Кире Лазаров

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
Лазаров и официјално во Суидад Реал.

Lazarov, nuevo jugador del Renovalia Ciudad Real

Kiril Lazarov es el último fichaje del Renovalia Ciudad Real para la próxima temporada 10/11. El jugador macedonio vestirá la camiseta del Club durante los próximos dos años. Con 30 años, el lateral zurdo llega al equipo abalado por sus números.

Es un gran lanzador y vive literalmente del gol. De hecho, Lazarov ha sido muchos años consecutivos el máximo goleador de la Liga de Campeones. Una competición en la que el año pasado anotó 89 goles. Con su regularidad y su habilidad en 7 metros destacó en el Veszprém donde militó cinco años. Después pasó a las filas del RK Zagreb.

Ficha del jugador:

Fecha de nacimiento: 10/05/1980

Lugar de nacimiento: Veles (Macedonia)

Altura: 193 cm

Peso: 98 kg

Posición pista: Lateral Derecho

http://www.balonmanociudadreal.net/noticia_ver/2652

Со среќа нека му е.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Со среќа нека му е.
Па да го видиме како најдобар стрелец и оваа сезона.
Али сега и со титула од ЛШ :icon_lol:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Одлично е ова за Кире, бидејќи веќе има 30 години и уште некоја сезона ќе може да игра во ова врвно темпо.

Сиудад е тим од кремот на Европа, секогаш со шампионски амбиции во ЛШ и ќе има можност повторно да биде меѓу првите стрелци во ЛШ, да земе добра пара и секако да се бори за титула.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Лазаров потпиша за Сиудад Реал
Во следната сезона Кире Лазаров ќе го носи дресот на екипата на Сиудад Реал, која конечно успеа да најде заеднички јазик со составот на Загреб и да го договори преминот на капитенот на македонската репрезентација.
Лазаров во последните сезони играше за Загреб, но по завршувањето на минатата стана јасно дека ќе ја менува средината. Во опција за да ја продолжи кариерата имаше неколку екипи, но во последно време се споменуваше само Сиудад Реал. Проблем имаше само околу договорот меѓу Сиудад Реал и Загреб околу отштетата која Шпанците ќе треба да ја платат бидејќи Лазаров имаше договор на уште една година со Загреб.
Иако вчера немаше ништо конкретно од двата клуба, сепак, најверојатно сумата за која двете екипи се имаат договорено е 125.000 евра и тоа на две рати. Пола од сумата треба да се уплати веднаш на сметка на Загреб, а другата половина до завршување на сезоната.
За Лазаров ова ќе биде трет клуб во неговата интернационална кариера по заминувањето од Пелистер кој беше последен македонски тим во кој настапувал. Пред Пелистер играше за Овче Поле и за Борец. Од Битола замина во Загреб каде играше неколку сезони. Потоа се пресели во шампионот на Унгарија, МКБ Веспрем, но одново се врати во Загреб иако и тогаш имаше понуди од Шпанија. Сега веќе не можеше да одолее на понудата од тимот кој во последните години заедно со Кил секогаш е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампионите.
Шпанскиот првак е веќе нов тим на Лазаров и тука нема ништо спорно. Според информацијата која вчера ја добивме с$ е веќе договорено, а Лазаров денеска треба да се појави во Шпанија и да му се приклучи на својот нов тим. Деталите околу преминот на Лазаров од Загреб во Сиудад Реал веројатно ќе бидат познати деновиве, но она што е најважно за сите е дека тој веќе се договори со шпанскиот првак и останува само да се формализираат и официјализираат сите работи.
Сиудад Реал секако ќе биде голем предизвик бидејќи ова е тимот со кој Лазаров има големи шанси за да ја добие круната која недостига во неговата богата колекција на трофеи, а тоа секако е победата во Лигата на шампионите.

Турнирот во Добој за деби
Екипата на Сиудад Реал од вторник ќе игра на ТВ турнирот во Добој и тоа е голема шанса за Лазаров да дебитира со победа на едно натпреварување со неговиот нов тим. Тоа ќе бидат силни средби и можност за Лазаров да се претстави во добро издание и гол форма со своите нови колеги.

со среќа нека му е на кире
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.352
Поени од реакции
2.247
Браво царе!
Заслужено отиде во добар клуб, само да беше малку по млад, вака ке има само 2 години да игра, можеби и помалку. Сепак цела напорна сезона го чека, мора да ги покаже своите квалитети и верувам во тоа. Каков играч имаме бреј.

Со среќа нека е и многу голови и прв стрелец да стане. Сега ке му е по друго во ЛШ. Ке летаат голови ајде ... :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.779
Поени од реакции
44.008
Со среќа нека му е и му посакувам да освои ЛШ.. : (со мало задоцнување xD!)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Вчера играше за Суидад постигна само еден гол но тренерот ги ставаше сите и младинците затоа што играа против слаб тим од Србија на турнирот што игра и Вардар и разилката беше голема :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Заслужено е најдобар трансфер и мислам дека Кире може да одигра уште 2 силни сезони. Браво Кире сега си во врвен клуб и те чекаме на настапите со Македонија во Борис Трајковски!
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Градот од каде што потекнува е расадник на ракометари и ракометарки, како што Струмица е расадник на фудбалери.
Само ситуацијата во државата, предрасудите и други фактори влијаеа на јаки момци и девојки да не успеат. Кире Лазаров и Гордана Нацева се исклучок, со голем труд станаа тоа што се.
Инаку, пред 3-4 години ракометарките играа во финале на купот и загубија од Еуростандард.
А сала? Па се гради, и за една година најверојатно ќе има и сала. Ги прашував моите школски ракометарки, а беа дури три, зошто не влезат во супер-лига, и ми одговараа дека нема кај да играт, на отворено игралиште не се дочекува Кометал ЃП. И во право беа...
Да тоа е точно во Свети Николе имаме два ракометни клуба Р.К-Овче Поле и Р.К-Лазарови
P.S-јас играам за Р.К-Лазарови (лев бек ) ама ситуацијата е јако заебана ногу играчи си отидоа моментално сме помеѓу 15-20(постојани) играчи во Р.К-Лазарови,и во Р.К- Овче Поле има 13-14(постојани) играчи пред 3 дена од кај нас отидоа 1 голман еден лев бек и едно лево крило во овче поле а кај нас во лазарови дојде 1 голман од овче поле хаха праеме си компензации:toe:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Вчера Лазаров одигра фантастична утакмица во 1-то коло од ЛШ против Фленсбург во кој Сиудад Реал славеше со 27-18.Кире ја предводеше листата на стрелците со 8 гола а имаше и доста асистенции.Но Сиудад има долга клупа и многу играчи на располагање така да има замена за Лазаров да може да здивне 5-6 мин во натпреварот,па вака е уште подобар.За тоа време додека беше во игра публиката цело време го скандираше неговото име.БРАВО!!!
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Прв натпревар оваа сезона (2011-2012) за Лазаров за Атлетико Мадрид (бивши Сиудад Реал) во лигата на шампионите. Играше против Силкеборг и постигна 7 гола. Можете да ги погледнете сите негови голови во горното видео.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Што да се каже! Легенда!! 10 гола (два од седмерец) освен што е две кола по ред прв стрелец мислам и дека во Шпанска е прв стрелец ипак треба да се провери.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Што да се каже! Легенда!! 10 гола (два од седмерец) освен што е две кола по ред прв стрелец мислам и дека во Шпанска е прв стрелец ипак треба да се провери.
Да на последниот натпревар во Асобал против BM Antequera постигна 10 гола!!! Sвер.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Во пресрет на вториот меч од Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид-Чеховски Медведи (в недела 9 октомври,20:15 часот, еве што изјавува Кире Лазаров:
“Сите знаеме дека ова ќе биде тежок меч. Се надеваме дека навивачите ќе ги има во што поголем број и заедно со нив, во заедничка борба да му се спротивставиме на противникот. Се надевам дека атмосферата ќе биде одлична, со поддршка од трибините да дојдеме до победа. Треба да одиме чекор по чекор, мора да се подготвиме за сите проблеми и предизвици кои ќе бидат во текот на сите 60 минути во мечот со Чеховски Медведи“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom