Македонска кошаркарска лига сезона 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011/12?


  • Вкупно гласачи
    183
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.957
Поени од реакции
16.309
Па практично така е, освен ако се усерат па да играат дерби за опстанок... :icon_lol:
Не верувам дека ќе усерат до толку. :)
Иначе во вторник тие играат во БИБЛ лигата против екипата на Морнар, директен пренос на Канал 5.
Можда има тема за БИБЛ, ама оваа е актуелна, па тука го постирав мислењето :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
220
Поени од реакции
264

Најпрво сакам да го поздравам Saber Rider за отворањето на темава бидејќи сите постови кои што не се однесуваат на матичниот клуб односно се одесуваат на некој друг ривалски клуб од денес имаат право место. Исто така неизвесноста на престојното прввенство е дополнителен аргумент за отворање на една ваква тема.На база на неколку одгледани натпревари пред се турнирот ,, 45 години МЗТ'' и суперкупот на Македонија јас лично дојдов до ваков заклучок:
1)Екипата на Торус СЦБТ е најконкретната и најподготвената екипа пред престојниот почеток на првенството. Ги гледав во петокот на утакмицата со Куманово и слободно можам да кажам дека после долго време во Македонија гледав кошарка.Буквално сум импресиониран од начинот на кој е селектиран составот и нивните решенија во нападот па кога ги гледаш мислиш дека кошарката е наједноставниот спорт. Не ми е јасно како Марин успеа да го изостави Бојан Трајковски од селекцијата кога бевме очајни со играчи на позиција 4/5 особено по повредата на Кире. Од друга страна пак ми стана јасно зошто вршел притисок врз Димчевски да потпише за Работнички дечкото е страва. Заедно со ,,Црна'' најдобар тандем 1-2 без дилема оваа сезона. Искрено посакував да ја повторат играта со Куманово против мојот драг МЗТ и да не почастат со една 100-ка што и се деси. Преко потребно ладење на неосновано големите амбиции МЗТ и добро е што се случи баш сега.
2) Куманово- освен Јелесиевиќ, Матиќ и играч со број 15 (незнам како се вика) кој што беше исклучително прецизен се останато подпросечно и јадно. Жалосно за Куманово- еден од најдокажаните кошаркарски центри во МК, со голема сала и добра публика па така штета и за Македонија. Но сепак заедно со Лирија имаат потенцијал особено на домашен терен да поебат некој од ,,големава'' 4-ка. Очекувам да се пласираат во супер лигата пролетоска.
3- Кожув Гевгелија- заедно со Овче Поле ќе се борат за фенерот годинава.
4- Фени очигледно има големи проблеми и ни приближно не е екипата од лани. Заминаа според мене ненадоместливиот Војдан, брат му Оги, секогаш заебаниот Тасевски, и најзвучното засилување Кире. Ако мислат дека тоа се надоместува со ,,репрезентативецот'' кого го донесоа со здравје нека си го служат. Дефинитивно не се фаворит број 1 што не значи и дека нема да освојат.
5) Работнички сите сте пички, али вака така собравте конкурентен тим. Шала на страна ако донесат 2-3 солидни кошаркари особено на позиција 5 кај што ама баш сите се тенки и земајќи го предвид победничкиот менталитет може да изненадат годинава.
5 МЗТ Скопје - според многумина фаворит број 1 според мене НЕ (гласот го дадов навијачки) Тимот селектиран неуко со страшна оскудност на позиција 5 /4 и 3 каде преку сила заедно има 4 играчи. Све остало подпросечни 1-2 со исклучок на Миајловиќ, Стојаовски и Дејвис. Ристе го нема нигде ама дечкото има алиби пошто беше повреден до вчера. Тим без лидер и хемија .Да останеа Зивче,Пуповиќ и Јане ке беше друга приказна вака.... ништо. Ако ова е тимот што ќе игра у Јадранска господ нека ни е напомош. Добро е што изгубивме вчера. Ако навреме се уклучи аларм има време да се направат неопходни промени кои што тивко се најавуваат... Поздрав,
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925
да гласал некој и за кожуф уште... а и некој од убавиве кај и да е ќе се убаци да гласа за лирија :icon_lol:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
За Куманово малку. Вака би требало да изгледа првата петорка.

1.Јањусевиќ Милан(F)
2.Матиќ Дарко(G)
3.Костовски Александар(G)
4.Петровски Мирослав(C)
5.Микиќ Дејан(F)

Од останатиот дел од ростетор би ги споменал: Младеновиќ Марјан,Станимировиќ Дарко,Калов Даниел,Тодоровиќ Филип.

Јуниорската екипа: Нинковиќ Милош,Серафимовски Стефан,Маневиќ Кристијан,Антевски Мартин,Ѓорѓиевски Игор.

Си заминаа: Милановски Даниел,Петриќ Ратко,Вукотиќ Ивица,Благоевиќ Ивица,Атанасовски Мартин.

Во недостаток на квалитет и соодветни кадри кои би ги тренирале и промовирале талентите од Куманово предодредено ни е да се задоволуваме со 2ро разредни срби увезени од некој селски тим во Србија. Во младинската школа имам 2ца другари кои големи таленти во среднишколските денови...пропаѓаат заради горенаведениве срби. Ко што вели другар ми...нему платата му зависи од тоа како ќе игра Куманово...го боли долниот дали ќе ми даде шанса на мене на Ратко,Петко...

Но во каква состојба беше кумановската кошарка ова е исчекор напред. Се надеваме дека во иднина ќе можеме да се вмешаме во борбата за титула. До тогаш 5000 грла ќе урлаат и ќе даваат подршка на овој тим без разлика дали губи или тепа.

Напред Куманово!!!!!!
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.350
Поени од реакции
5.409
Навивав за Пелистер дури беше 1 Лига, ама тимот згасна за ебани 1000 евра што требаше да ги плати за да игра во првенството....
После симпатизер бев на Фени....
Е сега за ова година мислам дека вака ќе биди:
1. МЗТ Скопје според мене тимот кој ќе ја освој првата титула од своето постоење !!! Гласав за нив и мислам дека оваа сезона тимот од Аеродром ќе го освои првото место...
Напраја одлична екипа, но штета шо од тимот ги отпуштија Пупович и Зивчевич ( два одлични кошаркари кои требаше да ги задржат) На досегашните одиграни натпревари одллично се покажаа освен на последната со Торус потфрлија. МЗТ ќе има и одлична подршка на свој паркет од Фемили и пред полни трибини мислам ќе газат !!!
2. Работнички тим кој ќе вмеша прсти за борба за титулата...
Работнички ја измени екипата, но донесоја и доста добри кошаркари како Брендон Кол, одличниот Диме Тасовски и други. Не е за фрлање и екипата на Работнички, ете денес и победија на Супер Купот во Кавадарци !!!
3. Фени Индустри тим кој според мене би завршил на третата позиција зад скопските екипи...
И самите Кавадарчани знаат дека оваа сезона тешко да стигнат до титула, загубија доста кошаркари, едноставно и тие би се вмешале ако го донесат Тодор Гечевски....
4.Торус од ко знам Торус бил интересен тим :) До сега на пријателска ги тепаја 3-4 пати Фени и пред 2-3 дена и МЗТ, доста незгоден тим се, можат да му кинат бодови на МЗТ и Работнички. Напраја страшна екипа Торус, го имат фантастичниот Караџовски, тука одличниот Бојан Трајковски, искусниот Перо Блажевски, Караколев ќе прават изненадувања....
5. Лирија сериозно се изненадив ко видов Лирија кој играчи ги зеле :cenzura: исто ко и Торус ќе ги мачат МЗТ и Работнички, во тим да ги имаш играчи како: Лајф, Симич, Аврамовски, Филипович... не е лесна работа !!!

За другите екипи не сакам да коментирам по многу оти се далеку зад оваа петорка !!!
Овче Поле и Кожуф мислам ќе отпаднат...
Струмица, Вардар, Куманово ќе се борат за плеј аут !!!

Очекувам интересна сезона, исто така и интересно да биди и за битката за титулата, еве веќе има 4-5 добри тимови, од порано вака не било да има толку јаки тимови...
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.352
Поени од реакции
14.748
За Куманово малку. Вака би требало да изгледа првата петорка.

1.Јањусевиќ Милан(F)
2.Матиќ Дарко(G)
3.Костовски Александар(G)
4.Петровски Мирослав(C)
5.Микиќ Дејан(F)

Од останатиот дел од ростетор би ги споменал: Младеновиќ Марјан,Станимировиќ Дарко,Калов Даниел,Тодоровиќ Филип.

Јуниорската екипа: Нинковиќ Милош,Серафимовски Стефан,Маневиќ Кристијан,Антевски Мартин,Ѓорѓиевски Игор.
Кој е тренер на Куманово, Димитријевиќ? И Кумани ќе одат ли на натпреварите, нели бојкотиравте минатата сезона?
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925
За Куманово малку. Вака би требало да изгледа првата петорка.

1.Јањусевиќ Милан(F)
2.Матиќ Дарко(G)
3.Костовски Александар(G)
4.Петровски Мирослав(C)
5.Микиќ Дејан(F)

Од останатиот дел од ростетор би ги споменал: Младеновиќ Марјан,Станимировиќ Дарко,Калов Даниел,Тодоровиќ Филип.

Јуниорската екипа: Нинковиќ Милош,Серафимовски Стефан,Маневиќ Кристијан,Антевски Мартин,Ѓорѓиевски Игор.

Си заминаа: Милановски Даниел,Петриќ Ратко,Вукотиќ Ивица,Благоевиќ Ивица,Атанасовски Мартин.

Во недостаток на квалитет и соодветни кадри кои би ги тренирале и промовирале талентите од Куманово предодредено ни е да се задоволуваме со 2ро разредни срби увезени од некој селски тим во Србија. Во младинската школа имам 2ца другари кои големи таленти во среднишколските денови...пропаѓаат заради горенаведениве срби. Ко што вели другар ми...нему платата му зависи од тоа како ќе игра Куманово...го боли долниот дали ќе ми даде шанса на мене на Ратко,Петко...

Но во каква состојба беше кумановската кошарка ова е исчекор напред. Се надеваме дека во иднина ќе можеме да се вмешаме во борбата за титула. До тогаш 5000 грла ќе урлаат и ќе даваат подршка на овој тим без разлика дали губи или тепа.

Напред Куманово!!!!!!
колку срби имате у тим?
--- надополнето: Oct 10, 2011 12:06 AM ---
хаха сите го отпишувате фени, али ќе видите сеа коа ќе се вратат цобе, шуш и еванс од повреди, кога ќе се земе центар, а евентуално и крилен центар... ќе видиме тогаш
недај боже да дојде и тошо...

ќе видиме колку работнички ќе биде пред фени, а и југословенијата ќе зимала конечно титула, пак и торус, лирија... ха :icon_lol:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Кој е тренер на Куманово, Димитријевиќ? И Кумани ќе одат ли на натпреварите, нели бојкотиравте минатата сезона?
Има некое примирје. Кумани ќе бидат присутни на секој натпревар. Подршката ја искажаа уште на првиот официјален тренинг на екипата. Беа присутни и им приредија убава забава на играчите при што играчите ги отпоздравија.
--- надополнето: Oct 10, 2011 12:14 AM ---
колку срби имате у тим?
--- надополнето: Oct 10, 2011 12:06 AM ---
:icon_lol:
Се ни се срби. Што увезени од север што наши:pos:
3 се прави срби. Останативе се натурализирани :icon_lol:
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
според мене шампион ќе биде МЗТ, се надевам дека Тодоров после поразот од Торус свати колку му е потребен играч на позиција 5 и дека ќе донесе.. после нив главен фаворит според мене е Торус, најкомплетен тим од сите други моментално, Рејнолдс, Трајковски и Крстевски според мене најдобрите центри во лигата, бекови исто многу јаки, после нив Фени Индустри, иако со новиов центар може да изненадат али ќе видиме, а на 4то место Работнички, им фали играч на позиција 5 а исто и на позиција 2, најголема грешка што си го дадоа Симич, после нив за останатите 2 места у плејоф ќе конкурираат Куманово,Лирија,Аба,Кожув и Вардар, али мсилам дека Куманово и Лирија ќе бидат на 5то односно 6то место а Овче Поле убедливо насјлаб тим моментално.. сито добар тим имаат и Куманово, Јанњушевиќ,Матиќ,Јелесијевиќ,Микич и Костовски, повеќе од добра прва 5ка, за младинец го имаат Петар Виларов од Велес, исто повеќе од добро решение а за Костовски замена е Маријан Младеновиќ кој играше у Овче Поле, пред 2 сезони беше и најдобар асистент во супер лига, е сега другие резервни играчи не ги знам но се на се имаат и они склопено добар тим..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.020
Поени од реакции
74.389
Го испофаливме Торус и одма се испосраа во БИБЛ лигата...
Или овие Морнар се многу јаки, или нашава лига е хаварија :D
Океј и Фени изгуби лани од Морнар на стартот но после освои...
Сепак Торус не е Фени... Некако не ми личат на тим кој може да освои титула. Се она што го одиграа со МЗТ, сега го поништија...
Освен Караџовски и Трајковски другиве беа камења. Димчевски изигра многу слабо. На крајот и Касраџовски истроши многу топки кои ги чинеа победа во клучните моменти...
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
342
Поени од реакции
63
морнар играеше лани и у полуфиналето у библ со фени и едвај победи фени, а знајме кој тим го имаа лани... сите млади дечки ама сите таленти, баш а гледав во јасмин и со другарот шо беме заедно коментираме како да играе фени со некој младинци, ама пак едвај победиа... така да немора ништо да значи виа пораз на торус...
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Добро играа Торус имаа водство и контрола на играта но во последните неколку секунди од 3/4 и цела 4/4 се им пропадна во вода.Добра бројка на луѓе имаше и во БТ искрено не очекував толку,а изгледа и организаторот не очекуваше со оглед на тоа што на почетокот беа пуштени само оние мали трибини од страните за да после тоа се наполни и една голема трибина.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.957
Поени од реакции
16.309
Taка изгуби и лани Фени од овие, водеа Фени едно добри 3/4 и на крај им го спопикаа на домашен терен.
За тоа не треба да се дојде до опуштање на екипата, и треба да се игра константно до самиот крај.
Посетеноста на овој натпревар ме изненади..
И доста е оф топик:D
Не е лошо една тема за БИБЛ да се отвори.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Неискуство пред се, имаа водство, го испуштија заради аматерски губења на топки у напад.

Димчевски изигра многу лоша утакмица, некако ми заличе дека препотентно се однесува (демек репрезентативец шутирам од кај сакам).

Сепак и Морнар не беа слаб противник. Има потенцијал у овие ама им треба искуство за вакви мечеви. А не би ме чудело и да играат топло-ладно сезонава.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.957
Поени од реакции
16.309
Работнички не е казнет со 2 натпревари без публика?
Глеам навивачите се спремаат да навиваат, а натпреварот ќе се одигра пред празни трибини.:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom