Што е тоа што ве тера наутро да станете од кревет?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lucio
  • Време на започнување Време на започнување
сончевото утро, доколу е лошо времето не ми се станува ама морам инаку ќе се црвлосам во кревет.
 
Желбата за докажување и себеунапредување, на професионален и приватен план.

Љубовта кон роднините, родителите, саканата...

За крај, ќе завшрам со една сликичка која се надевам дека ќе внесе барем малку мотивација во секој што ќе ја види.
321917_460s.jpg
 
Самата помисла дека е нов ден, дека ќе си направам нешто убаво за доручек, дека ќе пијам кафе, ќе си ги слушнам дечкото и друштвото по телефон...Дека ќе разговарам со моите, ќе споделам некој интересен момент или било што друго....
 
Тоа што ако не станам баба ми ќе дојде во соба и ќе ми се развика... Највеќе го мразам тоа, така да морам.
 
Најчесто алармот кој е наместен да ме буди поради работните обврски. Иначе често ме буди затнатиот нос поради што едвај дишам или некој лош сон, па понекогаш и кавгата на домашните.
 
Алармот не го рецкам многу, снузот на велико работи кај мене.
Ме тера помислата дека мора да се работи нешто, зашто ако не, месецов ќе нема што да се јаде и пие, и ќе нема за кирија, за нет, за струја, за вода ... многу депресивно ми почнува секој ден. После првото кафе, супер сум.
 
Мачорот бара јадење.[DOUBLEPOST=1482572460][/DOUBLEPOST]
Желбата за докажување и себеунапредување, на професионален и приватен план.

Љубовта кон роднините, родителите, саканата...

За крај, ќе завшрам со една сликичка која се надевам дека ќе внесе барем малку мотивација во секој што ќе ја види.
321917_460s.jpg

Имаше една вака излезе да патува, отиде да автостопира низ блиски исток. Ја фатија клети муџахедини ја силуваа и ја убија. Ама добар совет како и да е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom