Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Сватете ги луѓето и нивните фрустрации во една посрана земја каде нема редовна плата, каде книшки се предуслов за работа, каде магистри и остала елита работат за мочани 200 евра итн итн...сите сакаме големи плати, а тие ги има во европа, ама овде сигурно не, овде се знае што има...лоповизам и сиромаштија. Ебем ти патриотизам ако државата те ебе. Не вадам бугарски пасош од принцип, ама ако продолжи да ме дупи од позади без вазелин, ниедна држава нема да биде поголема од мене, па би си го фатил патот отколку да се чукам во гради и изигравам глупи исток.
Јас на моја кожа веќе почувствував подобрувања. За тебе не знам.
Јас сум студент.
 
T

Tetro

Гостин
Па, некако не протестирам и не колам луѓе кои вадат пасоши?
Едноставно сум против, јас тоа не би го направила.
Би извадила австриски, бугарски не.
Ни грчки, ни албански, ни српски, ни никаков, ако земјата која што го издава не ја признава Република Македонија, Македонскиот јазик и Македонскиот народ.
Да.
И сеуште мислиш дека со нашето подредување врз основ на вработување на партиска основа и изготвување на планови и нацрти (закони) скроени само за заштита на големите имотопоседници и газди на случајни фирми отворени пред 10-15 години (конфекции, мало и средно производство, увоз-извоз, прехранбена индустрија,... ) со сегашната утврдената плата од 8.050 денари, ќе го убеди некој дека само од љубов се живее.
67 леба месечно по член на фамилија, премногу е апсурдно и бизарно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241

Овој човек многу фино го долови изборот Македонија и странство. Па и Јоблоу го читав, неговиот од по трњето...трагедија од држава сме. Намерно го избегнувам она "дома и странство" затоа што Дома е таму каде што ти е убаво, каде се осеќаш како човек и каде те третираат како човек.

Затоа во име на некоиси убер идеали, за Македонија не би бил баш задоволен кога моите синови би одбрале да земат туѓ пасош, но од друга страна кога гледам дека не е можно ништо да се стори ниту куќа да закуќи човек на поштен начин...би бил среќен да си најдат работа вон Македонија макар и со тој пасош. Барем да го сочуваат дигнитетот на нивните деца и внуци макар и во друга земја ако ништо друго.
Оптимизмот беше добар додека траеше, но оптимизмот не не храни ни облекува. А како гледам, состојбите се се полоши.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Да.
И сеуште мислиш дека со нашето подредување врз основ на вработување на партиска основа и изготвување на планови и нацрти (закони) скроени само за заштита на големите имотопоседници и газди на случајни фирми отворени пред 10-15 години (конфекции, мало и средно производство, увоз-извоз, прехранбена индустрија,... ) со сегашната утврдената плата од 8.050 денари, ќе го убеди некој дека само од љубов се живее.
67 леба месечно по член на фамилија, премногу е апсурдно и бизарно.
Сегашната и минатата власт не се поважни и поголеми од Македонија. Луѓе цркнуваа за ова минијатурно парче земја. Нема нив да ги продадам за некаква си материјална убавина. Моите родители немаат нит фирма, нит ништо, па не умираме од глад. Така да, ти пропаѓа тоа дека само ,,тие големите,, пристојно живееле.

Иначе не знам зошто се најде прозван.
Јас сум против, и тоа е тоа. Нема да извадам пасош, ниту пак ќе оправдам.
Ти и тие како тебе што мислите, правете што сакате.
Не ве убедувам да не вадите, ама не ме убедувајте дека е паметно. Не е.
 
T

Tetro

Гостин
Еве ти прво лајк, како CiTro што ги клика. :)

И еве ти малку реализам:
Сегашната и минатата власт не се поважни и поголеми од Македонија.
Не се поважни, ама тие се креаторите на нашата "судбина", за ширењето на лажниот патриотизам и моменталниот национален интерес со високи индекси на 32%+ невработеност (додека Бугарија си го намалија под 8%), инфлацијата, каматните стапки, презадолженоста на народот, банкротот на малите фирмички, додека поголемите компании го собираат медот, монополизацијата на одредени сектори, намерна и наметната акциза,.... да не те трујам многу со податоци, а и во интерес на владиниот интернет кој го користам кој не дозволува еден подолг пост да се прати без да има проблеми. :/

Луѓе цркнуваа за ова минијатурно парче земја.
Бев тука кога се креираше ова парче земја, бев во последните генерации пионери, знам како беше.

Нема нив да ги продадам за некаква си материјална убавина.
1. Не можеш да продадеш нешто што не е твое.
2. Нема материјална убавина во едно парче хартија. Многумина не сфатиле што значи да бидеш државјанин на една земја, а што значи да се изјаснуваш према национална определба.
Ова е исто како да речеш дека живееш во Македонија и со самото тоа ти си Православен Христијанин, да негираш постоење на црнци во Македонија, и да забрануваш некој да биде обуен во Јадранки.
Моите родители немаат нит фирма, нит ништо, па не умираме од глад. Така да, ти пропаѓа тоа дека само ,,тие големите,, пристојно живееле.
Не реков дека умираме од глад. Не умираме, ама не можеме да најдеме пристојна работа, додека гледаме како неквалификувани кадри седат у фотељи, гледаме како некои земаат пари од буџетот, а не работат ништо, гледаме злоупотреби и силување на буџетот, а не можеме никаде да се пожалиме. Имало поцрно и од црниот "Голи оток",.... ама за тоа не е прилика сега.

Иначе не знам зошто се најде прозван.
Не мора некој да биде прозван за да се изјасни по некоја тема. Додека сум тука на форумов и имаме квалитетна дискусија, ќе си пишуваме. Иако сметам дека сето тоа полека се губи и поголемиот дел од членовите немаат ниту трошка храброст да изнесат факти и да дискутираат на ниво без да навредуваат.

Јас сум против, и тоа е тоа. Нема да извадам пасош, ниту пак ќе оправдам.
Ти и тие како тебе што мислите, правете што сакате.
Не ве убедувам да не вадите, ама не ме убедувајте дека е паметно. Не е.
Не пробав да те убедам, тоа е прашање на личен интерес. Но, ако еден ден склучиш брак со припадник на друга заедница, сето ова негирање би паднало во вода. ;)

Овој човек многу фино го долови изборот Македонија и странство.
Дома е таму каде што ти е убаво, каде се осеќаш како човек и каде те третираат како човек.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Еве ти прво лајк, како CiTro што ги клика. :)

И еве ти малку реализам:
Не се поважни, ама тие се креаторите на нашата "судбина", за ширењето на лажниот патриотизам и моменталниот национален интерес со високи индекси на 32%+ невработеност (додека Бугарија си го намалија под 8%), инфлацијата, каматните стапки, презадолженоста на народот, банкротот на малите фирмички, додека поголемите компании го собираат медот, монополизацијата на одредени сектори, намерна и наметната акциза,.... да не те трујам многу со податоци, а и во интерес на владиниот интернет кој го користам кој не дозволува еден подолг пост да се прати без да има проблеми. :/

Бев тука кога се креираше ова парче земја, бев во последните генерации пионери, знам како беше.

1. Не можеш да продадеш нешто што не е твое.
2. Нема материјална убавина во едно парче хартија. Многумина не сфатиле што значи да бидеш државјанин на една земја, а што значи да се изјаснуваш према национална определба.
Ова е исто како да речеш дека живееш во Македонија и со самото тоа ти си Православен Христијанин, да негираш постоење на црнци во Македонија, и да забрануваш некој да биде обуен во Јадранки.

Не реков дека умираме од глад. Не умираме, ама не можеме да најдеме пристојна работа, додека гледаме како неквалификувани кадри седат у фотељи, гледаме како некои земаат пари од буџетот, а не работат ништо, гледаме злоупотреби и силување на буџетот, а не можеме никаде да се пожалиме. Имало поцрно и од црниот "Голи оток",.... ама за тоа не е прилика сега.

Не мора некој да биде прозван за да се изјасни по некоја тема. Додека сум тука на форумов и имаме квалитетна дискусија, ќе си пишуваме. Иако сметам дека сето тоа полека се губи и поголемиот дел од членовите немаат ниту трошка храброст да изнесат факти и да дискутираат на ниво без да навредуваат.

Не пробав да те убедам, тоа е прашање на личен интерес. Но, ако еден ден склучиш брак со припадник на друга заедница, сето ова негирање би паднало во вода. ;)
Како што веќе едно 10 пати се изјаснив, поважен ми е Аце на плоштад, од камати и буџет. Не се притресувам дека е минимална плата 8 000. Зошто на своја кожа знам како е да работиш и студираш. И кога јас таква необразована наоѓав пристојна работа, секој може. И по пат, никој не ми помогна, никогаш. Си праќав мотивациони писма. И дефинитивно заработував повеќе од 8 000. Ама сите сакаат некој друг да им го реши проблемот, или пак, со основно образование 300 евра. ЕПА НЕМА.

Јас ќе бидам Македонка каде и да живеам. Што и да правам. Тоа што живеам во Македонија не ме прави Македонка, туку чувството за национална припадност.

И не мислев на вас југословенски креатори. Мислев на оние, пред вас. Комунизмот и Југославија не ги ставам на тоа рамниште. И тогаш мамата ни ја е*аа. (според мене).

Прв пат не ни ја кројат судбината Бугари и Срби, и прв пат јавно и отворено кажуваме кои сме (Никола Груевски, баш добар говор имаше, искрено се расплакав).

Не очекувам да ме разбереш.
Не ми треба Ај Под, не ми треба одмор на Ибица, не ми треба ништо.
Ми треба оваа Македонија, макар и лажен патриотизам да има во власта/опозицијата, јас не сум лажен патриот и јас имам огромни националистички чувства.

И, по пат, нема да бидам во брак со никој од друга етничка заедница. Атеист веќе знаеме дека мора да биде, но по националност се прифаќа Македонец само и само.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Kaков Бугарски Пасош бе !!! Ај Сиктер таму мене сон нема да ме фати, душава ќе ми пукне на самата помисла дека такво нешто сум направил !!! Камења ќе јадам не се пишувам благонадежен Татар !!! На кого сака ова нека му звучи ненормално тоа е мое мислење !!! Некој со мојот лист да си прави историја бегај таму бе ... Има милион начини да се снајдеш во животот ако сакаш ! А не јас земам немам работа, јас земав немам кола јас ова јас она ... Ало бе со тоа материјалното аман више ја губиш душата за кола или работа ... Нашиве 5 века турско издржале прадедо ми се борел против Турци и Бугари и Срби и Качаци, дедо ми го пикале во дупка за да не го земат качаците јас пасош ќе земам ццц ...!! Сиктер бе ... не ми треба мене татарски пасош, ништо не ми треба. Си ја сакам земјава каква е таква е не ми треба ништо друго ...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.893
Знам едно 5-6 души што извадија бугарски пасош..
Пред да извадат на сите им беше оправданието следно: Со бг пасош брат,ќе идам низ европа да работам,тука леб нема..

Извадија сите пасош,од тие 5-6 души отиде само еден,камионџија да вози по дивиот запад..со среќа нека му е ..
Другите "гладни" сите до еден останаа
Двајца дотераа гољф 4 од Бугарија
Еден вв пасат
Уште еден Рено клио 97 година
А последниот мохиканец ,сеуште си ја вози фелицијата купена на старо пред 5-6 години...

И чекаат,еден ден мајка Европа да ги повика овие гладни чеда, да им најде работа од 5-6 000 евра плата..и чекаат уште .. и така среќни ќе си живеат до крајот на нивниот живот
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Знам едно 5-6 души што извадија бугарски пасош..
Пред да извадат на сите им беше оправданието следно: Со бг пасош брат,ќе идам низ европа да работам,тука леб нема..

Извадија сите пасош,од тие 5-6 души отиде само еден,камионџија да вози по дивиот запад..со среќа нека му е ..
Другите "гладни" сите до еден останаа
Двајца дотераа гољф 4 од Бугарија
Еден вв пасат
Уште еден Рено клио 97 година
А последниот мохиканец ,сеуште си ја вози фелицијата купена на старо пред 5-6 години...

И чекаат,еден ден мајка Европа да ги повика овие гладни чеда, да им најде работа од 5-6 000 евра плата..и чекаат уште .. и така си живеат до крајот на нивниот живот
И да не заборавиме, им помагаат на Татарите да не прогласат за един народ.... кај и да е и една држава.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Убаво рече еден форумџија подобро сит бугарин него гладен патриот или така нешто беше .

Нема врска пасошот ако некој е психопат или лопов ,убица или пијаница не зависи каков пасош има може да биде и американец па нема да го бива така.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Како што веќе едно 10 пати се изјаснив, поважен ми е Аце на плоштад, од камати и буџет. Не се притресувам дека е минимална плата 8 000. Зошто на своја кожа знам како е да работиш и студираш. И кога јас таква необразована наоѓав пристојна работа, секој може. И по пат, никој не ми помогна, никогаш. Си праќав мотивациони писма. И дефинитивно заработував повеќе од 8 000. Ама сите сакаат некој друг да им го реши проблемот, или пак, со основно образование 300 евра. ЕПА НЕМА.

Јас ќе бидам Македонка каде и да живеам. Што и да правам. Тоа што живеам во Македонија не ме прави Македонка, туку чувството за национална припадност.

И не мислев на вас југословенски креатори. Мислев на оние, пред вас. Комунизмот и Југославија не ги ставам на тоа рамниште. И тогаш мамата ни ја е*аа. (според мене).

Прв пат не ни ја кројат судбината Бугари и Срби, и прв пат јавно и отворено кажуваме кои сме (Никола Груевски, баш добар говор имаше, искрено се расплакав).

Не очекувам да ме разбереш.
Не ми треба Ај Под, не ми треба одмор на Ибица, не ми треба ништо.
Ми треба оваа Македонија, макар и лажен патриотизам да има во власта/опозицијата, јас не сум лажен патриот и јас имам огромни националистички чувства.

И, по пат, нема да бидам во брак со никој од друга етничка заедница. Атеист веќе знаеме дека мора да биде, но по националност се прифаќа Македонец само и само.
Ти дури рониш солзи на говорите на именуваниот господин, младата раја бега,масовно твои сонародници со кои го делите нацијоналниот идентитет земаат бг пасоши,наталитетот не бил никогаш помал,трговскиот дефицит поголем,бирократијата побројна,задолженоста рекордна,насилниот криминал и самоубиствата секојдневие, а сета стратешка инфраструктура е во рацете на странци.

За тоа ли умреа Гоце,Питу,Карев...партизаните...!?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Ти дури рониш солзи на говорите на именуваниот господин, младата раја бега,масовно твои сонародници со кои го делите нацијоналниот идентитет земаат бг пасоши,наталитетот не бил никогаш помал,трговскиот дефицит поголем,бирократијата побројна,задолженоста рекордна,насилниот криминал и самоубиствата секојдневие, а сета стратешка инфраструктура е во рацете на странци.

За тоа ли умреа Гоце,Питу,Карев...партизаните...!?
Економска криза, која не беше пофина ниту во Австрија, на пример. И да, не читав за Австрија на интернет. Туку од семејство кое живее таму 30 години, знам нив што им се случуваше.
Само на сон дека низ Европа цветаат ружи. Може за некој кој од време на време оди (да де, и јас летово работев за 30 евра на ден, 2 месеци, пола ден слободен ми беше) е супер, но за трајно живеење. Не баш.

Сепак се си е субјективно, некој може да си го откорне коренот и да отиде, некој не. Тој што може, среќен пат.
Јас не можам.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
клошари сме и клошари ке си останиме за жал...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom