Дали ви требаат дополнителни лекции за да поминете на кружен тек?

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
ќути, денес една колешка ми црташе како се оди на кружен...сТрамота. откако сум положил, осим во Албанија, не сум користел воопшто. Правилото е обратно, од лево, така нешто?

А тек трамваи, предност, престигнување...
прво и основно. има едно и единствено правило на пропуштање од ДЕСНА СТРАНА... без разлика дали е кружен тек раскрсница со 2 3 4 5 улици или слично.. тоа е и нема друго правило НО !!.. значи НО! ова правило важи САМО ако нема сообраќајни знаци а ан кружен тек и да нема сообраќаен знак се знае како се вози и кој има предност.
Хаос е со кружниве текови, какви дегени имаат положено, сешто.
со кружниве текови е рај и милина.. кога би имало секаде гружен тек наместо семафор верувај ми нема да има воопшто гужва без разлика дали е ударен термин или не е.
а хаос е со „шоферите“ што положиле со помош на мама и тато или со даден ручек.
Ебави скопјанишчана, еден кружен тек ви напраја, се испосрафте... па дури и видео запис ќе ви снимат. Е јебига, ко ќе вика Џиш дека возачки се делеа на големо со ќебапи изиминативе години, не вервафте вие. Бујрум сеа, да ве видам, гледајте видеа.

п.с. уште една нова црна точка, која ќе мора да ја помините, при полагањето на градска :)
хах абе џиш да си ми жив и здрав ме посмеа со постов :) што е вистина вистина е... еден кружен тек ни ставија у пази уште непуштен во употреба се збунија замисли кога ке го пуштат што ке биде.. да има една лајв камера шо ке праи стриминг на интернет можеш да ја користиш цел ден за да се смееш. али ако.. треба да има кружни текови - никогаш не е касно да се научи ( иако тоа се учи на почеток на полагање )
Не е за смеење работава, иако сум повеќе од сигурен дека нема да испадне на арно знаејќи колку владее културата и толеранцијата по улиците.

Иако е подобра опција да се регулира сообраќајот со кружница, секогаш ќе има возачи кои се "по-брзи и по-бесни" од другите.

АМСМ
култура кај нас возачите е НУЛА не кај сите али на поголемиот процент можда 80% е таква и тоа милом или силом МОРА да се промени дали сега или утре еднаш мора да се пресече а оние кои се „по брзи “ возачи ке се мавнат еднаш два пати три пати па кога ке платат добра сума ке им текне малце да бидат претпазлици
Бесплатна едукација.Гледајте во сликата неколку минути.
Паметно со физичкиве бариери.Ама ние сме земја богата со таленти...
не гледам причина.... зашто се ставени бариериве? навистина не ми е јасно ја ко шо знам не треба да ги има ВНАТРЕ во кругот... ај пообјаснете ми зашто воопшто се ставени? П.С оној кој незнае да вози вака или таа ке гази преку нив.. ГАРАНТИРАМ ЗА ОВА !
Слабо се врти полиција околу кружните текови, а има да се убијат од пишување казни првиот месец-два. Кај континентал имам видено како застануваат на сред кружен тек за сопатникот да се симне од кола, па да извади куфер од багажникот. За тоа време тие од позади пробуваат да се протнат низ она малку простор што останало, па свират нервозно.

За тоа брзањето еднаш една кола престигнуваше ЈСП автобус внатре во кружниот тек, и нормално се слупаја. Мислам со кој памет брзо возење по кружен тек. Јас еднаш на празен кружен тек влегов побрзо па за малку ќе излетав. Среќа на време почнав со кочење.
застанува на сред кружен тек??? па и уште искача за да извади куфери од гепек???:tapp: за овој/оваа лек е само автобус или камион од позади да го мавне и тоа здраво... знаеш правилото како е ако некого мавнеш од позади по автоматизам 99.9% си ти крив! кога би имало одстапка од овој закон за одредени случаеви како што е овој јас радо би ги мавал сите вака што ке застануваат - и не само овие туку и оние што се праат паметни на 3та лента што си паркираат кола па ги нема повеќе од саат време ( додека они пијат кафе у кафич пример )
абе како така, он не е во предност и плус ме удира и јас да бидам крив зашто не сум почекал.. лол
можам да бида крив само и само ако јас го удрам него ако веке е на пола пат а јас удрам во него
се читаш што збориш? ај преиспитај се.. П.С се што треба да правиш е само да го погледнеш знакот.

овој знак го има на секоја улица пред кружниот тек. оној кој е влезен во кругот има предност сите други од споредните улички МОРААТ да чекаат.. претежно стои овој знак во комбинација со СТОП знакот...
--- надополнето: Oct 4, 2011 10:33 PM ---
ти изледа немаш општо разбирање, јас викам за влагање а ти незнам по која формула се префрли за излагање ај доста е за денес
хаха ти си луд дечко.. на џиш му викаш немаш општо разбирање хахаха
инаку еве ти СЛИКОВИТЕ објаснување на твојот одговор.

знакот горе десно? ако ти влезеш и те мавне некој шо мислиш пак си ти во право?
ова ти е слика од кружниот тек во влае / ѓорче незнам која населба точно е..

инаку за сите други кои ве буни кружниот тек. еве ви една слика гледана од птичја перспектива - ваша работа е само да ги погледнете стрелките се друго ке ви стане јасно

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.575
Мене ми требаат и тоа како
 
Член од
14 април 2006
Мислења
116
Поени од реакции
43
Хахаха како во ѓорче кружниот тек што има знаци за немање првенство на минување на колите што завлегуваат во кружниот тек а тие што се веќе завлезени почитуваат правило на десна страна па кој е тука крив :)))
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Не е чудно што незнаат правила на кружен тек кога во Скопје имаше само еден кружен тек и тоа во Дебар Маало ,но на новиот турбо кружен тек колку е добро со знаци објаснето да би немало простор за грешка ама некој веројатно и знаци заборавиле што значат а и првенство на минување.
 
Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
прво и основно. има едно и единствено правило на пропуштање од ДЕСНА СТРАНА... без разлика дали е кружен тек раскрсница со 2 3 4 5 улици или слично.. тоа е и нема друго правило НО !!.. значи НО! ова правило важи САМО ако нема сообраќајни знаци а ан кружен тек и да нема сообраќаен знак се знае како се вози и кој има предност.

со кружниве текови е рај и милина.. кога би имало секаде гружен тек наместо семафор верувај ми нема да има воопшто гужва без разлика дали е ударен термин или не е.
а хаос е со „шоферите“ што положиле со помош на мама и тато или со даден ручек.

хах абе џиш да си ми жив и здрав ме посмеа со постов :) што е вистина вистина е... еден кружен тек ни ставија у пази уште непуштен во употреба се збунија замисли кога ке го пуштат што ке биде.. да има една лајв камера шо ке праи стриминг на интернет можеш да ја користиш цел ден за да се смееш. али ако.. треба да има кружни текови - никогаш не е касно да се научи ( иако тоа се учи на почеток на полагање )

култура кај нас возачите е НУЛА не кај сите али на поголемиот процент можда 80% е таква и тоа милом или силом МОРА да се промени дали сега или утре еднаш мора да се пресече а оние кои се „по брзи “ возачи ке се мавнат еднаш два пати три пати па кога ке платат добра сума ке им текне малце да бидат претпазлици

не гледам причина.... зашто се ставени бариериве? навистина не ми е јасно ја ко шо знам не треба да ги има ВНАТРЕ во кругот... ај пообјаснете ми зашто воопшто се ставени? П.С оној кој незнае да вози вака или таа ке гази преку нив.. ГАРАНТИРАМ ЗА ОВА !

застанува на сред кружен тек??? па и уште искача за да извади куфери од гепек???:tapp: за овој/оваа лек е само автобус или камион од позади да го мавне и тоа здраво... знаеш правилото како е ако некого мавнеш од позади по автоматизам 99.9% си ти крив! кога би имало одстапка од овој закон за одредени случаеви како што е овој јас радо би ги мавал сите вака што ке застануваат - и не само овие туку и оние што се праат паметни на 3та лента што си паркираат кола па ги нема повеќе од саат време ( додека они пијат кафе у кафич пример )

се читаш што збориш? ај преиспитај се.. П.С се што треба да правиш е само да го погледнеш знакот.

овој знак го има на секоја улица пред кружниот тек. оној кој е влезен во кругот има предност сите други од споредните улички МОРААТ да чекаат.. претежно стои овој знак во комбинација со СТОП знакот...
--- надополнето: Oct 4, 2011 10:33 PM ---

хаха ти си луд дечко.. на џиш му викаш немаш општо разбирање хахаха
инаку еве ти СЛИКОВИТЕ објаснување на твојот одговор.

знакот горе десно? ако ти влезеш и те мавне некој шо мислиш пак си ти во право?
ова ти е слика од кружниот тек во влае / ѓорче незнам која населба точно е..

инаку за сите други кои ве буни кружниот тек. еве ви една слика гледана од птичја перспектива - ваша работа е само да ги погледнете стрелките се друго ке ви стане јасно

лол дамн, јас зборак кога сум во предност ако ме удри а вие упорно викате зборите за кога не сум во предност...
добро ајде јас имам предност и идам и он ме удира јас сум крив! добро. ако има од сега некоја сообрракајка јас сум крив! јас сум крив и за економската криза да го ебам!
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689

Off: Бране ти си бе?

Добро де, не се тепај... ти ако си во предност, се знај кој е крив. (Бранко :D)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Само 4 џандари на кружен тек и да видите како одма сите ќе знаат да возат на кружен тек, исто кога има џандари пред пешачки како застануваат и тоа 5 метри од пешачкиот
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Овој кружен тек не да фалеше, ептен фалеше. Често пати со товарен пикап поминував таму и морав полека да влегувам во лентата, со очекување во секој момент некој да ми свирне. Вака се рачисти ептен. Браво за тие што го направија.

Кога сме кај едукацијата за кружните текови, кога полагав и мене ме носеа во дебар маало, оти мораш да знаеш да возиш во кружен тек. Срамота е да имаш дозвола и да не знаеш да влезеш и излезеш од кружен тек. Сепак има „фраери“ кои сакаат да си пресечат и ги мрзи да свртат 50-100 метри и правилно да искружат низ текот, ама таквите често си завршуваат со сообраќајка.

Ако сакаат да ги научат простите граѓани на тоа како се вози во кружен тек, нека земат месец - два или колку и да е потребно, нека ги повикаат кај кружниот тек со свои коли и да видат на дело како го користат истиот. Кој не знае да се вклучи и исклучи од текот, оп дозволата, ај пак на полагање и плус и казна. Така е најдобро, ем ќе ги научи како треба, ем никогаш нема да ја повторат грешката пак.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Правилата за возење по кружен тек се едноставни и веројатно ги знаат повеќето, иако до неодамна кај нас немаше пракса да се користат како решение за растеретување на сообраќај и намалување на сообраќајни незгоди.
Но, ако сте шофери би требало и сами да воочите разлика од кружен тек до новата раскрсница за која муабетите (која само наликува на кружен тек), а која секако мора да се учи и за која постојат правила кои се разликуваат од оние кај кружните токови. Тоа затоа што пред се раскрсницата не е НЕ Е КРУЖЕН ТЕК ... има бариери и неможе непречено без престројување од една во друга лента да се движиш во кругот - кој нормален тука гледа кружен тек?

Едит: Сега видов дека има 3 страници дискусија дека треба да се знае да се води по кружен тек а раскрсницата тоа не е, ќе повторам со повишен тон: НОВАТА РАСКРСНИЦА НЕ Е КРУЖЕН ТЕК, И ЗА НЕА НЕ ВАЖАТ ИСТИ ПРАВИЛА ЗА ВОЗЕЊЕ КАКО КАЈ КРУЖНИТЕ ТЕКОВИ.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
НОВАТА РАСКРСНИЦА НЕ Е КРУЖЕН ТЕК, И ЗА НЕА НЕ ВАЖАТ ИСТИ ПРАВИЛА ЗА ВОЗЕЊЕ КАКО КАЈ КРУЖНИТЕ ТЕКОВИ.
Од кај си толку сигурен за ова?

Патем, кој возел низ Грција знае дека кружните текови се возат обратно од Македонските (исто така се стој на зелено продолжено), тој што е внатре во кружниот чека. Па не ми представуваше никаков проблем тоа...
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72

Раскрсницата кај Католичка не е класичен кружен тек како на некои слики и анимации погоре, посебна категорија е, спаѓа во Teardrop roundabout(turbo roundabout). Разликата е во тоа што во овие раскрсници не може да се извози полн круг и имаат поголема пропусност на возила од класичните кружни текови.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Раскрсницата кај Католичка не е класичен кружен тек како на некои слики и анимации погоре, посебна категорија е, спаѓа во Teardrop roundabout(turbo roundabout). Разликата е во тоа што во овие раскрсници не може да се извози полн круг и имаат поголема пропусност на возила од класичните кружни текови.
Измеѓу ова

и ова

не глеам некоја голема разлика (барем вака на слика, во живо незнам како е)... освен бројот на улици кои се вкрстуваат.

Е сега можно е да неможиш полн круг да направиш само доколку идиш од страната на Веро 2.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
не глеам некоја голема разлика (барем вака на слика, во живо незнам како е)... освен бројот на улици кои се вкрстуваат.

Е сега можно е да неможиш полн круг да направиш само доколку идиш од страната на Веро 2.
Нормално, затоа што и двете се turbo roundabout (фала Младински, тој термин го барав) ... што како што кажав погоре не е кружен ток. Еве накратко што се разликите:
1. traffic circle - кружен тек каков ние познаваме
- од кога ќе влезеш во кругот може бесконечно да одиш во круг без да менуваш лента
- при влегувањето, се користи принцип на влегување како кај семафор со црвено светло и условно зелено за десно ... значи, трепкач и веднаш десно
- при влегувањето, предност има возилото кое е веќе влезено во кругот, но само она возило кое е во надворешната лента
- ако има повеќе ленти, од внатрешна неможе директно да се помине на излез
- ако има повеќе ленти од влез не смее директно да се оди на внатрешна, туку како погоре што напиша: десен трепкач>влез во надворешна ... па потоа лев трепкач>влез во внатрешна
- предност при престројување, нормално има возилото кое е веќе во лентата во која сакаме да преминеме

2. turbo raundabout
- неможеш да вртиш кругови без да менуваш ленти
- при влегувањето предност имаат возилата влезени во кругот, но се практикува, а некаде е и пропишано дека сите возила (во сите ленти ако ги има повеќе) треба да се пропуштат
- ова е поради фактот дека кај овој тип на крстосници може да се влегува од влез директно во внатрешна лента (притоа не се вклучува трепкач)
- кај овој тип на крстосници има и споредни излезни ленти (кај кои тука се поставени ниски гумени граничници нели) а кои се користат за да може оптималните релации да се постигнат без навлегување во кругот ... нормално ако е тоа можно

Ок, ај сега да го ресетираме муабетот од почеток и со сознание дека ова не е кружен тек да почнеме од почеток да учиме како се вози :)
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
turbo.jpg

не гледам причина.... зашто се ставени бариериве? навистина не ми е јасно ја ко шо знам не треба да ги има ВНАТРЕ во кругот... ај пообјаснете ми зашто воопшто се ставени? П.С оној кој незнае да вози вака или таа ке гази преку нив.. ГАРАНТИРАМ ЗА ОВА !

Баш за да не се газат тие ленти.Малку слаби ќе се овие ,требало бетонски со ооглед на нашиов менталитет.За да не сечат лента туку да си одберат правец уште пред самиот влез во тркалото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom