Дали ви требаат дополнителни лекции за да поминете на кружен тек?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Ма ај да беше само за кружниве текови, не знам колку ја користите обиколницава, поговото кај клучката пред Ѓорче што е, колку пати се имам исклучувано од обиколница и ќе видам некој збунет ми иде во моја насока :pos:

Е на обиколницава да не знаеш да качиш (ми го нема смајлито со кандилото)....
 
Бесплатна едукација.Гледајте во сликата неколку минути.
NonUK_Roundabout_8_Cars.gif

konflikt3.jpg

Паметно со физичкиве бариери.Ама ние сме земја богата со таленти...
30j09cg.jpg
 
Мило ми е што ја прошетав цела Македонија со кола, па сфатив дека возењето по кружен тек е просто ко грав и царска работа за регулирање сообраќај.
Гледајте во сликата погоре, се е објаснето. Нема филозофија, тој што е веќе влезен во кругот има предност. Ако планирате да свртите десно или да продолжите право, влегувате во десната лента. Ако планирате да вртите лево, влегувате во левата. Секогаш користите соодветна сигнализација.
 
Влезете во Солун или недајбоже Атина... па да видите што е сообраќај и гужва 10 пати поглема од Скопската. Мада гужвата не е толку битна, во случајот битна е КУЛТУРАТА НА ВОЗЕЊЕ (се знае кој каде вози, кој каде има предност, нема менување летна во лента како ќе ти прдни), која нажалост не само во Скопје, туку во цела Македонија на глобално ниво е премногу ниска.

Преге имаше сообраќајка на кружниот тек во Битола. Според она што го имам видено, тој кружен е еден од најголемите во Македонија (можи и најголем), во него влегуваат 5 двосмерни улици (пред католичка се 3, и една мала шо оди према универзална), и е со две ленти... Југо имаше влезено лево (ваљда да скрати) па се имаше солидно пикнато под камионче на скопската пиварница...
 
абе да лесно е ништо не комплицирано(барем така би требало да биде) ама има некој ке се улета се брза и да си во предност шо ке праиш мора да застанеш, а со семафори барем ако е црвено и да се брза тој ке застане ретко сум видел на црвено да лета, а на кружен пошто скоро секој ден возам има доста поише прекршување на правилата што го прави понепрактично барем у скопје
 
абе да лесно е ништо не комплицирано(барем така би требало да биде) ама има некој ке се улета се брза и да си во предност шо ке праиш мора да застанеш,
Е нема брзање... се знае и на кружен тек се застанува, ако идат коли од лево. Нека те слупаат, па ќе ти дојде умот.
 
Слабо се врти полиција околу кружните текови, а има да се убијат од пишување казни првиот месец-два. Кај континентал имам видено како застануваат на сред кружен тек за сопатникот да се симне од кола, па да извади куфер од багажникот. За тоа време тие од позади пробуваат да се протнат низ она малку простор што останало, па свират нервозно.

За тоа брзањето еднаш една кола престигнуваше ЈСП автобус внатре во кружниот тек, и нормално се слупаја. Мислам со кој памет брзо возење по кружен тек. Јас еднаш на празен кружен тек влегов побрзо па за малку ќе излетав. Среќа на време почнав со кочење.
 
Е нема брзање... се знае и на кружен тек се застанува, ако идат коли од лево. Нека те слупаат, па ќе ти дојде умот.

абе не зборам за мене јас не возам брзо, има некој што не е во предност а улетан е, и јас мора да застанам, зашто ако ме слупаат да ми дојде умот , он ке биде крив него треба да му дојде
 
абе не зборам за мене јас не возам брзо, има некој што не е во предност а улетан е, и јас мора да застанам, зашто ако ме слупаат да ми дојде умот , он ке биде крив него треба да му дојде
Зависи од која страна се наоѓаш... ако некој те собере при влегување во кружен тек, ти си крив, не си почекал. Ако некој собереш при излеување од кружен тек, тој е крив.

Па сега ти видиси. Неможиш на кружен тек да возиш 80, ама неможиш да возиш ниту 20.
 
Треба бе додадтни часови за многу од народов, кај нас кога го направија кружниот имаше сообраќајки секој месец, а гледам дури и по 7 години некои не знаат да се снајдат. Јас кога полагав веќе беше изграден и немав проблеми а немам ни сега.
 
Зависи од која страна се наоѓаш... ако некој те собере при влегување во кружен тек, ти си крив, не си почекал. Ако некој собереш при излеување од кружен тек, тој е крив.

Па сега ти видиси. Неможиш на кружен тек да возиш 80, ама неможиш да возиш ниту 20.

абе како така, он не е во предност и плус ме удира и јас да бидам крив зашто не сум почекал.. лол
можам да бида крив само и само ако јас го удрам него ако веке е на пола пат а јас удрам во него
 
^ Дајте од тоа брошурите на малдичов не му е јасно :)
 
можам да бида крив само и само ако јас го удрам него ако веке е на пола пат а јас удрам во него
Така како... јас ако излегувам од кружен тек и притоа патиштата ни се сечат, ти си должен да стоиш. (види го горе на сликата жолтото количе, како чека да помине плавото па да излезе). Во спротивно, дупка.

Башка правилото што никој не го знае, а го има и во тестовите и во вистински случаеви... кога се вози во внатрешната, кога во надворешната страна на кружен тек со 2 ленти, и како правилно треба да се излезе ако си внатре.

Патем ти имаш возачка? Да не испадни дека се докажуваме со некој што нема седнато зад волан....
 
ти изледа немаш општо разбирање, јас викам за влагање а ти незнам по која формула се префрли за излагање ај доста е за денес
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom