супер Купот во Кавадарци !!!
3.
Фени Индустри тим кој според мене би завршил на третата позиција зад скопските екипи...
И самите Кавадарчани знаат дека оваа сезона тешко да стигнат до титула, загубија доста кошаркари, едноставно и тие би се вмешале ако го донесат Тодор Гечевски....
4.
Торус од ко знам Торус бил интересен тим
До сега на пријателска ги тепаја 3-4 пати Фени и пред 2-3 дена и МЗТ, доста незгоден тим се, можат да му кинат бодови на МЗТ и Работнички. Напраја страшна екипа Торус, го имат фантастичниот Караџовски, тука одличниот Бојан Трајковски, искусниот Перо Блажевски, Караколев ќе прават изненадувања....
5.
Лирија сериозно се изненадив ко видов Лирија кој играчи ги зеле
исто ко и Торус ќе ги мачат МЗТ и Работнички, во тим да ги имаш играчи како: Лајф, Симич, Аврамовски, Филипович... не е лесна работа !!!
За другите екипи не сакам да коментирам по многу оти се далеку зад оваа петорка !!!
Овче Поле и Кожуф мислам ќе отпаднат...
Струмица, Вардар, Куманово ќе се борат за плеј аут !!!
Очекувам интересна сезона, исто така и интересно да биди и за битката за титулата, еве веќе има 4-5 добри тимови, од порано вака не било да има толку јаки тимови...