Трето полувреме

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Бев денес на снимањето на натпреварот Левски - Македонија во Бардовци, и „Трето полувреме“ за мене ќе остане грдо, многу грдо искуство.

Таква неорганизација за статистите јас никаде немам видено. Тотален промашај, имаа само 4ца кординатори кој требаа да раководат со +500луѓе. Рекоа да се дојде од 3часот сабајле, па и покрај убер ниските температури имаа само четири шатори од кои само два служеа да се сместат вкупно 200луѓе(повеќе од пола стојат), а другите што ке останат надвор буквално стојат на нозе од 3часот сабајле до 7:30. Во овој временски интервал предвидена е само една затворена пица од организаторите во 5часот сабајле, и тоа е прашање дали ќе добиеш бидејќи за +500луѓе беа донесени само 400 парчиња, а старите баби кога ќе видат гага бутаат по 4 во ташна.

Почна снимањето веќе незнам кога, окулу 8 ипол, на стадионот не држеа до 1 ипол на сонце само со една чашка вода, никој несмееше да излага, никој несмееше ништо да носи со него приватно(вода, јадење итн). Сите машки се потеа во костими, бидејќи несмееше да се соблечат, а женските се потеа во џемпери и сл. Со други зборови, ако не си успеал да земеш затворена пица во 5часот сабајле, гладен остануваш до 1 ипол, а истата приказна од „доручекот“ беше и за „ручекот“.. значи со други зборови, јас не успеав да земам ниту од пицата ниту од сендвичот предвиден за ручек т.е останав гладен и жеден цел ден.

Се ежам буквално кога го пишувам ова. Првиот шатор служеше за пресоблекување на сите +500статисти, и можете да замислите кое време е потребно секој посебно да биде евидентиран во тетратка, да добие соодветна гардероба што му одговара, да се пресоблече и сл, а посебно што немаше гардероби па мораше на лице место пред сите окулу тебе во шаторот да се соблакаш. Ужас! Посебно кога завршуваше снимањето со статистите се направи ненормална гужва и пред шаторот за пресоблекување и пред шаторот за добивање на тие мочани 1000денари. Шаторите се поставени на земја, и се правеше премногу прашина.

Не ви препорачувам да одите на следните снимања во Бардовци!
Нема што, за денес си потполно во право. Пробаа да се извадат на тоа дека им се собрале повеќе статисти од очекуваното, ама организационо тотално потфрлија.
Но јас не се откажувам, имам премногу добри чувства за овој филм. Пикaзната премногу ми се допаѓа, автентичноста на сцените и костимите.... ах костимите :)
Иначе не знам колку се форумџии има како статисти бидејќи мислам дека никој не се пофали до сега. Јас сум еден од офицерите на Бугарија мухахаха! :)
Не прашувајте како издржувам на попладневни температури во шинел и чизми.... :S
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Филмов очекувам (и се надевам) да биде подобар од Монтевидео, кој не е лош филм секако.
Инаку, нешто информации за кога се очекува да биде премиерата има?
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Ко што гледам пола Драчево се статисти таму. :)
Во право си, пола населба што не ја запознав за 2 години, ја запознав на снимање. ;)
--- надополнето: Oct 5, 2011 11:22 AM ---
Бев денес на снимањето на натпреварот Левски - Македонија во Бардовци, и „Трето полувреме“ за мене ќе остане грдо, многу грдо искуство.
Вчера се снимаше сцената со многу статисти, иако ми се јавија не можев да отидам, ама затоа пратив замена за мене. Во просек кога имаше 200-250 статисти се течеше нормално, колку-толку, ама со дупло народ што да очекуваш. Сепак и народот е за никаде, фрлаат чаши насекаде, ги влечат нозете кога одат и креваат прашина, се тепаат за јадење, земаат по 2 оброка, а ти следи еден за да има за сите, се тепаат за кафе и тие што пијат и тие што не пијат, за вецињата да не зборам...

Има стока народ, тоа е факт и не секогаш е крив организаторот. А тоа што ве оставиле цело време на стадион без вода е затоа што доаѓал премиерот да види како се снима. Претходно ние си баравме вода на стадион и ни даваа одма. Јбг лош ден сте отишле. ;)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Нема што, за денес си потполно во право. Пробаа да се извадат на тоа дека им се собрале повеќе статисти од очекуваното, ама организационо тотално потфрлија.
Но јас не се откажувам, имам премногу добри чувства за овој филм. Пикaзната премногу ми се допаѓа, автентичноста на сцените и костимите.... ах костимите :)
Иначе не знам колку се форумџии има како статисти бидејќи мислам дека никој не се пофали до сега. Јас сум еден од офицерите на Бугарија мухахаха! :)
Не прашувајте како издржувам на попладневни температури во шинел и чизми.... :S
Јас сум еден од војниците бугарски :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.672
Поени од реакции
8.102
.

А тоа што ве оставиле цело време на стадион без вода е затоа што доаѓал премиерот да види како се снима. Претходно ние си баравме вода на стадион и ни даваа одма. Јбг лош ден сте отишле. ;)
А зашто баш кога доаѓал премиерот несмеело нити да се пие вода нити да се јаде ,ко мислиш дрога ќе им даваат па забрането пред премиерот да не ги фати :tapp:
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
А зашто баш кога доаѓал премиерот несмеело нити да се пие вода нити да се јаде ,ко мислиш дрога ќе им даваат па забрането пред премиерот да не ги фати :tapp:
Тоа беше моја претпоставка, не мора да значи дека е така. По муабетот на членот погоре испаѓа дека ептен строго ги држеле, а претходно не беше така, ама претходно и не доаѓаше премиерот. Е сеа, коа ќе си сврзеш два со два... јебига. ;)
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
156
Поени од реакции
233
Ја да видиме Оригинално видео.
Интервју на жив играч и ВИДЕО од натпреварот!!!
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Главната хероина на филмот Трето полувреме, најуспешниот македонски модел, Катарина Ивановска во вестите на Канал 5 во 19 часот зборува за незината кариера, за можноста филмот да добие оскар и за љубовните сцени снимени на брегот на Охридското Езеро.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=81172
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
А зашто баш кога доаѓал премиерот несмеело нити да се пие вода нити да се јаде ,ко мислиш дрога ќе им даваат па забрането пред премиерот да не ги фати :tapp:
Не си во тек. Од премиерот се бара акција како на Путин, потегната од самиот форум. Следен чекор, е борба со тигри во зоолошка...
 
А

Анноун

Гостин
Главната хероина на филмот Трето полувреме, најуспешниот македонски модел, Катарина Ивановска во вестите на Канал 5 во 19 часот зборува за незината кариера, за можноста филмот да добие оскар и за љубовните сцени снимени на брегот на Охридското Езеро.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=81172
најсмешно ми беше кога ја прашаа за еротските сцени , и оваа вика мајка и кога видела дека ќе има еротски сцени викала "е мора ли ова , мора ли вака " . демек у њујорк кога ја сликаат закопчана до гуша е . она цел живот и се атрибутите на тацна , па за у филм било проблем.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
најсмешно ми беше кога ја прашаа за еротските сцени , и оваа вика мајка и кога видела дека ќе има еротски сцени викала "е мора ли ова , мора ли вака " . демек у њујорк кога ја сликаат закопчана до гуша е . она цел живот и се атрибутите на тацна , па за у филм било проблем.
Во Њујорк нема Македонци, а и да има не се со ваков менталитет како нашиве тука, туку си попримиле од „светскиот“. ;)

Инаку требала Цаци Паковска да ја прашува, типов многу е ко за спортски вести.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Цаци Паковска да и правеше муабет ќе требаше цел саат да траат вестите, нешто ко Студио2 на времето што идеше и во вестите на А1 и после продолжуваше на А2 :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom