РАМКОВЕН БУЏЕТ за ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА!

P

Princ

Гостин
Се надевам ова ќе се прифати бидејќи е единствен начин за праведно расподелување на буџетот.
Доста беа вакви заебанции
Од вкупните капитални инвестиции во државата, според буџетот за 2011 година, кои изнесуваат приближно 379,5 милиони евра, само 16,6 милиони евра (или само 4,38 проценти) се планирани за регионите каде што мнозинство се албанските граѓани, и тие со одлука на Владата на РМ за прераспределба на средствата сега се скратуваат
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Се надевам ова ќе се прифати бидејќи е единствен начин за праведно расподелување на буџетот.
Доста беа вакви заебанции
Дечко дали си ти сериозен? Од кога тоа финансиите и економијата и следствено буџетот треба да се расподелат праведно?
Ако не си запознат ние моментално живееме во капиталистичко општество, кадешто не постои зборот праведно, за остварување профит !
Ако сакаш праведно трк кај Маркс и Енгелс !
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Тетово и Гостивар се поврзани со автопат со Скопје.
Да бидиме "праведни" и да ги поврзиме Струмица и Штип со Скопје со автопат.Може Принц???
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Се надевам ова ќе се прифати бидејќи е единствен начин за праведно расподелување на буџетот.
Доста беа вакви заебанции
Полека бе, братучед....
Значи албански се само општините во кои повеќе од 50% од населението се Албанци. А што правиме со општините каде што Албанците се под 50% како Скопје, Куманово, Јегуновце, Кичево .... каде што живеат 30-40% од Албанците.
Значи тие општини не се албански??? Таму вложувањата не легнуваат на контото на Албанците??? Тие Албанци (во Скопје) не се Албанци???
25% од државниот буџет да одат за да се задоволат потребите на 60 % од албанското население??? А другите??? Чорба да ги правиме?

Обратете внимание на текстов:
"Нели и во претходните буџети, ако не формално тогаш неформално, во строго планирани пљачки на Поштенска штедилница, беше запазуван рамковно утврдениот процент од над 20 отсто „народни пари“. Нели и денес сите знаат дека пола од рамковните вработувања се фиктивни, а финансирани од буџетот?

Значи, да поентирам: ако здушно сте учествувале на кој било начин во славата и примената на рамковниот, ако токму тој гангстерски документ сте го прогласиле за политичка библија и според него уставно сте си ја преуредиле државата, што го џавкате сега? Имаме избор: или ќе го оставиме да си дејствува на терен така што ќе го легализираме неговиот сеприсутен нематеријален дух со верба дека по дваесетина години, кога сегашното етничко мнозинство ќе стане малцинство, за себе ќе умее вешто и дрско да ги применува привилегиите од тој договор (Македонците ќе се однесуваат како денес распрдените Албанци), или дајте да го прогласиме за штетен и неважечки."

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1071192182&id=13&prilog=0&setIzdanie=22400
 
B

Black Guard

Гостин
Не треба да постои дискриминација помеѓу општините,мора да се примени согласно закон сите општини да се еднакви и точка!
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
112
Поени од реакции
26
дај не трескај, 100.000 албански семејства..

пак трескаш во своја корист, јас сум ситен занаетчија веќе 20 години..и сам го издржувам моето 4-члено семејство, ни мене буџетот не ме ферма ни 2% ама СИТЕ давачки ги плаќам на време, зашто ПРВО НА НИВ мислам па после на леб, млеко и бензин..и мојот брат исто, значи комплет фамилија така..дали тоа ни дава право да земаме секирата и калашот во раце?

аман бе, аман..до кога вам ова на албанците, она на албанците ви се правело!?!?
па и нам исто ни се случува, како можеш само албанците тука да ги споменуваш? и на сите мои роднини од странство ова им се случи, и сеа??

Е АЈ ТЕ МОЛЈА ДА ПРОШЕТАШ ВО МАРИОВО, ДА ГИ ВИДИШ СИТЕ ФАБРИКИ, УЛИЦИ, ПАРКОВИ ШТО ИМ СЕ НАПРАВИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, УЛАВ ЛИ СИ ШТО ЗБОРУВАШ?
odlicno kazano, bi dodal deka vo Mariovo kako NAJGOLEMA oblast vo Makedonija ete, treba najgolemiot del od site investicii i vlozuvanja, najgolemiot del na avtopati i fabriki da se preselat tuka :) da go vmetnime Mariovo vo posraniot ramkoven :)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Значи сега со нова грешка ќе исправаме стари грешки?

Завршување со изградбата на 4 Технолошки индустриски развојни зони во Скопје (1 и 2), Штип и Тетово
Ти реков јас , конечно Пологот да добие економска зона , арно ама кога идат инвестиции , ги праќаат на други места.

Изградба на автопати
Тоа се меѓународни коридори, што не верувам дека во блиска иднина ќе се изградат , тоа што пишува на хартија мене не ми е за верување , особено тие патиштата по некои албански села. Со децении некои албански села бараат да се отворат гранични премини и да се изградат регионални патишта , нема ништо од тоа. Но затоа одма се отвори граничен премин за интересите на некои десетина селани македонци кои живеат на граница со Србија , а илјадници албанци сеуште чекаат.

1.314 станбени единици во згради и куќи во следниве градови: Скопје, Ресен, Демир Хисар, Гевгелија, Прилеп, Македонски Брод, Кочани, Пехчево, Виница, Куманово, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Неготино, Струмица, Тетово, Гостивар, Дебар и Велес
Скопје- се знае кај ќе се градат и кому ќе им се дадат , како и во претходните години , албанците не можат ни да ги мирисат.
Куманово- исто така и тука нема што да очекуваат албанците.
Кичево - тука веќе од прошлите години се знае што сакаат да направат , да изградат воени станови и да им ги доделат на македонците од други градови за политички цели.
Тетово , Гостивар и Дебар , би требало да бидат среќни ако им ги изградат некогаш овие. Пошто за овие општини само се најавува , а еве каде се реализираат одмна , без најава :

За лица во социјален ризик и други ранливи групи
- во 2011 и 2012 ќе се заврши градбата на започнатите 220 единици во Битола, Берово и Штип

Дали приметуваш едно нешто , го споредувате Тетово со Пехчево, Демир Хисар , Македонски Брод , Пробиштип.

Знаеш ли колку жители има во Демир Хисар?
2500 жители.
Пехчево - 3200
Македонски брод- 3700

Знаеш ли дека има барем 30 албански села со повеќе жители од Демир Хисар. Зошто во проектот барем на хартија не се вклучени и Арачиново , Велешта , Чегране , Мала Речица , Боговиње , Лабуништа , Зајас , села со над 5000 жители.

дозавршување на училиште во Арачиново, нови училишта во општина Чаир, нови средни училишта во Арачиново и Сарај...
Конечно некој пројект за Арачиново , колку што знам еден канал едвај им изчистија , откако протестираа активно.

Училиштето конечно го реновираа , но не дека и текнало на Владата , туку УСАИД одлучи да им даде 30.000 долари. Да останеше за државата наша , сеуште ќе требаше да молат.

http://www.vlada.mk/files/Programa_za_rabota_na_Vladata_na_Republika_Makedonija_za_periodot_2011-2015_godina.pdf

Интересни проекти , но јас повише сакам да гледам што направиле последните години , каде ветуваа , а каде навистина градеа. На оваа програма не треба да веруваат ни македонците , а камо ли албанците.

Нема смисла да редам повеќе.
Да не дојдеме ние од Струмица и Гевгелија да возиме по патиштава погоре??? ОД ШТО СТЕ СКРАТЕНИ? Колку за сите толку и за вас (додуша за вас секогаш малку повеќе да не ви се настрани случајно капата).
Сте направиле пари од пиперките , кога албанецот работеше нива , сељак беше , кога чуваа живина , овчари беа , се додека не ги уништија па ги направија да се откажат од све , сега кога македонците почнаа да станат сељаци и овчари , почнаа да нудат субвенции.
Нели беше Гевгелија , Лас Вегас?

Колку чудни инвестиции:

Нов Дојран (1100 жители) - 2 тениски игралишта

Валандово (4400) - спортска сала , тениски терени , фудбалско игралиште.

Албанците нејќаат тениски игралишта , не им е до тенисот , ама ги сакаат парите , да ги вложат во други проекти.
--- надополнето: Oct 7, 2011 10:13 PM ---
Во последните години , во изградба и распределба на социалните станови не е почитувано ништо:

Покрај денешната во Крива Паланка и Кочани, прелиминарна распределба на социјални станови вчера беше извршена во Охрид и во Кичево, а за утре е предвидена во Кавадарци, како и во Скопје за становите наменети за продажба на млади брачни парови и самохрани родители лоцирани во населбата Аеродром.
Во петте града има вкупно 208 социјални станови, а вкупно се пристигнати 547 апликации.

Ќе стартува изградбата и на 492 социјални станови, 356 во Скопје, 44 во Гевгелија, 51 во Берово и 41 во Струмица.

29 во Македонска Каменица.

102 Ѓорче Петров

Становите се наменети за деца без родители, за Роми и за самохрани родители. Ќе се градат во Скопје, Велес, Гевгелија, Неготино, Демир Хисар,

Во Берово наскоро се очекува да започне изградбата на нова стамбена зграда со која ќе се обезбедат станови за социјални категории.

Не знам што мислат со ова , навистина не знам , сите знаеме кај има најголема невработеност , а тие настојуваат во Скопје да изградат социални станови , и тоа во Ново Лисиче , Ѓорче ... Охрид замислете , градот на туризмот , Гевгелија - Лас Вегас , Демир Хисар (село од 2500 жители).
Зошто ги прескокнуваат Студеничани , Арачиново , Сарај , Липково , Боговиње , Врапчиште , Теарце , Осломеј , Долнени ? Не се мали општини овие бе , Сарај има колку Кавадарци жители , Липково има колку Радовиш , Теарце има колку Крива Паланка или Гевгелија , Осломеј има колку Кратово , Арачиново колку Берово....
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Покрај денешната во Крива Паланка и Кочани, прелиминарна распределба на социјални станови.

Теарце има колку Крива Паланка или Гевгелија , Осломеј има колку Кратово , Арачиново колку Берово....
Добро бе , веќе незнам што да ти се пише на тебе. Ова за становите во Крива Паланка , најди на некој друг да го продаваш и да ми глумиш обесправен зашто нема станови кај вас. Па нели пиша на некоја тема дека 90 000 000 евра во западна Македонија сте инвестирале во кууќи и згради вие албанците.
Зашто тражите станови?

И Теарце има 20 000 жители ?
Ве заболе вас уво, за парите од државата.
Федерализација и поделба сакате па сега тука го дрвиш.
Ама нема да го добиете, нема ни ваков рамковен буџет да добиете, зашто Гуги ви доста попушти, сам знае ако уште попушти избори не добива веќе, инаку и вака веќе не ги добива.
 
P

Princ

Гостин
Добро бе , веќе незнам што да ти се пише на тебе. Ова за становите во Крива Паланка , најди на некој друг да го продаваш и да ми глумиш обесправен зашто нема станови кај вас. Па нели пиша на некоја тема дека 90 000 000 евра во западна Македонија сте инвестирале во кууќи и згради вие албанците.
Зашто тражите станови?
Има 2 разлики во првиот и вториот случај
1. Ги гради државата
2. Оние 90.000.000 евра во станови си ги градиме самите.
Епа ние сакаме и на нас државата да ни изгради некој стан, одамна не сме осумдесети-деведесети години.

Федерализација и поделба сакате па сега тука го дрвиш.
И ќе ја добиеме, вака или така, денес или утре (за вакви само ваков одговор, не вреди логичко резонирање).
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
И ќе ја добиеме, вака или така, денес или утре (за вакви само ваков одговор, не вреди логичко резонирање).
Да ќе ја добиете, кога ние ќе ја добиеме Егејска и Пиринска Македонија.
 
P

Princ

Гостин
Тетово и Гостивар се поврзани со автопат со Скопје.
Да бидиме "праведни" и да ги поврзиме Струмица и Штип со Скопје со автопат.Може Принц???
Секако. Ако ме имаш читано подолго време, ќе сватеше дека Принц е одамна застапник на идејата дека треба секое село со друго село да биде поврзано со автопат. На крај краишта, од автопатите само корист може да се има. Од тоа мулти-милионските споменици на десната страна од вардар ретко.
--- надополнето: Oct 7, 2011 11:07 PM ---
А што правиме со општините каде што Албанците се под 50% како Скопје, Куманово, Јегуновце, Кичево .... каде што живеат 30-40% од Албанците.
И во тие средини има ужасно голема разлика помеѓу вложувањето во една или друга страна на вардар, населба, улица... како сакаш мери. Факт (за кој не сакам ни да дискутирам, онака одма ти велам да престанеш да збориш) е дека десната страна на вардар е далеку (ден и ноќ разлика) поразвиена од левата страна на вардар. На десната страна на вардар живеат мнозинство Македонци. Карши, преку реката, живеат мнозинство Албанци.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ве прочитав и замислувам како би го делеле буџетот според број на население и етнички заедници. Имаш 100 денари буџет и делиш:
-40ден Скопје и околина
-40 ден Полог
-10ден Источна
-10ден Централна

Велес, Куманово, Прилеп и Битола како едни од најголемите градови во Македонија и голем број на население што ќе прават? Фала Богу не ви е гајле.
Иначе децентрализацијата е модел според кој се финансираат општините сами и се развиваат. Значи поголемите општини земаат повеќе од помалите плус и сами се финансираат. Е сега ако градоначалникот на Тетово или Гостивар си ги пикал во џеб парите и неговите градови личат како дел од Бангладеш со тесни улици, коли испаркирани, куќи во сите можни бои, една погоре една подоле, тоа што немате фонтани, плоштади или индустри зони со фабрики неможе да ви е крива државата. Ќе се свртите кон тој што сте го гласале и од него ќе си барате развој.
Градоначалникот е задолжен за инвестиции во својата општина има лепеза на можности од комунални давачки, земјиште и услови за понуда за бизнис. Е сега што градоначалникот ви е пикнат во гзот на партијата и слуша што ќе му кажат тоа е сосем друго нешто.
Никој не може на инвеститор да му кажува каде да гради капацитет и да му наметнува тоа да биде Скопје. Тој се одлучува сам според видот на бизнисот која локација му одговара.
Дардијан ја спомена Југославија....зарем не примети дека се распадна тој систем? Ние баш и не би сакале да се распадне Македонија. Затоа рамковен буџет ни во лудило. Секој оној што ќе крене рака за него директно не води до поделба и распад. Наместо заедно да се бориме за сите да имаме, сега треба и меѓу себе да се бориме - резултат 0.
 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
29
Поени од реакции
20
Ти реков јас , конечно Пологот да добие економска зона , арно ама кога идат инвестиции , ги праќаат на други места.
Да Грујо ги препраќа во Жабени и Штип. Ама доста беше тоа веќе. Отсега право во Тетово да ги праќа и на состанокот со инвеститорот доколку пр. инвестицијата е тектилна фабрика мора да има по две столчиња во салата едно за нусе што ќе работи, а едно за мажот да и ги договара условите. На кој бре странски инвеститор дојден од бестрага ќе му кажуваш каде да инвестира? 90 посто од тие ваши градби се изградени во ниви без ниеден денар платени комуналии. Што би зборат таму тоа главатарите не ми се верува. Инаку автопатот Тетово Гостивар вреди повеќе колку сите тие станови во десет години што ќе се изградат, а изграден е само затоа што некој од твојата етничка заедница беше на место каде што се одлучувало во тој момент. Види каков е патот до Штип, Струмица Битола колку луѓе изгинаа по тие патишта а колку тие региони придонесуваат во полнење на буџет. Ма што воопшто малтретирате тука бре
 

Kajgana Shop

На врв Bottom